Псалмистичко движење
Псалмистичко движењето е термин кој опфаќа период на масовно музичко образование во Британија, чии корени се наоѓале во различните конгрегациски организации за црковно пеење од крајот на 18 век во регионална Шкотска и Северна Англија. Тие до средината на 19 век станале енергична митрополитска културна институција, притоа совпаѓајќи се со радикалните промени во националните образовни политики, последниве од кои се должат главно на методите на учење користени во псалмистичките училишта за пеење. Понекогаш се нарекува и „хорска преродба“.
Имињата кои најчесто се поврзуваат со „движењето“ во Британија се Џон Курвен (1816–1880), Сара Ен Гловер (1785–1867) и Џон Пајк Хула (1812–1884). Сепак, движењето ги имаше своите филозофски корени во Европа, особено во општествениот идеализам на Јохан Хајнрих Песталоци. Според Бернар Рејнбоу „Како резултат на серијата неделни масовни часови по пеење воведени во Ексетер Хол под владина санкција, луѓето од Лондон станале музички посвесни помеѓу 1841 и 1843 година отколку што некогаш биле".[1]
Извори
[уреди | уреди извор]- Каугил, Рејчел и Питер Холман (уредник) 2007, Музика во британските провинции, 1690–1914 Ашгејт
- Курвен, Џон Спенсер студии за богослужбена музика - www.archive.org/stream/studiesinworship
- Рејнбоу 1970, Хорската преродба во англиканската црква (1839–1872) 1970 (Лондон); со посебен осврт на ДЕЛ 1/3 „Лулката на движењето“, стр.43–57.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bernarr Rainbow 1970, The Choral Revival in the Anglican Church 1839-1872, (London), p.43