Прејди на содржината

Противкорупциски протести во Србија (2024-2025)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Противкорупциски протести во Србија (2024-2025)
Протест на 22 декември на плоштадот Славија во Белград
Датум 3 ноември 2024 — тековно

(4 месеци и 4 дена)
Локација
Повод
Цели
  • Правда за жртвите од уривањето на настрешницата на Железничката станица
  • Одговорност за перцепираната небрежност на владата
  • Оставка на министерот Горан Весиќ и уште неколку високи државни функционери[1]

Барања на студентите:

  • Објавување на сите документи поврзани со реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад
  • Потврда од надлежните за идентитетот на сите лица за кои постои основано сомнение дека физички нападнале студенти и професори
  • Отпуштање на сите јавни функционери кои нападнале студенти и професори
  • Отфрлање на кривичните пријави против уапсените и приведени студенти на протестите, како и прекин на веќе покренатите кривични постапки
  • Зголемување на буџетот за високо образование за 20 проценти
Методи
  • Демонстрации
  • Сообраќајни блокади
  • Граѓанска непослушност
  • Окупирање згради
Статус во тек
Концесије
  • Оставка на Горан Весиќ
  • Оставка на Томислав Момировиќ
  • Оставка на Милан Ѓуриќ
  • Оставка на Милош Вучевиќ
Страни

Влада на Република Србија

  • Полиција
  • Безбедносно-информативна агенција

Владини партии

Меѓународна поддршка

Антивладини демонстранти

  • Студенти

Поддршка

  • Партија на слободата и правдата
  • Демократска партија
  • Нова демократска партија на Србија
  • Движење за обнова на Кралството Србија
  • Лига на социјалдемократи на Војводина

Меѓународна поддршка

Водечки фигури
Студенти
Број
Нема официјални податоци
Нема официјални податоци

Проценки:

100.000 во Белград

22.000 во Нови Сад

15.000 во Ниш

Во ноември 2024 година во Нови Сад започнале серија масовни протести по уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, во која загинале 15 лица, а двајца биле тешко повредени. Од 2 февруари 2025 година, протестите се прошириле во 200 града и населени места во Србија.[2] Протестите ги предводат студенти што бараат одговорност за уривањето на настрешницата. [3]

Блокадите на образовните објекти првично почнале на 22 ноември на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) откако студенти биле нападнати за време на оддавање почит за жртвите од уривањето на настрешница. Набрзо потоа следеле блокади на други факултети и средни училишта. Секој петок демонстрантите ја спроведувале акцијата „Застани, Србијо“ блокирајќи го сообраќајот. Акциите потоа почнале да се одржуваат секојдневно. Блокадата се спроведувала од 11:52 часот, точното време на уривањето на настрешницата во Нови Сад, до 12:07 часот, за симболично да се одбележат 15-те загубени животи во катастрофата.

Студентски барања

[уреди | уреди извор]

Список на барања

[уреди | уреди извор]

Студентите ги објавиле своите барања преку Инстаграм-страницата Студенти во блокада, а помеѓу останатите, биле пренесени од дневниот весник Данас[4] и Б92:[5]

  1. Објавување на сите документи поврзани со реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад
  2. Отфрлање на обвиненијата против уапсените и приведените на протестите
  3. Поднесување кривична пријава против напаѓачите на студенти и професори
  4. Зголемување на буџетот за високото образование за 20 проценти

Краток пресек на важните случувања

[уреди | уреди извор]
  • 1 ноември 2024 — Уривање на настрешницата на железничката станица Нови Сад.
  • 5 ноември 2024 — Министерот за градежништво Горан Весиќ поднел оставка.
  • 5 ноември 2024 — Прв протестен марш на граѓани во Нови Сад.
  • 8 ноември 2024 — Блокада на Варадинскиот мост во Нови Сад.
  • 25 ноември 2024 — Студентите на Факултетот за драмски уметности изгласале блокада на факултетот на пленум.
  • 22 декември 2024 — Голем протест на плоштадот Славија.
  • 24 јануари 2025 — Одржан митинг на коалицијата околу владејачката партија во Јагодина, на кој говореше претседателот на Србија Александар Вучиќ.
  • 27 јануари 2025 — Блокада на Автокоманда на 24 часа.
  • 28 јануари 2025 — По нападот и нанесувањето тешки телесни повреди на една студентка, претседателот на владата Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ поднеле оставки. Оставката на Вучевиќ сè уште не е потврдена во Собранието.
  • 30 јануари 2025 — Група студенти тргнале пеш од Белград кон Нови Сад на протест на Мостот на слободата
  • 1 февруари 2025 — Блокада на Мостот на слободата на 27 часа.
  • 11 февруари 2025 — Група студенти пеш тргнале од Белград, Ниш, Краљево, Чачак и Нови Пазар кон Крагуевац на протестот што се одржал на празникот Сретение Господово.
  • 15 февруари 2025 — Одбележување на празникот Сретение Господово во Крагуевац. Истовремено во Сремска Митровица владејачката коалиција исто така го одбележала празникот, а тогаш била прогласена и декларација за Војводина.
  • 1 март 2025 — Протестен собир насловен „Студентски едикт“ во Ниш[6] Српскиот претседател Александар Вучиќ ја започнал посетата на Борскиот и Заечарскиот Округ.[7]
    1. Šljukić, Mihaela (16. 1. 2025). „Novi spin vlasti: Niko ne zna šta su zahtevi studenata”. Istinomer (на језику: српски). Приступљено 18. 1. 2025.
    2. „Arhiv javnih skupova: U koliko gradova u Srbiji su održani protesti od tragedije 1. novembra?“. Danas (српски). 2025-02-02. Посетено на 2025-02-02.
    3. Dinev, Ivaylo (29 January 2025). „The Student Revolt in Serbia: Vučić's Nemesis?“. Centre for East European and International Studies (англиски). Архивирано од изворникот на 29. 01. 2025. Посетено на 2025-02-02. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
    4. В.А. (25. децембар 2024.). „Који су захтеви студената?“. Данас. Архивирано од изворникот на 01. феб 2025. Посетено на 22. фебруар 2025.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date=, |archive-date= (help)
    5. „Studenti u blokadi rekli zahteve: Nećemo ni sa kim da razgovaramo – očekujemo da institucije rade svoj posao“. Б92. 26. децембар 2024. Посетено на 22. фебруар 2025.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
    6. Vojvodine, Javna medijska ustanova JMU Radio-televizija. „Završen protest "Studentski edikt" u Nišu, taksisti krenuli po studente“. JMU Radio-televizija Vojvodine (српски). Посетено на 2025-03-02.
    7. "HOĆETE IZBORE? IMAĆETE IH UVEK" Vučić u Boru: Uskoro ćemo celu Srbiju pozvati u Beograd (VIDEO)“. Танјуг. Блиц. 2. март 2025. Посетено на 2. март 2025.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)