Проширување на НАТО

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Проширување на Организацијата на Северноатланскиот договор (НАТО) е процес на приклучување на нови земји-членки кон НАТО. НАТО претставува воена алијанса на земји од Европа и Северна Америка која вклучува систем на колективна одбрана во нејзината организација. Процесот на приклучување кон алијансата го одредува Членот 10 од Севернатланскиот договор и договорите што следувале. Доколку една земја сака да се приклучи, треба да задоволи одредени барања и да исполни долготраен процес што се состои од политички дијалог и воена интеграција. "Северноатланскиот совет" како најважно тело на НАТО го надгледува процесот на пристапување.
По создавањето на Алијансата во 1949 г. НАТО се прошири со вклучувањето на Грција и Турција во 1952 г. и Западна Германија во 1995 г., а подоцна и Шпанија во 1982 г. По завршувањето на Студената војна и обединување на Германија во 1999 г., во НАТО се дискутираше дали да се продолжи со проширувањето кон исток. Во 1999 г. се вклучија Полска и Унгарија по долготрајните дескусии во организацијата со руската опозиција. Пристапувањето на седумте држави од северна и источна Европа претставуваше уште едно ново проширување. Тоа беа државите: Естонија,Летонија,Литванија,Словенија,Словачка,Бугарија и Романија. За време на самитот во Прага во 2002 г.,овие земји беа први поканети да започнат преговори за членство а на 29 март 2004 г. станаа членки на НАТО непосредно пред самитот во Истамбул во 2004 г. Албанија и Хрватска неодамна станаа членки на НАТО, и тоа на 1 април 2009 г. непосредно пред самитот Стразбур-Кил во 2009 г.
Идното проширување претставува тема на дебата во многу земји. Процесот на пристапување на Кипар и Македонија е одолговлечен од страна на,(за секоја земја посебно),Турција и Грција се додека не се пронајде решение за споровите помеѓу нив. Други земји коишто имаат цел ако може да се приклучат се Босна и Херцеговина и Грузија. Причина за зголемената тензија помеѓу замјите од НАТО и Русија беше интеграцијата на земјите од поранешниот Варшавски договор. Михаил Горбачов наводно се согласил за обединување на Германија во рамките на НАТО по ветувањето дека НАТО нема да се прошири “ни сантиметар повеќе кон исток.”

Проширувањата во текот на минатото[уреди | уреди извор]


Од создавањето во 1949 г., НАТО осум пати додаде нови членки и сега го сочинуваат 30 земји-членки. Дванаесет земји беа дел од основањето на НАТО: Белгија, Канада, Данска, Франција, Исланд, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Обединетото Кралство и САД. Во 1990 г., со обединувањето на Германија, НАТО ги приклучи поранешните земји на Источна Германија. Помеѓу 1994 и 1997 г. беа поставени поотворени форуми за регионална соработка помеѓу НАТО и соседите, вклучувајќи го Партнерството за мир, иницијативата за Медитеранскиот дијалог и Евроатланскиот совет за партнерство. Во 1997год. НАТО ги покани трите поранешни комунистички земји Унгарија, Чешка и Полска да се приклучат. По ова четврто проширување во 1999 г., во мај 2000 г., групата Вилнус на Балтикот и седум земји од исочна Европа воспоставија односи за соработка и лобирање во понатамошното членство во НАТО. Седум од овие земји станаа членки во петтото проширување во 2004 г. Албанија и Хрватска станаа членки во шестото проширување во 2009 г. Црна Гора се приклучи на алијансата во седмото проширување во 2017 г. Република Македонија стана полноправна членка во осмото проширување во март 2020 г.

