Профил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Десен профил, анфас и лев полупрофил
(Антонис ван Дајк: Трикратен портрет на Карл I, 1636)
Египетски канон: лицето и нозете секогаш се во профил, торзото е анфас
(Сцена од ѕид на гробница, околу 1350 пр.н.е.)
Профилот на Венера ги следи контурите на брдот во заднината.
(Џорџоне: Заспаната Венера, околу 1510)

Профил – во ликовната уметност еден од начини на портретирање, сликата на главата прикажан од страна, под аголд од 90 степени. Профилот може да биде лев или десен, во зависност на која страна е свртена главата. Ако аголот на главата е меѓу анфас и профил, станува збор за „полупрофил“. Понекогаш се користи и поимот „три четвртини профил“ за полупрофил со агол на главата од 45°. Ако аголот на главата е поголем од 90°, таквиот профил се нарекува изгубен профил (profil perdu). Профилот може, како и за портретот, да се однесува на сликата на главата, но исто така и за градите, како и целата фигура на лицето.[1]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Зборот профил доаѓа од италијанскиот збор profilo = основни црти (од profilare - оцртува). Во македонскиот јазик дошол од францускиот profil.

Историја[уреди | уреди извор]

Во уметноста на старите цивилизации на Близок ИстокБлискиот Исток, а особено во египетската до 14 век пр.н.е. до фараонот Екнатон, портретите били стилизирани, а на сличностите не им се придавало големо значење.

Во средниот век, кон крајот на 14 век, во Бургундија и Франција почнале да се изработуваат портрети насликани на мали дрвени плочи, прво во профил, а потоа и во останатите погледи.

Во ренесансата, меѓу 1450 и 1500 година били популарини портрети во профил вдахновени од античките медалјони. Медалјоните со своите двострани слики инспирирале краткотрајна „мода“ на двострано сликање. Релативно рано северноевропските сликари го напуштаат профилот и почнуваат сликање на портрети со реалистичен волумен и пропорции.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Natuknica "Portret", "Opća i nacionalna enciklopedija u 20 svezaka", sv. XVI, str. 182, Pro leksis - Večernji list, Zagreb, 2007. ISBN 953-7224-16-5, proleksis.lzmk.hr

Надворешни врски[уреди | уреди извор]