Прохор (охридски архиепископ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian cross.svg
Прохор
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Фреска во  црквата „Св. Ѓорѓи“  во охридско Врбјани
Архиепископ од околу 1528
Архиепископ до околу 1550
Претходник непознато
Наследник Симеон
Роден 16 век
Починал 16 век
Други архиепископи со име Прохор

Прохор бил православен свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1528 година до 1550 година[1].

За прв пат како архиепископ се споменува во документ кој датира од 1528-1529 година, и најверојатно е од словенско потекло. Во историjата на Охридската архиепископиjа се случувало да бидат отцепени или оттуѓени цели територии. Како наjдрастичен пример се споменува обидот на смедеревскиот епископ Павле коj се обидел да ги отцепи српските епархии од охридската архиепископиjа и да jа обнови Пеќката патриjаршиjа. Овие обиди траеле еден подолг период од 1527 до 1541 година. Охридскиот архиепископ Прохор овие обиди успеал на три пати да ги осуди на црковните собори, а истото го сториле и цариградскиот, александрискиот, ерусалимскиот и антиохискиот архиепископ[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 
  2. www.ohrid.org.mk