Дата Земја Проширување
18 февруари 1952 година Грција Прво
Турција
9 мај 1995 година Западна Германија Второ
30 мај 1982 година Шпанија Трето
12 март 1999 година Чешка Четврто
Унгарија
Полска
29 март 2004 Бугарија Петто
Естонија
Летонија
Литванија
Романија
Словачка
Словенија
1 април 2009 година Албанија Шесто
Хрватска


| 5 јуни 2017 година|| Црна Гора || Седмо

| 27 март 2020 година|| Република Македонија || Осмо

Критериум за пристапување и процесот на пристапување[уреди | уреди извор]


Член 10[уреди | уреди извор]


Член 10 од Северноатланскиот договор опишува како една земја што не е членка може да се приклучи кон НАТО:
“Странките преку едногласен договор можат да поканат која било европска земја која притоа ќе ги унапреди принципите на овој договор и ќе придонесе за безбедноста на Северноатланската област при пристапувањто кон Договорот. Секоја поканета членка може да стане дел од Договорот со доставување на нејзиниот инструмент за пристапување кај Владата на САД. Владата на САД ќе ја информира секоја странка посебно во врска со доставувањето на секој таков инструмент за пристапување.”

Овој член содржи две главни ограничувања за земји коишто не се членки на НАТО. Европските замји имаат право на членство и на овие земји им е потребно одобрување од сите постоечки земји-членки. Вториот критериум значи дека секоја земја-членка може да постави одредени критериуми што треба да се почитуваат. Во пракса, во најголемиот број случаи НАТО создава вообичаени критериуми. Но на пример,Грција ја попречува ФИРОМ во процесот на пристапување кон НАТО поради несогласувањето во врска со користењето на името Македонија. Во случајот со Република Кипар, Турција ќе го блокира нејзиното членство во НАТО се додека не се реши спорот меѓу нив. Од истата причина и Грција е против влегувањето на Турција во Европската Унија.

Акционен план за поединечно партнерство[уреди | уреди извор]


НАТО ја започна програмата за Акциониот план за поединечното партнерство на самитото во Прага во 2002 г.,како механизам за да ги прилагоди односите со некои земји што може да бидат потенцијални земји-членки. Програмата ја користат и земји што немаат намера да станат членки на НАТО, но за тоа се потребни дополнителните дипломатски ресурси. Досега плановите се спроведени само во земји што се членки на организацијата на НАТО,Партнерство за мир.Почнувајќи од 2009 година,Акциониите плаови за поединечното партнерство се спроведуваат во осум земји:Грузија,Азербејџан,Ерменија,Босна и Херцеговина, Казахстан, Молдавија, Црна Гора и Србија. Ерменија,Азербејџан, Србија и Казахстан изјавија дека не сакаат да влезат во НАТО. Од друга страна, Грузија, Црна Гора и Босна и Херцеговина активно работат за да станат членки на НАТО во иднина.

Интензивиран дијалог[уреди | уреди извор]


Интензивираниот дијалог претставува дополнителна фаза што треба да ја помине една земја пред да биде поканета за влез во Акциониот план за членство во алијансата, при што таа може да добие пофални зборови во врска со Акциониот план за поединечно партнерство. Почнувајќи од 2010 г.,Грузија и Украина работат на Интензивираниот дијалог со НАТО. Пролетта,2008 г. и на двете земји им беше ветено дека во подоцнежната фаза ќе добијат Акционен план за членство, но во 2010 г. Украина изјави дека не сака повеќе да стане членка на НАТО. Црна Гора и Босна и Херцеговина учествуваат во Интензивираниот дијалог, но исто така подоцна добија и Акционен план за членство. На 3 април 2008 г.,и на Србија и́ понудија програма за Интензивиран дијалог, но таа не даде одговор дека ја прифаќа понудата.

