Проширување на еврозоната

Од Википедија — слободната енциклопедија

Проширувањето на еврозоната претставува тековен процес во рамките на Европската Унија (ЕУ).Сите земји-членки на ЕУ,освен Германија,Обединетото Кралство и де факто Шведска, по исполнувањето на критериумите се обврзани да го усвојат еврото како нивна еднствена валута.Ова вклучува две години членство во Европскиот механизам на девизен курс(ЕРМ II) и одржување на инфлација порамнета со просекот на ЕУ.
Единаесет земји-членки на Европската Унија беа дел од почетната обука во 1999 г.Грција се приклучи во 2001 г. пред монетите и банкнотите да бидат пуштени во употреба,а државните валути да бидат повлечени од употреба.Словенија се приклучи кон еврозоната на 1 јануари 2007 г.,Кипар и Малта на 1 јануари 2008 г.,Словачка се приклучи на 1 јануари 2009 г.,а Естонија на 1 јануари 2011 г.
Од останатите земји коишто се на програмата за влез,најбрзо може да очекуваат да се приклучат во 2014 г.Данска не е обврзана да се приклучи,но се дебатира околу спроведување на референдум во врска со укинувањето на правото да не се учествува во еврозоната.Ако земјата се одлучи да направи така можеби ќе се приклучи побрзо кон еврозоната,затоа што Данска е веќе дел од ЕРМ II.Обединетото Кралство и Шведска не се членки на ЕРМ II.

Критериум за пристапување[уреди | уреди извор]


Под услов една земја официјано да стане членка на еврозоната(притоа самостојно да може да кова свои монети),таа мора првен да биде членка на Евроспката Унија,а потоа да исполни одредени економски критериуми,вклучувајќи го приклучување кон ЕРМ II,при што се одредува девизниот курс на државната валута во однос на еврото на земјата која што пристапува кон еврозоната,во рамките на определен опсег (вообичаено со ±15%).
Европските микродржави коишто имаат потпишано монетарни договори со земјите пристапнички можат да продолжат со исполнувањето на договорите и да коваат одделни монети за пристапување на поголеми земји,но немаат право да глас во врска со економијата на еврозоната.Ова беше искористено за да и́ се дозволи на државата Монако,Сан Мрино и Ватикан да коваат свои монети, а исто така и Андора преговара за сличен договор.
Во 2009 г. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предложи дека на земјите треба да им се дозволи “делумно да го усвојат” еврото,при што ќе им се овозможи да го користат еврото,но нема да имаат претставник во Европската централна банка

Земја Стапка на инфлација Годишен дефицит на владата во однос на БДП Бруто долг на владата во однос на БДП Членство во ЕРМ II Долгорочна каматна стапка
Земји членки на ЕУ
Бугарија 1.7% 2.8% 17.4% 6.9%
Чешка 0.3% 5.7% 39.8% 4.7%
Данска 2.1% -3.9% 41.6% Од 1 јануари 1999 год 3.4%
Унгарија 4.8% 4.1% 78.9% 8.4%
Латвија 0.1% 8.6% 48.5% Од 2 мај 2005 г. 12.7%
Литванија 2.0% 8.4% 38.6% Од 18 јуни 2004 г. 12.1%
Полска 3.9% 7.3% 53.9% 6.1%
Романија 5.0% 8.0% 30.5% 9.4%
Шведска 2.1% 2.1% 42.6% 3.3%
Обединетото Кралство 3.0% 7.1% 68.1% 3.98%
Земји што не се членки на ЕУ
Албанија 3.3% 0.4% 55.9%
Босна и Херцеговина 1.5% o.35% 3.4%
Хрватска 1.8% 2.2% 40.8%
Ирска 1.8% -5.19% 103%
Македонија 3.2% 0.6% 39.5%
Црна Гора 0.7% 38%
Норвешка 2% -17.27% 53%
Србија 10.3% 0.48% 37%
Швајцарија 0.9% -1.0% 41.3% 1.46%
Турција 5.08% -1.3% 38.8%


Проширувањата во текот на минатото[уреди | уреди извор]


