Пукехики

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пукехики (маорски: Pukehiki) е мало место во регионот Отаго, кое му припаѓа на градот Данидн, на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Сместено е на срт кој се протега долж средиштето на полуостровот Отаго, 8 км од центарот на Данидн, на крстопатот помеѓу Highcliff Road (долж сртот на полуостровот), и Castlewood Road, кој се спушта до заливот Компани на брегот на пристаништето Отаго.

Пукехики има еден значаен објект, а тоа е локалната црква, но местото е многу попознато по блискиот Ларнахов Замок, кој се наоѓа 1.2 км северно од Camp Road, кој е помал пат кој се дели од поголемиот Castlewood Road.

Од Пукехики излегува патот Highcliff Road и продолжува на исток, и завршува во крајбрежјето на Портобело.

Координати: 45°53′S 170°38′E / 45.883° S; 170.633° E / -45.883; 170.633