Земји што немаат цел да станат членки на НАТО

Земја Партерство за мир Акционен план за поединечно партнерство Интензивиран дијалог
Украјна февруари,1994 ноември,2002 април,2005
Азербејџан мај,1994 мај,2005
Ерменија октомври,1994 декември,2005
Казахстан мај,1994 јануари,2006
Молдавија мај,1994 мај,2006
Белорусија 11 јануари 1995
Србија декември,2006
Акционен план за членство[уреди | уреди извор]


Механизмот на Акциониот план за членство ја претставува фазата во постапката во која што се разгледуваат формалните барања за членство на државите коишто сакаат да станат членки,од страна на постоечките членки на НАТО. Механизмот беше одобрен на смитот во Вашингтон во 1999 г. Учеството на една држава во Акциониот план за членство налага годишно претставување на извештаите во врска со напредокот на пет различни нивоа.

  • Подготвеност за решавање на меѓународни, етнички или надворешни територијални спорови на мирен начин, посветеност кон владеењето на правото и човековите прва и демократска контрола на вооружените сили.
  • Способност за придонесување во организацииската одбрана и мисии.
  • Обезбедување на доволен број ресурси за вооружените сили да можат да ги исполнат обврските за членство.
  • Чување на тајни информации и обезбедување на нивна заштита.
  • Усогласување на националното законодавство со соработката со НАТО.

НАТО дава повратна информација и стручен совет на секоја земја и поединечно го оценува напредокот.Кога една земја ќе се согласи да ги исполнува барањата,тогаш НАТО може да и́ даде покана за почеток на преговори. Почнувајќи од април 2010 г., една земја има Акционен план за членство:

  • Босна и Херцеговина


Грузија се заинтересира за добивање на Акционен план за членство.Украина се заинтересира за добивање на Акционен план за членство пред месец јуни,2010 г.,кога објави дека ја менува политиката која не бара членство во НАТО.Помеѓу месец мај 2002 г. и април 2009 г. Албанија и Хрватска како поранешни учесници во Акциониот план за членство станаа членки на НАТО.Завршниот процес за пристапување,вклучува пет чекори коишто водат до потпишување на протоколот за пристапување и прифаќањето и ратификацијата на овие протоколи од Владите на постоечките членки на НАТО.

Идно проширување[уреди | уреди извор]


Во моментов Босна и Херцеговина е единствена земја со Акционен план за членство.Во 2008 година Грција ја попречи поканата за членство на нејзиниот северен сосед,се́ до решавањето на спорот со името на Македонија. Македонија беше дел од групата Вилнус изаедно со Хрватска и Албанија во 2003 г. ја основаа Јадранската Повелба за подобро координиран пристап до НАТО.
Постојат мали шанси НАТО да покани земји како што се Австрија, Финска, Ирска, Шведска и Швајцарија, каде што политиката на неутралност е заштитена со општоприфатеното законодавство и популарноста да не се биде здружен со никого има големо влијаније.

Земји со актуелната политика за членство во НАТО

Земја Партнерство за мир Поединечен акционен план за партнерство Интензивиран дијалог Акционен план за членство Босна и Херцеговина декември,2006 јануари,2008 април,2008 април,2010
Грузија март,1994 октомври,2004 септември,2006


Босна и Херцеговина[уреди | уреди извор]