Првото проширување,приклучувањето на Грција,беше на 1 јануари 2001 г.пред печатењето на еврото во 2002 год,но после неговото формално создавање во 1999 г.Првото проширување по 2002 г. беше приклучувањето на земјите кое што се случи во 2004 г.Првен Словенија,со заменувањето на словенечкиот толар на 1 јануари 2007 г.,а потоа на 1 јануари 2008 г. се приклучија и Кипар и Малта.На 1 јануари 2009 г.Словачка ја замени својата коруна за еврото и на 1 јануари 2011 г.Естонија на исто така ја замени својата круна со еврото.
Новите земји-членки на ЕУ коишто заеднички се приклучија во петтиот бран проширување (2004-2007) се обврзани да го усвојат еврото според условите во нивните договори за пристапување.Сепак,во септември 2011 г. Бугарија, Чешка, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска и Романија рекоа дека еврозоната во која тие мислеле да се приклучат,еден монетарен сојуз,може да заврши како една многу по различна унија која наметнува по големо фискално,економско и политичко приближување.Според дипломатски извор близок на АФП сите седум земји се согласија со тоа дека промена во правниот статус на еврозоната може да ги промени условите во нивните договори за пристапување,при што тие може да бидат принудени да подготват нов референдум за прифаќањето на еврото.

Членки на Европскиот механизам на девизен курс (ЕРМ II)[уреди | уреди извор]


Освен Данска и Обединетото Кралство коишто имаат право да не бидат членки на еврозоната според Мастришкиот Договор,сите други земји-членки на ЕУ се правно обврзани да се приклучат кон еврозоната.Следниве земји се имаат приклучено кон ЕРМ II и треба да поминат две години за да можат да го усвојат еврото.

Процес на усвојување на еврото од земјите-членки

Валута Код Централен курс Службен датум Очекуван датум за влез
Британска фунта - Право да не биде членка на еврозоната Право да не биде членка на еврозоната
Гибралтарска фунта GIP - Право да не биде членка на еврозоната Право да не биде членка на еврозоната
Бугарски лев BGN 1.95583 - 2015
Чешка коруна CZK - - 2017
Данска круна DKK 7.46038 Право да не биде членка на еврозоната Право да не биде членка на еврозоната
Унгарски форин HUF - - 2014
Латвиски лац LVL 0.702804 1 јануари 2014 2014
Литвански литас LTL 3.45280 2014
Полска злота PLN - - 2015
Романска леа RON 2015 - 2015
Шведска крона SEK - - -


Данска[уреди | уреди извор]


Данска ја имаше врзано нејзината круна со еврото (1 евро = DKK 7.46038 ± 2.25%),а круната останува во ЕРМ.Во декември 1992 г.Данска преговараше околу некои клаузули за правото да не биде членка на еврозоната од Мастришкиот договор наспроти Договорот од Единбург,вклучувајчи го и тоа да не се прифати еврото како валута.Ова беше направено според Маструшкиот договор што не го прифатија граѓаните на Данска на референдум на почетокот од годината.Како резултат на промените,Договорот конечно беше ратификуван на референдумот којшто следуваше во 1993 г.На 28 септември 2000 г.беше одржан уште еден референдум во Данска во врска со еврото.53% од граѓаните гласаа да не се приклучат кон еврозоната.
На 22 ноември 2007 г.новата реизбрана влада на Данска објави дека почнувајќи од 2011 г. има намера да одржи нов референдум за укинувањето на четирите клаузули во врска со правото да не биде членка на еврозоната,вклучувајќи ја и онаа за еврото.Секоја година се правеа по неколку анкети.Во 2008 и 2009 г. тие не покажуваа дека граѓаните на Данска постојано го поддржуваат ставот за прифаќање на еврото.
Економската криза предизвика дебата и во Фарските острови,автономната данска колонија која што не е членка на ЕУ,во врска со тоа дали островите треба да ја усвојат валутата заедно со другите земји што не го користат еврото,затоа што претходно тие ќе ја задржеа својата валута доколку Данска го усвоеше еврото.

Латвија[уреди | уреди извор]


Латвија е член на Европската Унија од 1 мај 2004 г. а исто така и на Економскиот и монетарен сојуз на Европската Унија.Нејзината валута,латвискиот лац,е членка на ЕРМ II,и варира за помалку од 1% од цетралниот курс, Ls 0.702804 = €1.Латвија во почетокот планираше да го усвои еврото на 1 јануари 2008 г. но тоа беше одложено неколкупати.Откако беше избран во 2011 г.Претседателот на Латвија Андрис Берзинш има за цел неговата држава да се приклучи кон еврозоната во 2014 г.”Лично јас сум оптимист и верувам дека ќе го усвоиме еврото на 1 јануари 2014 г.Тоа е нашата цел и ние напорно работиме да го спроведиме овој процес.”,вели тој.

