Протести во Казахстан (2022)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Протести во Казахстан во 2022 година — серија протести во Казахстан кои започнале на 2 јануари 2022 година по зголемувањето на цената на течниот нафтен гас (ТНГ). Протестите започнале во Мангистауската област, во Жанаозен, град кој произведува нафта, но брзо се прошириле и во другите градови во земјата, особено во најголемиот град Алмати, дополнително омасовени од зголеменото незадоволство од власта во Казахстан. Веќе на 5 јануари владата на Аскар Мамин поднела оставка.

Во протестите загинале повеќе од 150 луѓе, а казахстанските власти уапсиле повеќе од 7.500 лица.