Во 1995 г.бомбардирањето на НАТО врз Босна и Херцеговина ја притисна армијата на босанските Срби и со помош на меѓународен притисок дојде до завршување на Босанската војна и потпишување на Дејтонскиот мировен договор во 1995 г. Оттогаш, НАТО ги носеше Силите за имплементација и Силите за стабилност во земјата, а исто така преземаше и дополнителни напори за зачувување на мирот.
Босна и Херцеговина се приклучи кон Партнерството за мир во 2006 г.и во март 2007 г. потпиша Договор за безбедносна соработка. Во јануари 2008 г.земјата продолжи да соработува со НАТО во рамките на нивниот Акционен план за поединечно партнерство. Потоа,Босна и Херцеговина го започна процесот на Интензивираниот дијалог на самитот во Букурешт во 2008 г. Потоа,на 25 септември 2008 г.земјата беше поканета да се приклучи кон Јадранската Повелба на аспирантите за влез во НАТО. Подоцна во ноември 2008 г. во заедничката изјава на Министерот за одбрана и Штабот на НАТО во Сараево предложија Босна и Херцеговина да стане членка на НАТО до 2011 г. доколку продолжи со споведувањето на реформите во областа на одбраната.
На самитот во јануари 2009 г. Министерот за одбрана Селмо Цикотиќ повторно потврди дека Босна е заинтересирана за Акциониот план за членство и за пристапување кон НАТО,и тоа најкасно до 2012 г. Во февруари 2009 г.Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Селмо Цикотиќ претстави неколку проценти од спроведени анкети во врска со членството во НАТО.70 % од граѓаните се за членството во НАТО. Бидејќи на самитот Стразбур-Кел,во април 2009 г. државата не доби Акционен план за членство,претставникот на американскиот Стејт департмент Стјуарт Џонс во септември 2009 г. за време на посетата на Босна и Херцеговина изјави дека НАТО ќе ги разгледа можностите за да добијат Акционен план за членство на Самитот во декември 2009 г.повторно споменувајќи ја големата поддршка од САД.Потоа на 2 октомври 2009 г. босанскиот член на претседателството Харис Силајџиќ најави офицјално поднесување на барање за Акционен план за членство. На 22 април 2010 г.НАТО се согласи да го започне Акциониот план за членство за Босна и Херцеговина,но под одредени услови.Турција најмногу го поддржува членството на Босна во НАТО и значително влијаеше врз одлуката.

Грузија[уреди | уреди извор]


Во 2003 г. по Револуцијата на ружите Грузија многу брзо побара блиска соработка и евентуално членство во НАТО.Русија,моќниот сосед на Грузија,се спротистави на блиската соработка,вклучувајќи ја онаа на Самитот во Букурешт во 2008 г. каде што членките на НАТО и ветија на Грузија евентуално приклучување кон организацијата.
Руските сили на меѓународно признаената територија на Грузија предизвикуваат проблеми во односите помеѓу НАТО и Грузија како резултат на многубројните неодамнешни конфликти,како војната во Јужна Осетија во 2008 г.,за териториите Абказиа и Јужна Осетија,во коишто живеат голем број на граѓани од Руската Федерација.Необврзувачки референдум во 2008 г. покажа дека 77 % од граѓаните го поддржуваат пристапувањето кон НАТО.
На 21 ноември 2011 г.рускиот претседател Димитриј Медведев додека испраќаше војници во Владикавкав во близина на Грузијската граница изјави дека нападот во 2008 г. спречи какво било понатамошно проширување во поранешната советска сфера.

Односите со другите земји[уреди | уреди извор]


Ерменија[уреди | уреди извор]


Ерменија потпиша договор за програмата за Партерство за мир и за Акциониот план за поединечно партнерство,но Ерменија најверојатно нема да стане членка на НАТО затоа што нејзините принципи често се поврзуваат со они на Русија и таа останува да биде членка на Команвелтот на независни држави.Ерменија се повлече од нејзиното учество во воените вежби на НАТО во Грузија на 8 мај 2009 г.поради наводната поддршка на Азарбеџан од страна на Генералниот секретар на НАТО,правејќи ја состојбата уште по веројатна дека Ерменија нема да стане членка на НАТО.

Азарбеџан[уреди | уреди извор]


Според дипломатски извор на НАТО,во август 2009 г. некои главни службеници во штаботивите на НАТО во Брисел премногу ја ангажирале државата Азарбеџан во врска со прашањето за членство.”Турција,Романија,Италија,Полска,Обединетото Кралство и Балтичките држави” се вбројуваат меѓу членките коишто ја поддржуваат државата Азарбеџан за што побрзо да стане членка на НАТО. Иако претседателот Илхам Алиев, по зголемувањето на неговата моќ во 2003 г., се однесуваше непристрасно во врска со членството,Азарбеџан беше домаќин на вежбите на НАТО и на значајни состаноци во 2009 г.Нерешениот конфликт со Нагорно-Карабах би претставувал главна пречка за членство.