Литванија[уреди | уреди извор]


Литванскиот литас е дел од ЕРМ II и во пракса е врзан за еврото со курс од 3.45280 лити = 1 евро.Литванија на почетокот го постави 1 јануари 2007 г. како датум на која ќе почне да го користи еврото,но нејзиното барање беше одбиено од Европската комисија затоа што инфлацијата беше малку повисока (0.1%) од дозволениот максимум.Во декември 2006 г. Владата одобри нов план за конвергенција.Додека Владата тврди дека сака да се приклучи кон еврозоната “колку што е можно подргу” таа рече дека очекуваниот раст на инфлацијата во 2007 и 2008 г. ќе биде најповолниот период за приклучување кон еврото,а тоа би било 2010 г. или подоцна.Во декември 2007 г.Премиерот Гедиминас Киркилас рече дека Литванија ќе биде спремна да се приклучи во 2010 или 2011 г.,но зголемувањето на инфлацијата во 2008 г. ги натера банкарските аналитичари да го променат својот став за очекуваниот датум за приклучување и тоа да биде најрано до 2013 г.За време на Европската суверена криза во 2010 г.,очекуваниот датум се помести дури за 2014 г.
Литванија се заинтересира за предлогот од ММФ дека земји којшто не се во можност да ги исполнат критериумите од Мастришкиот договор се способни делумно да го усвојат еврото,да ја употребуваат валутата но да немаат право на претставник во Европската централна банка.

Земји што се обврзани да се приклучат[уреди | уреди извор]


Слениве земји-членки треба првен да се приклучат кон ЕРМ II а потоа да го усвојат еврото:

Бугарија[уреди | уреди извор]


Левот не е дел од ЕРМ II но е врзан со еврото од неговиот постоење (1 евро=1.95583).Претходно беше врзан на исто ниво со германската марка.Оттука, Бугарија веќе ги исполни најголемиот дел од критериумите на Европскиот економски и монетарен сојуз (ЕМУ) за членство и од 2009 г. мора да ги почитува критериумите од Мастричкиот договор за да се приклучи кон еврозоната во 2012 г.,можниот рок кој го постави францускиот министер Пламен Орешарски.
Додека одборот задолжен за валутите којшто ја врзува Бугарија со еврото се смета како корисен за државата,навремено исполнувајќи ги критериумите на ММФ,ЕЦБ ја притиска Бугарија да се откаже од Одборот затоа што не знае како да и дозволи на една земја која што користи одбор задолжен за валути да се приклучи кон еврото.Премиерот изрази желба да го задржат одборот задолжен за валутите до усвојувањето на еврото.Сепак,факторот висока инфлација,нереален девизен курс со еврото и ниската продуктивност на земјата се негативно погодени од системот.
Бугарија исполнуви три,а не успеа да исполни еден од критериумите кои се услов за влез во еврозоната.Таа е потценета во врска со критериумот за стабилноста на цената,којшто предвидува дека инфлацијата не ја надминува онаа на трите земји-членки на ЕУ со најниска инфлација (Малта,Холандија и Данска) со повеќе од 1.5%.Инфлацијата во Бугарија за време на дванаесетте месеци до март 2008 г. достигна 9.4%,и тоа над референтната вредност од 3.2%,како што се вели во извештајот.
Од друга страна,Бугарија ги исполнува критериумите за државниот буџет,при што се предвидува дека дефицитот не треба да надминува повеќе од 3% од бруто-домашниот производ на државата(БДП).Во изминатите неколку години,како што се вели во извештајот,земјата постојано ги подобрувала своите буџетски основи од 2003 г.,и затоа имаше буџетски суфицит и во 2007 г. беше на 3.4% од БДП.ЕК предвидува дека ќе се задржи на 3.2% од БДП и во 2008 и во 2009 г.
Во поглед на државниот долг,Бугарија,исто така, е во рамките на пропишаното правило до 60% од БДП.Владините долгови,исто така,постојано се намалуваа,од 50% од БДП на 18% во 2007 г.Очекувањата се дека ќе достигне 11% од БДП во 2009 г.
Бугарија се очекуваше да пристапи кон ЕРМ II во ноември 2009 г.,но оваа дата беше поместена.На 22 декември 2009 г.бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков рече дека државата ќе поднесе барање за членство во ЕРМ II во март 2010 г.,но поради висок дефицит Бугарија нема да стане членка на механизмот ЕРМ II во 2010 г.
Неодамнешна анализа вели дека Бугарија нема да може да се приклучи во еврозоната порано од 2015 г. поради високата инфлација и последиците од светската финансиска криза во 2008 г.

