Прејди на содржината

Противпожарен апарат

Од Википедија — слободната енциклопедија
ПП апарат

Противпожарен апарат (скратено ПП апарат) е пренослив уред кој се користи за гаснење на помали пожари во почетна фаза. Најчесто се полни со различни средства за гаснење, како прав, пена, вода или јаглерод диоксид (CO2), во зависност од типот на пожарот за кој е наменет. Постојат неколку класи на пожари (A, B, C, D, E), а секој апарат е означен според класите што може да ги гаси.