Финска[уреди | уреди извор]


Финска учествува во речиси сите помали делови од програмата Партнерство за мир,и ангажираше мировни сили во мисиите во Авганистан и во Косово.Сепак,спроведената анкета во 2005 г. покажа дека јавноста е против членство во НАТО.Можноста на Финска за влез во НАТО беше едно од најважните прашања кое што беше дебатирано во одос на претседателските избори во Финска во 2006 г.
На изборите во 2006 г.,главниот кандидат на опозицијата,Саули Нинисите од Националната Коалициона Партија,ја поддржуваше Финска да стане членка на едно “по Европско НАТО”.Колегата од десницата Хенрик Лакс од Партијата на Швеѓаните исто така го поддржуваше овој концепт.Од друга страна,претседателката Тарија Халонен од Социјал демократската партија се противеше за промена на статусот кво,исто како и многу други кандидати на изборите.Нејзината победа и повторната поддршка за местото претседател во тој период го тргна настрана прашањето за членство во НАТО на Финска,во најмала рака за време на нејзиниот мандат.Сепак Финска може да го промени својот став за членство во НАТО по Договорот од Лисабон,изјаснувајќи се дека ако има нов Договор за обрана на ЕУ,тоа би можело да ја зголеми безбедноста на Финска.Но,во исто време Одбранбените сили на Финска сепак ги подготвуваат техничките подготовки за членство.Во овој период ниту една политичка партија не го поддржува членството во НАТО.
Други политички личности од Финска коишто го дадоа своето мислење,вклучувајќи го поранешниот претседател на Финска Марти Атисари којшто тврдеше дека Финска треба да се приклучи кон сите организации поддржани од други западни демократии под услов “да го игнорираат барем еднаш за целиот товар на Финландизацијата”.Друг поранешен претседател Мауно Коивисто се спротивставува на идејата тврдејќи дека членството во НАТО ќе ги уништи односите на Финска со Русија.Финска доби многу критичен одговор од Русија за самото тоа што ја зема во обзир можноста за членство во НАТО,поради истражувањето во 2009 г.кое што укажа дека ова би можело да има последици на руските односи со ЕУ и НАТО во целина.Во октомври 2009 г.Премиерот на Финска Мати Ванханен повтори дека Финска нема намера да стане членка на НАТО,изјавувајќи дека главната лекција од војната во Јужна Осетија во 2008 г. е дека на Финска и се потребни поблиски односи со Русија.

Молдавија[уреди | уреди извор]


Молдавија во моментов нема намера да стане членка на НАТО.Таа учествуваше во програмата Партнерство за мир и во Ациониот план за поединечно партнерство.Поранешната комунистичка Владаа беше повеќе здружена со Русија и е веќе член на Команвелтот на независни држави.Во април 2009 г.Молдавија изјави дека нема да учествува во воените вежби на НАТО во јуни.Новата владеачка партија,Алијансата за европска интеграција,избрана на парламентарните избори во Молдавија во јуни 2009 г. досега не сакаше да преземе иницјатива за или да продолжи со постапката за членство или да се повлече од Команвелтот на независни држави,и одбива да ги направи што било.Молдавија исто така има актуелен внатрешен конфликт со територијата на Приднестровие.

