Прејди на содржината

Пукање на плажата Бондај (2025)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пукање на плажата Бондај (2025)
Пешачкиот мост од кој напаѓачите првенствено го извршиле нападот (сликано во 2019 г.)
Местоплажа Бондај, Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија
Координати33°53′29″S 151°16′36″E / 33.89139°S 151.27667°E / -33.89139; 151.27667
Датум14 декември 2025 (2025-12-14)
ок. 18:47[1] (AEDT, UTC+11:00)
Вид нападмасовно пукање, обид за бомбардирање
Употребено оружје
Мртви16 (вклучувајќи еден напаѓач)
Повредени38

На 14 декември 2025 г., се случило терористичко масовно пукање на плажата Бондај во Сиднеј, Австралија, за време на големата прослава на Ханука, која ја организирала еврејскиот центар Хабад на Бондај. Пукањето било пријавено во доцните попладневни часови во близина на улицата Кемпбел парејд, предизвикувајќи широка паника додека луѓето барале засолниште.

Шеснаесет лица биле убиени, вклучувајќи и деца и еден од двајцата напаѓачи, додека наводниот втор напаѓач е приведен. Најмалку 38 лица биле повредени, меѓу кои најмалку двајца полицајци. Полициските сили на Нов Јужен Велс одговориле на случката, а полицијата подоцна пронашла и отстранила сомнителна импровизирана избувлива направа од автомобил што му припаѓала на еден од напаѓачите.

Властите ја прогласиле случката за терористички напад, а бројни светски водачи и медиуми ја опишале како антисемитска. Премиерот Ентони Албаниз изјавил дека станува збор за намерен напад врз еврејскиот народ за време на Ханука. Ова е второто најсмртоносно масовно пукање во Австралија, по крвопролевањето во Порт Артур во 1996 г., и најсмртоносната терористичка случка во Австралија.[2][3][4]

Првичните видеа од случката покажале двајца мажи облечени во црно како пукаат кон толпата, наводно со пумпи (пушки со пумпно дејство) и карабин со рачен затворач опремен со црвен нишан. Итните служби биле првпат повикани на местото на настанот во 18:47 ч. (AEDT) (UTC+11). Полицијата на Нов Јужен Велс објавила соопштение во 18:57 ч., потврдувајќи дека реагирала на случката и ја повикала јавноста да ја избегнува областа.

Би-би-си подоцна потврдил дека е вистинит речиси целосниот видеозапис од 11 минути, снимен од приближно 50 метри оддалеченост, кој започнува кратко по случката и го прикажува првиот полицаец што стапнува на пешачкиот мост, како и третирање на повредените лица од настанот „Ханука на плажа“.

Еден од напаѓачите, додека нишанел и пукал, бил разоружан од случаен минувач, подоцна утврден како сопственик на месна продавница за овошје. Тој го соборил напаѓачот одзади и успеал да му го одземе оружјето, а потоа нишанел назад кон напаѓачот. Напаѓачот се повлекол кон мостот каде што бил сместен другиот вооружен напаѓач. Потоа пристигнал полицаец и отворил оган кон напаѓачите одзади.

Во часовите по нападот, полицијата известила дека импровизирани избувливи направи во автомобил на Кемпбел парејд, главниот пат што се протега паралелно со плажата Бондај, биле отстранети од страна на единицата за бомби на Нов Јужен Велс.

  1. McGarvey, Emily; Moon, Jenna; Yeung, Tinshui (14 декември 2025). „Twelve killed in shooting targeting Jewish community at Australia's Bondi Beach, police say“. BBC News. Посетено на 14 декември 2025.
  2. Pantazi, Andrew (14 декември 2025). „Australia sees deadliest shooting since 1996 at Hanukkah celebration“. Axios (англиски). Посетено на 14 декември 2025.
  3. „11 shot dead in attack on Hanukkah event at Australia's Bondi Beach“. The Washington Post. 14 декември 2025. Посетено на 14 декември 2025.
  4. „What we know so far about the Bondi Beach terror attack“. 7NEWS (англиски). 14 декември 2025. Посетено на 14 декември 2025.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]