Проширување на Европската Унија во 2004

Од Википедија — слободната енциклопедија
  Членки на ЕУ во 2004
  Нови членки примени во 2004

Проширувањето на Европската унија на 5 мај 2004 беше најголемото проширување на Еврпската унија,и во однос на територијата и во однос на бројот на државите и населението. Сепак, ова не се однесуваше на бруто-домашниот производ.

Истовременото пристапување се однесуваше на следниве земји: Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка и Словенија. Седум од овие земји беа членки на поранешниот источен блок, заедно со една држава од поранешна Југославија, а останатите две беа средоземни острови.

Дел од истиот бран на проширување беше пристапувањето на Бугарија и Романија во 2007 г. кои не можеа да се приклучат во 2004 но според комисијата претставуваа дел од петтото проширување.

Историја[уреди | уреди извор]

Историско минато[уреди | уреди извор]

Со крајот на Втората светска војна во 1945 г. Европа се подели во две сфери на моќ, САД и Советскиот Сојуз (СССР). Во 1957 г. беше создадена Европската економска заедница (ЕЕЗ) помеѓу шест држави од сферата на САД, а се прошири за дванаесет држави низ Западна Европа. Западна Европа имаше полабава економска групација со СССР,позната како КОМЕКОН. На југот беше Југославија, самостојна, но комунистичка федерација.

Во 1989 г. Студената војна помеѓу двете велесили привршуваше, со влијанието на СССР врз распаѓањето на Источна Европа. Додека комунистичките држави започнаа со нивната транзиција во демократии со слободни пазари, порамнувајќи се со евроатланската интеграција, прашањето за проширувањето кон исток беше наметнато на агендата на ЕЕЗ.

Преговори[уреди | уреди извор]

Набргу потоа започна стратегијата ФАРЕ за приспособување на структурата на централните и источните европски земји (Pays d’Europe Centrale et Orientale (PECO)) кон западниот систем, а посебно кон Европската економска заедница. Една од главните методи на оваа стратегија беше Регионалната програма за обезбедување на квалитет (Programme Régional d’Assurance Qualité (PRAQ)) која што започна во 1993 г. за да им помогне на земјите од центарот и истокот на Европа да го спроведат „Новото достигнување“ во нивните економии.[1]

Европското законодавство содржеше 3.000 директиви и околу 100.000 страни во службениот весник на Европската унија, коишто требаше да бидат променети. Ова бараше многу административна работа и огромна економска промена што доведе до големи културни проблеми, односно нови правни концепти и проблеми со јазичната достапност, на пример.

Пристапување[уреди | уреди извор]

На 16 април 2003 г. во „Стоа на Атал“ во Атина, Грција беше потпишан договорот за пристапување - 2003 помеѓу тогашните земји членки на ЕУ и десетте земји пристапнички. Во текстот, исто така беа дополнети главните Договори на ЕУ, влучувајќи го и гласањето со квалификувано мнозинство на Советот на ЕУ. Договорот беше ратификуван на време и стапи на сила на 1 мај 2004 г. среде прославите низ Европа. Водачите се сретнаа во Даблин за прослава со огномет, претседателот Романо Проди учествуваше во прославите за италијанско-словенечката граница во поделениот град на Горица/Нова Горица. На германско-полската граница, беше кренато знамето на ЕУ и беше испеана „Ода на радоста“. Меѓу многу бројните други прослави, во Малта имаше шоу со ласери.[2]

Прашања поврзани со слободното движење[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од мај 2011 г. нема особени ограничувања на слободното движење на граѓани во овие нови земји-членки.

Со самото нивно пристапување кон ЕУ се разбира дека би важело слободното движење на луѓе помеѓу сите 25 земји. Сепак, поради загриженоста околу масовните миграции од новите источни земји-членки кон старите 15 членки на ЕУ, беа воведени некои ограничувања во врска со преминот од една во друга земја. Подвижноста во старите 15 земји-членки на ЕУ (вклучувајќи ја и Кипар) и во новите земји членки (без Кипар) функционираше нормално (иако новите земји имаа право да постават ограничување во врска со патувањето помеѓу нив.) До 2011 г. можно е да бидат поставени транзитни ограничувања помеѓу старите и новите земји-членки, а работниците од ЕУ сè уште да имаат повластено право над работници коишто не се од ЕУ во барањето работа, дури и ако се воведени ограничувања врз својата држава. Не беа воведени ограничувања кон Кипар и Малта. Од секоја земја посебно, воведени се следниве ограничувања:[3]

