Протатон
Изглед
| Протатон | |
|---|---|
![]() | |
| 40°15′26″N 24°14′43″E / 40.2572°N 24.2453°E | |
| Место | Karyes, Mount Athos |
| Земја | Greece |
| Вероисповед | Eastern Orthodox |
| Историја | |
| Основана | 10th century AD |
Црквата „Протатон“, позната и како „Успение Богородично“, се наоѓа во Кареја, административниот центар на Света Гора, Грција. Таа е средновековна православна црква и се смета за најстарата катедрала на полуостровот, изградена во првобитниот облик во X век. Посветена е на Успението на Пресвета Богородица, чиј празник се прославува свечено на 15 август.
Историја
[уреди | уреди извор]Според преданието, црквата била основана од св. Константин Велики во 335 година, иако во тоа време монаштвото на Атон не било развиено. Во X век храмот бил обновен, а во текот на вековите претрпел неколку реконструкции. Денес, таа е главна црква на светогорската заедница и седиште на Протатонот, управното тело на Света Гора.
