Протести во Србија (2018-20)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Протести во Србија (2018-19))
Протести во Србија
Еден од симболите на протестот
Датум30 ноември 2018 – 16 март 2020
МестоСрбија Српска дијаспора[1][2]
Повод
Цели
Начинидемонстрации, граѓанска непослушност, граѓански отпор, немири, окупации на административни објекти, интернет активизам
СостојбаOngoing
  • Опозицијата потпиша „договор со луѓето“'
  • Демонстрантите упаднале во објектот на RTS на 16 март
  • Драгољуб Симоновиќ и Милутин Јеличиќ најавија оставки
Страни во судирот

Anti-government protesters

  • Граѓанско движење
  • Студентски и граѓански демонстранти

Опозициски партии:

Други:

Предводници
Број
Десетици илјади
Настрадани
18+ уапсени
неколкумина повредени
неколкумина повредени полицајци

Протестите во Србија —- претставуваат бран протести, започнати во 2018 година кои сè уште траат, познати под слоганите Стоп за крвавите кошули. Повод за протестите бил порастот на политичкото насилство од страна на власта. Првиот директен повод за протестите е физичкиот напад над опозициониот политичар Борко Стефанович. По првите протести во Белград, истите се рашириле низ повеќе градови низ Србија, како и во градови населени со српската дијаспора. Говорниците и организаторите на протестите најжестоко ја критикуваат ситуацијата во медиумите и функционирањето на институциите во државата.

Реакции и поддршка[уреди | уреди извор]

Учество на студентите[уреди | уреди извор]

Во медиумите во повеќе наврати било најавувано организирано учество на студенти од различни факултети во Белград, вклучувајќи ги Правниот факултет, Факултетот за политички науки, Фармацевтскиот факултет, Факултетот за драмски уметности, електротехничкиот факултет и други. Исто така, најавувано е и организирано учество на студенти од Универзитетот во Ниш на протестите. По повод денот на студентите (4 април), на 6 април била организирана посебна протестна прошетка од Студентскиот град во Нов Белград до зградата на Владата на Србија каде студентите им се придружиле на останатите учесници на протестот.

Учество на средношколците[уреди | уреди извор]

На 18 март, група ученици од Филолошката гимназија се упатиле во правец на една од полициските станици, затоа што нивниот школски другар Павле Цвејич бил уапсен во инцидентите претходните денови. Тие на властите им дале рок од 48 часа да го пуштат на слобода, најавувајќи дека ќе ги повикаат сите ?? на заеднички собир после тоа. Веќе од наредниот ден, учениците од Економското училиште во Ковин организирале самостоен предупредувачки протест.

Контроверзии[уреди | уреди извор]

Медиумско известување[уреди | уреди извор]

Една од поголемите контроверзии поврзани со овие протести бил начинот на известување од страна на телевизијата „Студио Б“ од протестот одржан на 8 декември. Во вечерната програма, која ја води главната уредничка на оваа телевизија, Ивана Вучичевич, се вклучила младата репортерка Барбара Животич и за протестот известила:

„Се наоѓаме тука на платото пред Филозофскиот факултет, има мал број на луѓе тука, далеку од очекуваното. Всушност се беше мирно, освен инцидентот каде луѓето се туркаа и удираа со чадори. Како што кажа (Ивана Вучичевич), секако дека тоа се очекуваше на ваков протест. Наводно, тоа требаше да биде спонтан, мирен протест на револтираните граѓани против насилството. Секако дека позади тој протест се наоѓа главниот финансиер, водачот на опозицијата, Драган Ѓилас, кој го финансираше тој протест и организираше и собра наводно личности кои не се поврзани со политичките партии со цел да се соберат поголем број граѓани. Многу помалку луѓе учествуваа на протестот. Пред тоа, пензионерите од Стар град се жалеја дека им стигнувале пораки токму од Драган Ѓилас, за да присуствуваат на протестот во што поголем број. Се жалеја дека биле вознемирувани во доцните часови и се прашуваа од каде го имаат нивниот број, затоа што нивните податоци тие никаде не ги објавиле. Како што кажав, протестот е организиран против насилството под паролата „Стоп за крвавите кошули“, што е големо, ама големо лицемерие, затоа што баш тие луѓе кои го организираат протестот повикуваат на линч, силување, насилство, државни удар и тоа го сметаме многу, многу, многу лицемерно. Поготово во ситуација каде што во нашата држава треба да биде мирна и стабилна ситуација поради целите случување на Косово и Метохија, секако тие организираат протести.


Ова предизвикало бура од коментари на друштвените мрежи и во медиумите, репортерката наишла на критики од бројни јавни личности како Сергеј Трифуновиќ, додека поддршка и изразил Александар Вучиќ. Во меѓувреме, музичарот Милан Станович, познат под прекарот SevdahBABY направил електронски музички ремикс на нејзината репортажа, од што настанала популарна песна.[3]

Реакција на властите[уреди | уреди извор]

Медиумски реакции[уреди | уреди извор]

Одговор на претседателот на Србија, Александар Вучиќ по повод протестите против него, ги одбил барањата на опозицијата и изјавил:

„Сакате избори? Што сакате? Јас нешто да ви попуштам, да попуштам на тие ваши глупости и за тоа што се залагате, нема. Не попуштив ни кога протестираа четири месеци. Однапред да ви кажам дека не ми паѓа на памет... Можете и пет милиони да се соберете, може да добиете избори и потоа да го исполнувате она што на народот му е ветено. Јас под притисоци нема да работам и по тоа се разликувам од сите други.[4]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Skupovi podrške protestima „1 od 5 miliona" večeras u Pragu i Beču“. Danas (српски). 2019-02-23. Посетено на 2019-02-23.
  2. „Prva šetnja "Jedan od pet miliona" u Čikagu“. N1 (српски). 2019-03-03. Архивирано од изворникот на 2019-03-06. Посетено на 2019-03-04.
  3. „N1: „SevdahBABY izveštaj novinarke Studija B Barbare Životić pretvorio u plesni hit". Архивирано од изворникот на 2019-02-12. Посетено на 2019-04-12.
  4. „I pet miliona da se skupi, nijedan zahtev neću ispuniti“. B92 9 декември 2018. Посетено на 16 декември 2018.