  • Австрија и Германија: Воведени се ограничувања во слободното движење и во обезбедувањето на одредени услуги. Сè уште се потребни работни дозволи во сите земји. Во Австрија, за еден работник да биде вработен треба да има работено повеќе од една година во неговата земја на потекло пред пристапувањето. Германија има билатерални квоти коишто остануваат да важат.
  • Кипар: Без ограничувања.
  • Малта: Без ограничувања врз работниците, но со прво за миграција во друга земја.
  • Холандија: Во почетокот против ограничувањата, но ги затегна политиките во почетокот на 2004 г. и рече дека уште повеќе ќе ги затегне ако годишно доаѓаат повеќе од 22.000 работници.
  • Финска: 2 години за преодни договори, каде што работна дозвола може да се добие само ако не може да се најде државјанин на Финска за таа работа. Ова не се однесува на студенти, хонорарни работници, претприемачи, луѓе коишто не живеат во Финска за да работат, луѓе коишто веќе една година живееле во Финска или луѓе кои потекнуваат од трети земји (земји коишто не се членки на ЕУ) коишто во секој случај имаат право на работа.
  • Данска: Две години каде што само работници со полно работно време можат да добијат работна дозвола, доколку имаат дозвола за престој. Работната сила не доби социјална помош, но ограничувања беа воведени само за оние коишто заработуваат. (Сите граѓани на десетте членки на ЕУ можат да започнат бизнис).
  • Франција: Пет години за ограничувања во зависност од секторот и регионот. Студентите, истражувачите, самовработените и угостителите беа исклучени од ограничувањата.
  • Шпанија: Две години.
  • Португалија: Две години, годишна граница до 6.500.
  • Шведска: Без ограничувања.
  • Чешка и Словачка: Без ограничувања.
  • Полска: Реципрочни ограничувања, само британските и ирските граѓани имаат слободен пристап. Држави со полабави или затегнати ограничувања се соочуваат со слични ограничувања и во Полска.
  • Белгија, Грција и Луксембург: Две години.
  • Обединетото Кралство: Ограничувања само во социјалната помош, но треба да се пријават.
  • Ирска: Без ограничувања.
  • Унгарија: Реципрочни ограничувања за седум години.

Покрај стравувањата, миграциите низ ЕУ засегаат помалку од 2% од населението. Сепак, миграциите предизвикаа расправија во оние земји каде што беше забележан значителен прилив, што наликуваше на фразата за „Полскиот водоинсталатор“ (симбол на евтината работна сила која што доаѓаше во Средна Европа за време на конституционалниот референдум во Франција, 2005 г.) на западот, опишувајќи ја евтината работна рака од истокот, и продолжувајќи ја оваа иста приказна и на западот. По проширувањето во 2007 г. повеќето стари членки на ЕУ им воведоа ограничувања на новите земји-ченки, вклучувајќи ги и најотворените во 2004год. (Ирска и Обединетото Кралство) само со Шведска, Финска и новите земји-членки од 2004 г. (без Малта и Унгарија). Но, почнувајќи од април 2008 г. сите членки, освен Германија и Австрија ги укинаа овие иограничувања врз осумте нови земји-членки (тие продолжија да важат за Романија и Бугарија).

Долготрајно влијаније[уреди | уреди извор]

ЕУ сè уште не може да се навикне на промената дури и по 7 години од проширувањето. Приливот на нови членки всушност ѝ стави крај на француско-германската машинерија зад ЕУ, сега новите земји-членки ја поставуваат политичката агенда. На пример, Источното партнерство. Покрај стравот од парализираност, новото членство не го попречуваше процесот на донесување на одлуки, и доколку правниот краен резултат на институциите има нешто зголемено, сепак страдале правдата и внатрешните работи (коишто функционираат по принципот на едногласност). Комисијата го гледа проширувањето како успех. Меѓутоа, додека проширувањето не е целосно прифатено од јавноста, идните проширувања можеби ќе забават.