Русија[уреди | уреди извор]


Во април 2009 г.Полскиот министер за надворешни работи,Радослав Сикорски предложи Русија да се приклучи кон НАТО.Во март 2010 г. овој предлог беше повторно спомнат во отворено писмо напишано од германски експерти за одбрана Генерал Клаус Номан,Френк Елб,Улриш Визер и поранешниот министер за одбрана Волкер Рух.Во писмото се предлагаше дека Русија била потребна веднаш по појавата на еден свет полн со различности под услов НАТО да ги урамнотежи азиските сили.Сепак, раководството на Русија се изјасни дека Русија не планира да и се приклучи на Алијансата,и дека претпочите да не остварува премногу блиска соработка.Рускиот дипломатски претставник во НАТО,Димитри Рогозин,вели дека “Големите сили не се приклучуваат кон коалиции,тие создаваат коалиции.А,Русија себеси се смета за огромна сила.”Сепак тој рече дела Русија не ја исклучува можноста за влез во НАТО во иднина.

Србија[уреди | уреди извор]


Во 2005 г.Србија официјално се одлучи да стане членка на НАТО,во тогашниот состав на Србија и Црна Гора.Независноста на Црна Гора и Косово што следеше потоа ги влоши односите помеѓу Србија и НАТО.Сепак Србија се приклучи кон Програмата за мир за време на Самиотот во Рига во 2006 г.И покрај тоа што оваа програма понекогаш го претставува првиот чекор до целосно членство во НАТО,неизвесно е дали Србија го сфаќа тоа како обид за влез во Алијансата.Од историска гледна точка НАТО војуваше со Босанско-Српските сили за време на Босанската војна и со Србија за време на конфликтот со Косово во 1999 г.
Во јануари 2008 г.откако НАТО даде отворена поддршка на декларацијата за независо Косово значително опадна интересот за интеграција во НАТО.Претходно спроведена анкета во септември 2007 г.имаше покажано дека 28 % од српските граѓани го поддржуваат членство во НАТО,а 58% Партнерството за мир.Единствените политички партии коишто мометнално ја поддржуваат интеграцијата во НАТО се помалите опозициони партии Либерално- демократската партија и Српското движење за обнова.Демократската партија го промени ставот за влез во НАТО,тврдејќи дека доволно е само Партерството за мир.
И покрај тоа што сегашните приоритети на Србија не вклучуваат членство во НАТО,Алијансата ја покани Србија да учествува во програмата за интензивираниот дијалог во моментот кога таа ќе се почувствува подготвена.На 1 октомври 2008 г.српскиот министер за одбрана Драган Шутановиќ го поптиша Договорот за размена на информации со НАТО.Овој Договор претставува еден од предусловите за целосно членство во програмата Партнерство за мир.

Шведска[уреди | уреди извор]


Во 1949 г.Шведска избра да не се приклучи кон НАТО и објави безбедносна политика со цел да не се здружва за мир и да има неутрален став за која било војна.Сега,една изменета верзија појаснува дека државата треба да не се здружува за мир за да може да заземе неутрален став во војна.Па така,Владата на Шведска одлучи да не биде членка на НАТО затоа што сакаат да бидат неутрални во можна војна.Овој став беше задржан без многу дискусии за време на Студената Војна.Сепак,од деведесеттите години на дваесеттиот век во Шведска имаше постојана дебата во врска со прашањето за членство во НАТО во периодот по Студената Војна.Овие идеолошки јазови беа повторно забележани во ноември 2006 г. кога Шведска требаше или да купи два нови транспортни авиони или да се приклучи кон авионите на НАТО.Во декември 2006 г. Шведска беше поканета да се приклучи кон Силите на НАТО за брзо реагирање.Додека владеачките партии во Шведска се спротивставуваа на членството,тие учествуваа во мисиите на НАТО во Босна(ИФОР и СФОР),Косово (КФОР) и Авганистан (ИСАФ).
Централната партија на Шведска и Социјалдемократската партија се́ уште беа против здружувањето.Зелената паритија,Левицата и Христијанските демократи исто така претпочитаа да нема здружување.Десното крило,коалицијата на умерните(“Умерената партија”) како и Либералнта партија се единствените партии чии сегашни претставници во Парламентот се за членство во НАТО.На 18 септември 2007 г.Премиерот Фредерик Рејнфелд изјави дека за Шведска да стане членка на НАТО потребно е многу “широко” мнозинство во парламентот,вклучувајќи ги социјалдемократите,и координација со Финска.Анкета спроведена во 2005 г. покажа дека 46 % од граѓаните се против членство во НАТО,а 22 % од нив го поддржуваат членството.Друга анкета од 2006 г. покажа дека 37 % од граѓаните се за членство,а 41 % се против.Почнувајќи од март 2008 г.кога само 29 % од граѓаните беа за членство во НАТО,поддршката значително се зголеми.

