Прејди на содржината

Птоломеј IV Филопатор

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Птоломеј IV)
Птоломеј IV Филопатор
старогрчки: Πτολεμαῖος Φιλοπάτωρ
староегипетски: Iwaennetjerwymenkhwy Setepptah Userkare Sekhemankhamun[1]
Coin depicting a curly-haired Ptolemy IV facing right
Монета со ликот на Птоломеј IV во Британскиот музеј
Крал на Птоломејското Кралство
Владеел221 – 204 BC, Птоломејска династија
ПретходникПтоломеј III
НаследникПтоломеј V
СопружнициАрсиноја III, Агатоклеја
ДецаПтоломеј V
ТаткоПтоломеј III
МајкаБереника II
Роденмај или јуни 244 пр. н. е.[2]
Починалјули или август пр. н. е. (на возраст од 40)[2]

Птоломеј IV Филопатор (старогрчки: Πτολεμαῖος Φιλοπάτωρ, romanized: Ptolemaĩos Philopátōr) — четвртиот крал на Птоломејското Кралство во Египет, кој владеел од 221 до 204 година пр. н. е., * непознато, † 205 / 204 година пр. н. е.

Неговото владеење обично се смета за почеток на падот на Птоломејската династија, претходно моќната и успешна египетска држава.

Птоломеј IV Филопатор бил син на кралот Птоломеј III Евергет и Береника II, ќерка на кралот Магос од Киренаика. На почетокот на неговото владеење, неговата мајка била убиена и оттогаш кралот бил под влијание на дворјани од двата пола. Овие дворјани ги охрабрувале пороците на Птоломеј и го насочувале неговото владеење според сопствените интереси. Сепак, Египет лесно одговорил на нападот на селевкидскиот крал Антиох III врз Коеле-Сирија. Птоломеј номинално ја повел својата војска до победа во Битката кај Рафија во 217 година пр. н. е., по што северните граници на неговото кралство биле обезбедени од селевкидските напади.

Птоломејските походи во Сирија завршиле со бунт на домородното население во Горен Египет. На самиот крај од владеењето на Птоломеј, во 205 година пр. н. е., владеел нубискиот фараон Угронафор. Како резултат на тоа, Горен Египет бил посебна држава, надвор од дофатот на Птоломејците, сè до 186 година пр. н. е.

Исто така е познато дека Птоломеј Филопатор бил воведен во разни оргијастични култови и дека бил заинтересиран за книжевност. Изградил храм посветен на Хомер и составил трагедија, за која неговиот омилен штитеник Агатокле од Египет напишал коментари.[3] Околу 220 година пр. н. е., Птоломеј се оженил со својата сестра Арсиноја III, во согласност со обичаите на фараоните. Сепак, тој продолжил да биде под влијание на неговата љубовница Агатоклеја, сестрата на Агатокле.[4]

Каликс од Родос во 3 век пр. н. е. и Атенеј од Навкратис во 2 век пр. н. е. напишале дека Птоломеј Филопатор изградил огромен брод познат како тесаракантор, буквално „четириесет“. Бројот четириесет во случајот на овој брод се однесувал на бројот на редови весла. Подоцна, во 2 век н. е., Плутарх го споменал и овој брод во својата биографија на Деметриј I Полиоркет. Денес, се верува дека овој огромен брод можеби бил катамаран долг 128 метри.[5]

Птоломеј IV е споменат и во апокрифната Трета книга Макавејска, која ги опишува настаните во Ерусалим и Александрија во времето на Битката кај Рафија.

  1. Clayton (2006) p. 208.
  2. 1 2 Bennett, Chris. „Ptolemy IV“. Egyptian Royal Genealogy. Посетено на 29 October 2019.
  3. Hölbl 2001
  4. Hölbl 2001
  5. Lionel Casson (1995). Ships and Seamanship in the Ancient World. Johns Hopkins University Press. стр. 108–109. ISBN 0801851300.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Птоломеј IV Филопатор
Роден(а): 244 пр. н. е. Починал(а): 204 пр. н. е.
Претходник
Птоломеј III Евергет
Фараон на Египет Наследник
Птоломеј V Епифан