Протромбинско време

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Протромбинското време е тест за детекција на пореметувањето на екстринзичниот пат на коагулацијата. Се одредува предоперативно, при заболувања на црниот дроб и следење на антикоагулациската терапија. Референтниот опсег за протромбинско време зависи од користениот аналитички метод, но вообичаено изнесува 12–13 секунди.

Интернационален нормализиран однос[уреди | уреди извор]

Резултатот од тестот за протромбинско време (изразен во секунди) и изведен на нормална индивидуа варира во зависност од аналитичкиот систем што се користи. Ова се должи на варијациите на различни типови и серии на ткивен фактор кој се користи во реагенсот за испитувањето. INR е осмислен со цел да ги стандардизира резултатите. Секој производител означува ISI вредност (International Sensitivity Index) за секој ткивен фактор што го произведува. ISI вредноста е индикатор за тоа колку одредена серија на ткивен фактор е слична со интернационален референтен ткивен фактор. ISI вообичаено изнесува помеѓу 0.94 и 1.4 за посензитивните и помеѓу 2.0-3.0 за помалку сензитивните тромбопластини.[1][2][3]

INR е односот помеѓу протромбинското време на пациентот и на нормален (контролен) примерок, степенуван за ISI вредноста на употребуваниот аналитички систем.

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Houdijk, W. P.; Van Den Besselaar, A. M.. International multicenter international sensitivity index (ISI) calibration of a new human tissue factor thromboplastin reagent derived from cultured human cells. „Journal of Thrombosis and Haemostasis“ том  2 (2): 266–70. doi:10.1111/j.1538-7836.2004.00434.x. PMID 14995988. 
  2. Poller, L; Keown, M; Chauhan, N; Van Den Besselaar, A. M.; Tripodi, A; Shiach, C; Jespersen, J. European Concerted Action on Anticoagulation. A multicentre calibration study of WHO international reference preparations for thromboplastin, rabbit (RBT/90) and human (rTF/95). „Journal of Clinical Pathology“ том  58 (6): 667–9. doi:10.1136/jcp.2004.019810. PMID 15917425. 
  3. „Test ID: PT Prothrombin Time, Plasma“.