Професор Балтазар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џиновска макета на Професор Балтазар во Загреб

Професор Балтазар е серија на цртани филмови за деца, за стариот истражувач Професор Балтазар.[1] Снимена е во периодот од 1967 до 1978 година во Загреб. Серијата има вкупно 57 епизоди, а секоја трае од 5 до 10 минути. Креатор на овој популарен цртан филм е познатиот аниматор Златко Гргиќ.[2]

Серијата и до ден денес останала најуспешниот проект на Загребската школа за цртани филмови. Освен креаторот на ликот на Професор Балтазар, Златко Гргиќ, во целиот проект учествувал тим од околу 20 луѓе, меѓу кои биле: Анте Зинановиќ, Павао Шталтер, Борис Колар, Милан Блажековиќ и Златко Боурек. Музиката за цртаниот филм ја компонирал Томица Симовиќ.[3] Името Балтазар на симпатичниот, стар, полн со позитивна енергија научник, кој со задоволство на многу инвентивен начин ги решава проблемите на своите сограѓани, му го дал Павао Шталтер.

Серијата брзо станала многу популарна и во тогашна Југославија, а и во светот вклучувајќи ги: Велика Британија, Германија, Холандија, Финска, Франција, Израел, Италија, Данска, Норвешка, Нов Зеланд, Португалија, Романија, Шведска, Шпанија, Иран, Грција, Канада и Зимбабве. Од 1971 до 1973 година, бил прикажуван и во САД на ABC во детската програма Curiosity Shop. Во 1980 година бил прикажуван во САД на Pinwheel, и на ABC во Австралија.

Во 2005 година почнало снимање на нови продолжетоци на овој култен цртан филм.

Епизоди[уреди | уреди извор]

Трамвај со слика на Професорот Балтазар во Загреб

Сезона 1[уреди | уреди извор]

  • Изумител на чевли
  • Ханибалови Алпи
  • Подемот и падот на Хорацие
  • Летечкиот Фабијан
  • Маестро Коко
  • Мартин на врвот
  • За глувчето и саатите
  • Роденденска приказна
  • Среќа за двајца
  • Тетки Плетки
  • Јајцемат на Виктор
  • Ветровита приказна
  • Ѕвезден квартет

Сезона 2[уреди | уреди извор]

  • Алфред, ноќниот чувар
  • Бим-Бум
  • Волшебниот колач
  • Докторот за животни
  • Виножитото на Професор Балтазар
  • Фигаро Хоп
  • Кројачот Силвестер
  • Ледено жешко
  • Кукли без коса
  • Облачна приказна
  • Проблем со несмасност
  • Звонко камбанарот
  • Најголемиот снешко

Сезона 3[уреди | уреди извор]

  • Ушите на Амадеус
  • Драма околу цвеќиња
  • Пиратски проблем
  • Незгодите на лавот
  • Максол
  • Ѕверот Фу Фу
  • Облачно со караници
  • Пепино Цицероне
  • Пингвинот Чарли
  • Стоногалката Босица
  • Свирка за Мирко
  • Пожарникарска приказна
  • Весел мост

Сезона 4[уреди | уреди извор]

  • Балтазаровата љубов
  • Балтазаровиот саат
  • Хумористична приказна
  • Два цилиндра
  • Икавица
  • Изгубениот зајак
  • Криенка
  • Кловнот Даниел
  • Чевларот Кроко
  • Оперската ѕвезда
  • Пингвинот Аксел
  • Работата си е работа
  • Птици
  • Спортски живот
  • Шампион
  • Улични свирачи
  • Големото 'рчење
  • Виолета и Франц
  • Ветерница
  • Воздух

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „PROFESOR BALTAZAR“. PROFESOR BALTAZAR. конс. 2018-05-19. 
  2. „Professor Balthazar,“. www.croatianhistory.net. конс. 2018-05-19. 
  3. Professor Balthazar (TV Series 1967–1977), конс. 2018-05-19