Чешка[уреди | уреди извор]


Чешка е обврзана со Договорот за пристапување од 2003 г. да се приклучи кон еврото,но ова нема да се случи наскоро.Коруната не е дел од ЕРМ II.Откако Чешка стана членка на ЕУ во 2004 г.таа ја усвои фискалната и монетарната политика која што има за цел да ги усогласи макроекономските услови со останатите земји од Европската Унија.Сега,најголемиот проблем е високиот фискален дефицит на Чешка. На почетокот Чешка имаше цел да влезе во ЕРМ II во 2008 или 2009 г.,но сегашната влада официјано се откажа од датумот што претставуваше нивна цел во 2010 год,и рече дека е јасно дека таа нема до тогаш да ги исполни економските критериуми.
И покрај тоа што земјата е економски подобро позиционирана од други земји-членки на ЕУ коишто треба да се приклучат кон еврото,не се очекува земјата да се приклучи пред 2015 г. поради политичката неподготвеност на ова поле.Едвард Јанота,Министерот за финансии на привремената влада на 1 јануари 2010 г. во Брисел,рече дека не е реално за Чешка да го усвои еврото во 2012 г.без длабока реформа во јавните финансии.Гувернерот на Централна Банка Зденек Тума дури и шпекулираше за во 2019 г.Должничката криза во еврозоната го намали интересот во Чешка за приклучување кон неа.
Кон крајот на 2010 г.Владата на Чешка почна да дискутира околу преговорите за правото да не биде член во еврозоната. Оваа дискусија беше делумно покрената од евро-скептикот и претседател на Чешка,Вацлав Клаус.Чешкиот премиер Петр Нечас подоцна изјави дека нема потреба од користење на правото да не се учествува затоа што Репулика Чешка не може да биде принудена да се приклучи кон механизмот ЕРМ II и затоа сама ќе си одлучи кога и дали ќе исполни еден од обврзувачките критериуми за пристап во еврозоната.Ова е еден пристат многу сличен на оној на Шведска.Нечас,исто така изјави дека неговиот кабинет нема да одлучи во врска со приклучувањето за време на неговиот мандат којшто треба да заврши во 2014 г. и тогаш Чешка нема да стане членка на еврозоната порано од 2017 г.

Унгарија[уреди | уреди извор]


Унгарија на почетокот се надеваше дека ќе го усвои еврото до 1 јануари 2010 г. Поголемиот број финансиски истражувања,како што се оние на “Стандард енд Пурс” и “Фич Рејтингс”,укажуваат на тоа дека Унгарија нема да може да ја усвои заедничката европска валута како што е планирано,поради високиот дефицит на земјата којшто во 2006 г. достигна 10% од БДП.Дефицитот падна под 5% од БДП во 2007 г.и се очекуваше да биде 3.8% на крајот на 2008 г.
Според Ројтерс,Гувернерот на Централна банка Андрас Симор очекуваше да се состане со Владата во првата половина на 2009 г. и “да се разговара околу усвојувањето.”Во 2009 г.Унгарскиот министер за финансии рече дека Унгарија може да започне преговори за приклучување кон ЕРМ II кон крајот на 2009 г.,и да стане членка на еврозоната најрано во 2013 или 2014 г.

Полска[уреди | уреди извор]


Полска е обврзана со Договорот од Лисабон да се приклучи кон еврото,но моментално се навестува дека ова нема да се случи во наредните неколку години затоа што мора да се исполнат економските критериуми.Злотата не е дел од ЕРМ II,како услов за членство во еврозоната.
На 10 јули 2009 г. министерот за финансии Доминик Раџивил рече дека Полска може да влезе во еврозоната во 2014 г.,ако ги исполни фискалните критериуми во 2012 г.Во 2010 г.должничката криза во еврозоната доведе до намалување на интересот во Полска и речиси половина од населението беше против влез во еврозоната.Сепак,во декември 2011 г. полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски рече дека Полска може да се приклучи кон еврото пред 2016 г. доколку “дотогаш еврозоната се реформира и влезот во неа ќе ни биде од корист.”

Романија[уреди | уреди извор]


Откако Романија ќе ги исполни критериумите за конвергенција Романија треба да ја замени својата сегашна национална валута,романската леа со еврото.Романија треба да го усвои еврото во 2015 г.Според Владата на Романија таа нема да може да стане членка на Европскиот механизам на девизен курс пред 2013 или 2014 г.

