Проширени вени

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Проширени вени
Класификација и надворешни извори

Човек со проширени вени.
МКБ-10 I83, I84, I85, I86
МКБ-9 454-456, 671
OMIM 192200
DiseasesDB 13734
MedlinePlus 001109
eMedicine med/2788
MeSH D014648

Проширените вени се вид на боледување кое се јавува кај нозете бидејќи, во својот пат околу телото, доста е тешко крвта да се искачи нагоре по нозете. За да се спречи крвта да се врати назад, нашите вени имаат залистоци што се затвораат зад крвта како што таа се движи низ вените. Ако овие залистоци попуштат, доаѓа до собирање на крв во вените, што предизвикува тие да се набубрат.

Ризикот за добивање проширени вени се зголемува кај следниве луѓе:

  • оние кои се бремени
  • оние со голема дебелина
  • оние со голема височина
  • оние кои долго време стојат или седат во една положба (работење во продавница, на пример)
  • оние со фамилијарна историја на проширени вени

Проблеми со проширени вени[уреди]

Некои луѓе сакаат да ги отстранат проширените вени затоа што не им се допаѓа изгледот. Но, проширените вени исто така создаваат чувство на замор и неудобност во нозете. Кожата над проширените вени може да постане сува, тенка и да чеша (воспаление на кожата). Во најопасен случаи, лошата циркулација може да доведе до шлог.