Птичји граор
| Птичји граор | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| клад: | Розиди |
| Ред: | Бобовидни |
| Семејство: | Бобови |
| Потсемејство: | Глушини |
| Род: | Глушина |
| Вид: | Птичји граор |
| Научен назив | |
| Vicia cracca L. | |
Vicia cracca (тафтиран граор, кравји граор, птичји граор, син граор, бореален граор) — вид цветно растение кое спаѓа во семејството Бобови. Потекнува од Европа и Азија. Се јавува и на други континенти како воведен вид, вклучувајќи ја и Северна Америка, каде што е чест плевел. Најчесто се јавува во места со нарушени живеалишта, вклучувајќи ги и старите полиња и рововите покрај патиштата.
Опис
[уреди | уреди извор]Птичји граор спаѓа во семејството Fabaceae и е сличен на грашокот по раст, со искачувачки стебла што достигнуваат висини до 150 сантиметри.[1] Испушта разгранети ластари слични на јамката од врвовите на листовите кога ќе дојде во контакт со друго растение, при што безбедно ќе се прицврсти. Ова може да предизвика „давење“ на помалите растенија. Едно растение може да достигне должина (или висина) од 2 метра со бел корен, кој може да се протега до 1 метар. Листовите се 3-8 сантиметри долги, пердувести, со 8-12 пара ливчиња, каде што секое ливче е 5-10 милиметри долго.
Растението брзо расте и цвета обилно, испуштајќи од 10 до 40 еднострани гроздовидни цветови во облик на грашок, кои се извишуваат од лисната пазува, во текот на доцниот пролетен период до крајот на летото. Цветовите најчесто се посетуваат од страна на бумбарите;[2] кога цветовите паѓаат, се појавуваат ситни светло зелени мешунки од семе кои имаат должина од 10-20 милиметри, и тогаш започнуваат да се формираат.[3] Птичји граор е многу сличен на влакнестиот граор (Vicia villosa), но се разликува од него поради своето мазно стебло.

Семенските мешунки се со должина од 2 сантиметри и содржат 6 до 8 семки.[4] Тие наликуваат на семки од мал грашок. Ситните семки се зрели кога мешунките ќе поцрнат. Незрелите семки се отечени и имаат зелена нијанса, но се одолеваат кога ќе созреат. Мешунките се движат од светло-кафеава до темно-кафеава боја со црни точки.
Дистрибуција
[уреди | уреди извор]Vicia cracca води потекло од Европа и Азија, но се дистрибуира и во некој области во Северна Америка.[5]
Одгледување и употреба
[уреди | уреди извор]
Птичји граор е широко користен како фуражна култура за говеда и е корисен за други растенија, бидејќи како и другите мешункасти растенија, ја збогатува почвата во која расте со својата азотофиксација. Птичји граор е исто така многу „ценет“ од страна на пчелите и пеперутките како извор на нектар. Растението може да се користи и за спречување на ерозијата.
Сопствениците на домашни миленици — птици, како што се тигрица, често го користат Птичји граор за исхрана, но покрај тоа можат да се исхрануваат и со лисја.
Неговата употребливост како покривна култура и извор на зелено ѓубриво го поттикна воведувањето и одомаќинувањета на Птичји граор далеку надвор од неговиот автохтон опсег. Во Северна Америка, растението е одомаќинето од јужна Канада до северниот дел на Јужна Каролина; во некои области се смета за инвазивен плевел и неговата продажба може да биде регулирана.
Птичји граор може да биде потенцијално штетен вид во областите каде што не е автохтон. Тој може да ги истисне автохтоните растенија, особено во области со нарушени почви каде што гравот може целосно да доминира, пред другите растенија да имаат шанса. Ова е особено заканувачки за проектите за реставрација на прериите и другите природни живеалишта или рекултивација на земјиштето во Северна Америка.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Parnell, J. and Curtis, T. (2012). Webb's An Irish Flora. Cork University Press. ISBN 978-185918-4783
- ↑ Van Der Kooi, C. J.; Pen, I.; Staal, M.; Stavenga, D. G.; Elzenga, J. T. M. (2015). „Competition for pollinators and intra-communal spectral dissimilarity of flowers“. Plant Biology. 18 (1): 56–62. doi:10.1111/plb.12328. PMID 25754608.
- ↑ Clapham, A.R., Tutin, T.G. and Warburg, E.F. (1968). Excursion Flora of the British Isles. Cambridge University Press. ISBN 0 521 04656 4.
- ↑ Webb, S.A., Parnell, J. and Doogue, D. (1996). An Irish Flora. Dundalgen Press Ltd. Dundalk. ISBN 0-85221-131-7.
- ↑ Burnham, Robyn J. „Vicia cracca“. Climbers. University of Michigan. Посетено на 12 February 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|