Птоломеј III Евергет
| Птоломеј III Евергет | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| грчки: Πτολεμαῖος Εὐεργέτης | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Биста на Птоломеј III Евергет, се наоѓа во Венецискиот национален археолошки музеј. | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Крал на Птоломејското Кралство | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Владеел | 28 јануари 246 – ноември/декември 222 пр. н. е.[1], Птоломејска династија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Претходник | Птоломеј II | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Наследник | Птоломеј IV | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владетелски звања
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Сопружници | Береника II | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Деца | Птоломеј IV Арсиноја III Александар Магас Береника | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Татко | Птоломеј II | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Мајка | Арсиноја I | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Роден | ок. 280 пр. н. е.[1] Еден од неговите тутори бил поетот и полиматот Аполониј од Родос, подоцна управник на Александриската библиотека.[3] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Починал | ноември/декември 222 пр. н. е.(возраст ок. 58)[1] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Закопан | Александрија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

Птоломеј III Евергет, (грчки: Πτολεμαῖος Εὐεργέτης Ptolemaĩos Euergétēs) (околу 280 пр. н. е. – 222 пр. н. е.) — третиот крал од Птоломејската династија во Египет од 246 до 222 г. пр. н. е. Птоломејското Кралство го доживеало својот врв на воен и економски план во текот на неговото владеење.
Евергет бил најстариот син на кралот Птоломеј II и неговата прва сопруга Арсиноја I. На престолот се искачил во 246 година пр. н. е. по смртта на неговиот татко, што предизвикало низа драматични настани во соседното и соперничко Селевкидско Царство. Селевкидскиот владетел Антиох II Теос потоа ја напуштил својата сопруга Береника, сестрата на Евергет, за да се врати кај својата прва сопруга Лаодика I. Кратко потоа, Антиох починал, Лаодика се прогласила за регентка, а нејзиниот син Селевк II Калиник станал крал, додека Береника и нејзиниот син биле убиени. Затоа Птоломеј започнал војна против Селевкидите.[4] Тој бил доста успешен во ова, го освоил поголемиот дел од Сирија, Антиохија и напредувајќи до Вавилон и Суза, а според некои извори дури и до границите на Бактрија и Индија.[4] Сепак, подоцна бил принуден да му ги отстапи поголемиот дел од освоените територии на Селевк, а потоа се посветил на внатрешни реформи во Египет, обидувајќи се да ја зачува благосостојбата и другите достигнувања од владеењата на неговиот дедо и татко.[4][5]
Потоа Птоломеј почнал да вложува големи напори за зближување на културите на своите поданици, односно да ја обедини староегипетската традиција со достигнувањата на грчката цивилизација.[4] Меѓу другото, тој го поттикнал синкретистичкиот култ на грчко-египетскиот бог Серапис и го изградил првиот серапеум во Александрија . Од раздобјето на неговото владеење потекнува обидот за реформа на египетскиот календар, запишан во Канопусовиот едикт, напишан на неколку јазици, кој подоцна послужил за дешифрирање на египетските хиероглифи.
Во 244/243 пр. н. е., Евергет се оженил со поранешната киренајска кралица Береника Киринска, која му родила четири деца: Арсиноја III, Птоломеј IV Филопатор, Магас и Береника.
Него го наследил неговиот син Птоломеј.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Bennett, Chris. „Ptolemy III“. Egyptian Royal Genealogy. Посетено на 13 October 2019.
- 1 2 Ronald J. Leprohon, The Great Name: Ancient Egyptian Royal Titulary, Society of Biblical Literature (2013), p. 190.
- ↑ Hölbl 2001, стр. 63
- 1 2 3 4 Hölbl 2001
- ↑ „Volcanic eruptions linked to social unrest in Ancient Egypt“. EurekAlert. 2017. Архивирано од изворникот на 2017-10-19. Посетено на 2025-06-22.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ptolemy Euergetes I at LacusCurtius — (Chapter VI of E. R Bevan's House of Ptolemy, 1923)
- Ptolemy III — (Royal Egyptian Genealogy)
- Ptolemy III Euergetes entry in historical sourcebook by Mahlon H. Smith
- Bust of Ptolemy III from Herculaneum – now in the Museo Nazionale, Naples.
Птоломеј III Евергет Роден(а): ок. 280 пр. н. е. Починал(а): 222 пр. н. е. | ||
| Претходник Птоломеј II Филаделф |
Фараон на Египет | Наследник Птоломеј IV Филопатор |