Прометеј (филм од 2012)
„Прометеј“ | |
---|---|
![]() Плакатот на македонски јазик | |
Режисер | Ридли Скот |
Продуцент | Ридли Скот Дејвид Гилер Волтер Хил |
Сценарист | |
Главни улоги | Номи Рапас Мајкл Фасбендер Гај Пирс Шарлиз Терон Идрис Елба |
Музика | Марк Стрејтенфилд |
Кинематографија | Дариуш Волски |
Монтажа | Пјетро Скалија |
Студио | |
Дистрибутер | 20th Century Fox |
Премиера | 1 јуни 2012 г. (Обединето Кралство) 8 јуни 2012 г. (САД и Македонија) |
Времетраење | 124 минути[1] |
Земја | ![]() ![]() |
Јазик |
|
Буџет | 120 — 130 милиони долари[2] |
Бруто заработка | 403,4 милиони долари |
Следен | Осмиот патник: Ковенант |
Прометеј (англиски: Prometheus) — американски научнофантастичен филм на ужасите од 2012 г. во режија на Ридли Скот. Првично наменет како предисторија на филмот „Осмиот патник“ од 1979 г., подоцна бил преобразен во самостоен филм, станувајќи првиот во трилогијата од предисторија.[3] Заплетот на филмот ја раскажува приказната за тоа како, на крајот на XXI век, вселенскиот брод „Прометеј“ тргнува кон ѕвезден систем, чиј образ истражувачите го откриле меѓу карпестите слики на различни древни цивилизации што не биле поврзани една со друга. Во потрага по одговори на прашањето за човечкото потекло, екипажот на бродот пристигнува на далечна планета, каде открива закана што може да доведе до исчезнување на човечкиот вид.
Премиерата на филмот во САД и Македонија била на 8 јуни 2012 г.[4]
Содржина
[уреди | уреди извор]Екипа од истражувачи откриваат трага за потеклото на човечкиот вид што ги води на напнато патување во темните делови на вселената, каде што ќе се вклучат во застрашувачка битка од која зависи опстанокот на човештвото. Експедицијата ја водат двајца генијални млади научници, Елизабет Шо и Чарли Холовеј, со спротивни поводи. Елизабет е верничка, таа сака да ги запознае овие „богови“ за да се доближи до нејзините традиционални верски ставови, додека Холовеј сака да го открие тој вид духовност.
Во нивната работа како археолози, тие откриваат траги во пештерските пиктограми од древните цивилизации низ целиот свет, сите укажувајќи на истото место во далечната вселена и ја убедуваат корпорацијата „Вејланд индустрис“ да ја финансира мисијата. Ниту еден од научниците не е подготвен за незамисливите ужаси што ги чекаат.
Улоги
[уреди | уреди извор]Глумец | Улога |
---|---|
Номи Рапас | Елизабет Шо |
Мајкл Фасбендер | Дејвид |
Шарлиз Терон | Мередит Викерс |
Идрис Елба | Џанек |
Гај Пирс | Питер Вејланд |
Логан Маршал-Грин | Чарли Холовеј |
Шон Харис | Фајфилд |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Prometheus“. bbfc.co.uk. British Board of Film Classification. 10. 5. 2012. Архивирано од изворникот на 16. 06. 2012. Посетено на 10. 5. 2012.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=, |archivedate=
(help) - ↑ Galloway, Stephen (May 16, 2012). „Return of the 'Alien' Mind“. The Hollywood Reporter. Prometheus Global Media. Архивирано од изворникот на 20. 05. 2012. Посетено на 16. 5. 2012.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=, |archivedate=
(help) - ↑ „Prometheus: what on Earth has Ridley Scott created?“. Архивирано од изворникот 2013-06-05. Посетено на 2013-06-04.
- ↑ „Прометеј | Окно.мк“. okno.mk. Архивирано од изворникот 2025-01-29. Посетено на 2025-01-29.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Прометеј (филм од 2012) на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)