Нови земји-членки[уреди | уреди извор]

Кипар[уреди | уреди извор]

Од 1974 г. Кипар е поделен помеѓу грчкиот југ (Република Кипар) и северните области под турската воена окупација (самопрогласената Турска Република на Северен Кипар). Република Кипар е призната како единствена легитимна влада од страна на повеќе земји, вклучувајќи ја и ЕУ ,додека северната окупирана област е призната само од Турција.
Кипар започна разговори за влез во ЕУ, коишто претставуваа поттик за решавање на спорот. Се очекуваше дека во согласност со планот на Анан за Кипар, двете земји заедно ќе ѝ се приклучат на ЕУ како единствена Обединета Република Кипар. Турците од Кипар го поддржаа планот. Сепак, кипарските Грци го одбија планот на референдум на 24 април 2004 г. Така, една недела подоцна, Република Кипар се приклучи кон ЕУ со нерешени политички прашања. Според законот, бидејќи северната република не е призната од ЕУ, целиот остров е член на ЕУ како дел од Република Кипар, иако де факто ситуација е дека владата не може да ја прошири својата контрола врз окупираните области.

Почнувајќи од 2011 г. продолжуваат напорите за обединување на островот.

Полска[уреди | уреди извор]

Во мај 2004 г. Полска се приклучи кон Европската унија. Полска преговараше со ЕУ од 1989 г.

Со падот на комунизмот во 1989/1990 во Полска, таа започна со спроведување на серија реформи и промени во надворешната политика, обидувајќи се да стане членка на ЕУ и НАТО. На 19 септември 1989 г. Полска го потпиша Договорот за трговија и соработка со тогашната Европска заедница (ЕЗ). Намерата на Полска да се приклучи кон ЕУ беше јасно изразена во говорот на полскиот министер Тадеуш Мазовиески во Европскиот парламент во февруари 1990 г. и во јуни 1991 г. од полскиот министер за надворешни работи Кристоф Скубисевски во Сејмот (полскиот парламент).

На 19 мај 1990 г. Полска поведе постапка за започнување на преговорите околу Договорот за асоцијација. Преговорите официјално започнаа во декември 1990 г. Година подоцна, на 16 декември 1991 г. Полска го потпиша Договорот за асоцијација со ЕУ. Договорот стапи на сила на 1 февруари 1994 г. (третиот дел од договорот во врска со меѓусебните трговски односи стапи на сила порано, на 1 март1992 г.)

Како резултат на дипломатското мешање (интервенција) од страна на државите од Вишеградската група, во јуни 1993 г. на својот самит во Копенхаген, Европскиот совет одлучи дека: земјите-соработнички од Средна и Источна Европа, ако тие сакаат, ќе станат членки на ЕУ. За да го постигнат ова тие сепак мора да ги исполнат соодветните услови. Условите (познати како критериуми од Копенхаген, или едноставно, критериуми за членство) се:

  1. Дека земјите-кандидатки треба да обезбедат стабилни институции коишто гарантираат демократија, законитост, човекови права и почитување и заштита на малцинствата.
  2. Дека земјите-кандидатки треба да имаат ефикасна пазарна економија, способна ефикасно да се натпреварува на пазарите на ЕУ.
  3. Дека земјите-кандидатки треба да се способни да ги прифатат сите политички, економски и монетарни обврски во врска со членството.

На самитот во Луксембург, во 1997 г., ЕУ го прифати мислењето на комисијата дека треба да покани неколку држави од Средна и Источна Европа (Полска, Чешка, Унгарија, Словенија, Естонија и Кипар) да започнат преговори за пристапување кон ЕУ. На 31 март 1998 г. започна процесот на преговори. Во декември 2002 г. Полска ги заврши преговорите за пристапување. На 16 април 2003 г. во Атина беше потпишан Договорот за пристапување (Договор за пристапување од 2003 г.). Во 2003 г. по ратификувањето на овој Договор на полскиот референдум за членство во ЕУ, 2003 г. Полска и други 9 земји станаа членки на ЕУ на 1 мај 2004 г.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „EURLex – e50004 – EN – EUR-Lex“. Europa (web portal). Посетено на 5 September 2017.
  2. EU welcomes 10 new members, CNN 1 May 2003
  3. EU-25: Member States grapple with the free labour market, Euractive 17 August 2004