Шведска[уреди | уреди извор]


Според Договорот за пристапување во 1994 г.одобрен преку референдум(52% за склучување на Договорот), Шведска треба да го усвои еврото ако ги исполне до одредена мера критериумите за конвергенција.Сепак,на 14 септември 2003 г.56% од граѓаните на Шведска гласаа против усвојувањето на еврото на вториот одржан референдум.Владата на Шведска тврди дека е легално една земја да не го користи еврото и бидејќи еден од условите за членство во еврозоната е земјата да приде претходно две години членка на ЕРМ II, со тоа што таа едноставно ќе одбере да остане надвор од овој механизам на девизен курс ќе пронајде дупка во правилото и ќе го избегне условот да го усвои еврото.Повеќето од големите партии во Шведска продолжуваат да веруваат дека приклучувањето ќе биде од државен интерес,но засега сите ветија дека ќе ги почитуваат резултатите од референдумот и не покажуваат интерес да го покренат прашањето.
Пред парламентарните избори во септември 2006 г.сите поголеми партии се сложија да не го разгледуваат прашањето пред да се одржат наредните парламентарни избори (во септември 2010 год).Партиите изгледа се согласија дека Шведска нема да го усвои еврото сè до одржувањето на вториот референдум.Во декември 2007 г.Премиерот Фредерик Рајнфелт изјави дека нема да има референдум ако има стабилна поддршка во спроведените анкети.Општо земено,анкетите покажаа силна поддршка за решението да не се приклучува земјата кон еврозоната,освен некои анкети во 2009 г. коишто покажаа поддршка за влез во еврозоната.Повторно во 2010 г. анкетите покажаа силна поддршка за да не се приклучи земјата кон еврозоната.

Земји коишто не се обврзани да се приклучат[уреди | уреди извор]


Данска[уреди | уреди извор]


Данска не е обврзана да се приклучи кон еврозоната но таа е член на ЕРМ II.

Обединетото кралство[уреди | уреди извор]


Британската валута е фунтата и земјата има право да не биде членка на еврозоната. Владината коалиција составена од Конзервативната и Либерал-демократската партија избрана во 2010 г. вети дека нема да го усвои еврото за време на нејзиниот мандатот затоа што тој истекува во 2015 г.
Обединетото Кралство го редизајнира поголемиот дел од својот монетарен систем во 2008 г.Германскиот весник “Шпигел”на ова гледаше како навестување дека земјата нема намера да го усвои еврото во догледна иднина.Во декември 2008 г.Претседателот на Европската комисија Жозе Баросо даде изјава за француско радио дека некои британски политичари размислуваат за овој потег поради ефектите на светската кредитна криза.Канцеларијата на премиерот Гордон Браун негираше дека има каква било промена во официјалната политика.Во февруари 2009 г.комесарот за економски и финансиски прашања во ЕК Јоаким Алмуња рече дека постојат големи шанси бротанската фунта да се замени со еврото.
Суверените воени бази Акротири и Декелија на 1 јануари 2008 г.го претставија еврото во исто време со Кипар.Тие претходно користеа кипарска фунта.Тие немаат посеби монети на евро.

Надвор од ЕУ[уреди | уреди извор]


Андора[уреди | уреди извор]


Андора во моментов де факто го употребува еврото.Во 2011 г. Андора и ЕУ потпишаа монетарен договор.Договорот треба да се ратификува и да се исполнат дополнителни услови поврзани со перењето пари,финансирањето на терористи и други финансиски проблеми.Официјално од 1 јули 2013 г. Андора ќе биде членка на еврозоната и ќе си кова свои монети.

Хрватска[уреди | уреди извор]


Има предлог Хрватска да стане членка на ЕУ во средината на 2013 г.Тогаш Хрватска можеби ќе биде обврзана да го усвои еврото.Во 2006 г.Хрватска ги исполни критериумите за конвергенција(инфлација 2.6%,баланс на буџетот -3.0%,јавен долг 56.2%),сепак Хрватска треба да биде две години членка на ЕРМ II пред пристапувањето.

Исланд =[уреди | уреди извор]


Поради нестабилноста на исландската крона во Исланд имаше дебата дали да се прифати еврото.Сепак,според Хурген Старк,член на извршниот одбор на Европската Централна Банка Исланд нема да може да ја усвои валутата евро пред да стане првен членка на ЕУ.Затоа Исланд поднесе барање за членство во ЕУ.
Исланд има проблем со критериумите за конвергенција уште од 2008 г.Таа имаше инфлација од 10 до 15% во 2008 и 2009 г.,буџетски дефицит 24 милијарди исландски коруни т.е 6,9%од БДП и владин долг од 1400 милијарди ислански коруни т.е 400% од БДП.Има надеж за подобрување,инфлацијата во 2010 г. ќе биде многу по ниска,но долгот ќе остане проблем.

