Прошетка по шумата
„Прошетка по шумата“ (англиски: A Walk in the Woods) – филм на режисерот Кен Квопис (Ken Kwapis) од 2015година, снимен по сценариото на Мајкл Арнт (Michael Arndt) и Бил Холдерман (Bill Holderman). Филмот е заснован врз автобиографската проза на Бил Брајсон од 1998 година. Главните улоги ги играат: Роберт Редфорд (Robert Redford), Ник Нолти (Nick Nolte) и Ема Томпсон (Emma Thompson). Редфорд имал намера да го сними филмот уште во 2005 година, наменувајќи ја улогата на Биловиот пријател за Пол Њумен, но Њумен наскоро умрел и Редфорд привремено ја напуштил својата идеја. Во 2012 година, додека го режирал филмот „Правилото за молчење“, толку бил воодушевен од глумата на Ник Нолти, што одлучил нему да му ја додели улогата.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Бил Брајсон (го игра Редфорд) живее во Велика Британија, но во седмата деценија од животот, заедно со сопругата Кетрин (ја игра Томпсон), се враќа во САД. По еден погреб, тие одлучуваат да заминат на планинарење низ шумите на Апалачите. Притоа, тие сакаат да ја поминат патеката долга 3 500 километри. На почетокот, Кетрин е против неговата идеја, но најпосле попушта, но под услов Бил да најде сопатник. Меѓутоа, сите луѓе на кои им се обраќа Бил го одбиваат, сметајќи го за луд. Најпосле се појавува неговиот стар пријател Стивен Кац (го игра Нолти), кој сака авантури и се согласува да учествува во патувањето. Така, тие заминуваат на пат и од ден на ден упорно продолжуваат напред во различни временски услови, патем среќавајќи бројни љубезни и нељубезни планинари. Еден ден, тие пристигаат до една колиба, при што за три месеци имаат поминато помалку од половина од патот, а остатокот е само за искусни планинари...