Против темнината
| Против темнината | |
|---|---|
Плакатот на филмот | |
| Режисер | Ричард Крудо |
| Продуцент | Филип Б. Голдфајн |
| Сценарист | Метју Кликстајн |
| Главни улоги |
|
| Музика | Филип Вајт |
| Кинематографија | Вилијам Траутветер |
| Монтажа | Тим Силано |
| Дистрибутер | Sony Pictures Home Entertainment |
| Премиера | 10 февруари 2009 г. |
| Времетраење | 93 минути |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Буџет | 7 милиони долари |
Против темнината (англиски: Against the Dark) — американски акционен филм на ужасите од 2009 г., со Стивен Сигал во главната улога, а во режија на Ричард Крудо. Филмот бил издаден право на ДВД во Соединетите Американски Држави на 10 февруари 2009 г.[1]
Дејството се одвива во постапокалиптичен свет, уништен од болест што ги претвора заразените луѓе во суштества што многу потсетуваат на вампири. Сигал го толкува ликот на Тао, водач на одред составен од поранешни воени лица што се обидуваат да пронајдат и спасат група преживеаници заробени во една болница. Ова е првиот американски филм на ужасите на Стивен Сигал.
Содржина
[уреди | уреди извор]Епидемија го преплавила човештвото, претворајќи речиси секого во крвожеден заразен што наликува на вампир или зомби. Не постои познат лек, а преостанати се само мал број преживеаници што се борат „против темнината“.
Тао (Сигал) предводи група ловци на вампири и зомбија. Преживеаниците во болницата се прикажани како исплашени, изолирани и полни со недоверба. Додека ликовите се пробиваат низ зградата, тие постојано се раздвојуваат, често се губат и се изложени на напади. За ситуацијата да биде уште полоша, една огромна воена база планира да ја бомбардира областа во зори.
Преживеаниците мораат да стигнат до единствениот функционален излез од болницата пред да се потроши електричната енергија од агрегатите за итни случаи, што би ги оставило заробени внатре. Дополнително, многу од скалилата и лифтовите се блокирани, што ги принудува да се пробиваат кат по кат.
Во меѓувреме, Крос (Линден Ешби) се обидува да го спречи поручникот Вотерс (Кит Дејвид) да започне воздушен напад врз болницата. Додека се обидуваат да излезат, неколкумина преживеаници и еден ловец го губат животот, а друг ловец е заразен. Еден од преживеаниците е заробен од човек што сака со него да ја нахрани својата заразена ќерка, но Тао успева да го спаси. Додека луѓето се повлекуваат, орда заразени ги гони. Тие излегуваат од болницата во последен миг пред да снема струја, по што вампирите остануваат заробени внатре. Преживеаните луѓе бегаат додека авионите ја бомбардираат напуштената болница.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Стивен Сигал | Тао |
| Таноај Рид | Тагарт |
| Џена Харисон | Дороти |
| Дени Мидвинтер | Морган |
| Ема Катевуд | Амелија |
| Стивен Хејган | Рики |
| Даниел Персивал | Дилан |
| Скај Бенет | Шарлот |
| Линден Ешби | Крос |
| Кит Дејвид | потполковник Вотерс |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Against the Dark (2009)“. The Numbers. Посетено на 6 април 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Против темнината на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)