Нова Каледонија,Француска Полинезија и Валис и Футуна[уреди | уреди извор]


Француските прекуморски територии Француската Полинесија и Валис и Футуна се изјасниа дека сакаат да се приклучат кон еврозоната,заменувајќи го франкот со еврото.Сепак,Нова Каледонија не доесе одлука,бидејќи во 2014 г. подоцна ќе одржи референдум за независност,и има различни мислења за тоа дали да се усвои еврото или не во иднина.Владата на Франција побара од трите територии да донесат одлука за приклучување кон еврозоната.По ваквата одлука,владата ќе испрати барање за членство до Европскиот совет во нивно име,и заменувањето на нивната валута со еврото ќе може да се случи по неколку години.

Краток преглед на процесот на усвојување на еврото[уреди | уреди извор]


Новите земји-членки коишто се приклучија кон ЕУ во 2004 г. и подоцна ќе го усвојат еврото веднаш по исполнувањето на критериумите.За нив,единставената валута беше “дел од пакетот” за да се стане член на ЕУ.За разлика од Обединетото Кралство и Данска правото да не се биде член на еврозоната не е дозволено.
Останатите земји очекуваат да влезат фо третата фаза од ЕМУ и да го усвојат еврото на различни датуми:Бугарија и Латвија во 2012 г.,Литванија во почетокот на 2013 г.,Полска во 2014 или 2015 г. и Романија во 2015 г. Чешка требаше да се приклучи на 1 јануари 2010 г. но веќе тоа не може да се случи поради економските услови.Нема поставено нов датум може и да нема до 2015 г.Исто така и Унгарија не успеа да се приклучи на предвидениот датум во 2010 г. и нема поставено нов.
На 16 мај 2006 г.Европската комисија и предложи на Словенија да стане нов член на еврозоната.Ова беше на 1 јануари 2007 г.Во мај 2007 г. Европската Комисија истото и го предложи и на Кипар и Малта,и на 1 јануари 2008 г. тие се приклучија кон еврозоната.На 7 мај 2008 г.Европската Комисија и го предложи истото и на Словачка,и таа се приклучи кон еврозоната на 1 јануари 2009 г.
Да се покаже способноста за движење кон еден целоен економски и монетарен сојуз е еден од предусловите за “стабилно членство.”ЕЦБ и Европската комисија секои две години даваат извештаи во коишто ги анализираат економските и останатите услови на земјите коишто не се членки на еврозоната и на ЕУ,известувајќи за нивната подготвеност да се приклучат кон еврозоната.Во октомври 2004 г.за првпат беше објавено дека ќе се вклучат 10 нови членки.

Држава Поставен датум за приклушување Влез во ЕРМ Институции за координација План за преминување на државната валута во евро Потребни валути Стратегија на комуницирање
Бугарија 1 јануари 2005год Втора половина на 2011 г. Се́ уште не е одобрен
Полска Нема поставен датум.
Литванија По 2014 г. 28 јуни 2004 г. Комисија за координација на процесот на усвојување на еврото во Литванија,создадена на 30 мај 2005 г. На 27 септември 2005 г. е одобрена првата верзија од владата. 118,3 милиони банкноти и 290 милиони монети Поддржано од владата на 27 септември 2005 г.
Романија 1 јануари 2015год Се очекува во 2013 или 2014 г. Работна група “МоФ-НБП”.
Латвија По 2014 г. 2 мај 2005 г. На 18 јули 2005 г.е основан Управен комитет за подготовка и координација на применувањето во еврото. Одобрен е на 6 јули 2005 г. 87 милиони банкноти и 290 милиони монети.
Чешка Нема поставено датум. По 2015 г. Одобрен е на 11 април 2007 г. 230 милиони банкноти и 950 милиони монети.
Унгарија Нема поставено датум. Се очекува во 2011 г. Во тек се подготовки во Министерството за финансии и во Централната Банка на Унгарија.
Данска Можност за спроведување референдум во иднина. 1 јануари 1999 г.
Шведска Не е предмет на разгледување. Не е предмет на разгледување.
Обединетото Кралство Не е предмет на разгледување. Не е предмет на разгледување.