'Украина[уреди | уреди извор]


На почетокот на 2008 г.Украинскиот претседател,премиер и претседател на парламентот испрати официјано писмо за да поднесе барање за учество во Акциониот план за членство.Идејата за Украина да стане членка на НАТО ја поддржаа неколку водачи на НАТО.На Самитот во Букурешт во 2008 г.Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер на прес-конференција изјави дека Грузија и Украина ќе станат членки на НАТО.Во рамките на работната комисија помеѓу НАТО и Украина,претставници на НАТО ги уверија претставниците на Украина дека тие сакаат да ја поканат нивната земја да се приклучи кон Алијансата.Заменик министерот за надворешни работи на Русија,Александар Грушко изјави дека членството во НАТО на Украина не престстаува голем интерес за Русија и нема да ги подобри односите помеѓу овие две земји.
Според бројни независни анкети спроведени во 2002 г.јавното мислење во Украина во врска со членството во НАТО е поделено.Мнозинството од анкетираните се против воената алијанса идентификувајќи го членството како закана.Според анкетарот ФОМ Украина,почнувајќи од април 2009 г.57% од анкетираните граѓани биле против приклучување кон Алијансата,додека 21% го поддржувале членството.Во октомври 2008 г.споведена анкета од институтот Галуп покажа дека 45% го поврзуваат НАТО со закана за нивната земја,додека само 15% го поврзуваат со поимот заштита.
Во земјата се одржуваа протести против оваа идеја од опозиционите блокови,како на пример протестот против членство во НАТО на Крим во 2006 г. и беа потпишувани петииции со препорака за укинување на односите со НАТО.Влијателни украински политичари како што се Јуриј Икануров и Јулија Тимошенко изјавија дека Украина нема да стане членка на НАТО се додека јавноста се сротивставува на овој потег.Исто така ова беше потврдено со договор склучен во март 2008 г.помеѓу парламентарната коалиција и опозиционите партии,во којшто се укажува на тоа дека каков било меѓународен договор во врска со влезот на Украина во НАТО мора да биде ставен на референдум.Неодамна Владата на Украина започна информативна кампања,со цел да ги информира граѓаните за последиците од членството.
Изборите во 2010 г.го вратија Виктор Јанукович на позицијата Претседател на Украина и претставуваа пресврт во односите на Украина со НАТО.Во февруари 2010 г.тој изјави дека односите на Украина со НАТО се “добро дефинирани” и дека “не станува збор” за влез на Украина во НАТО.Тој рече дека прашањето за членство во НАТО на Украина може да се “реши до одреден степен,но тоа нема да се случи во блиска иднина.”За време на посетата на Брисел во март 2010 г.тој понатаму изјави дека нема да има промена во статусот на Украина како членка на програмата на Алијансата за поголемо достигнување.За време на едно патување во Москва тој подоцна повтори дека Украина ќе остане “Европска,неврзана држава.”Потоа,на 3 јуни 2010 г.Парламентот на Украина гласаше за отстранување целта за “интеграција во евро-атланската безбедност и членство во НАТО” од државната безбедносна стратегија во преглог-закон од самиот Јанукович.Предлог-законот забранува членство на Украина во каков било воен блок,но дозволува соработка со Алијанса како што е НАТО.”Европската интеграција” е се́ уште дел од државната безбедносна стратегија на Украина.