Промена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Промена е збор што се користи да се опише преминот од исто во различно.

Промената, квалитетот на непостојаноста и на текот имала прошарана историја како концепт. Во старогрчката филозофија, додека Хераклит ја сметал промената за секогаш присутна и за сеопфатна, Парменид го негирал нејзиното постоење.

Овидиј имал големо значење за класичното тематско сфаќање на промената како метаморфоза со пишувањето на неговите Преобразби.

Птоломејската астрономија предвидувала главно статичен универзум, со случајни промени ограничени во помалку вредните сфери.

Средновековната мисла гаела голема почит кон авторитетот и откровението, значително стеснувајќи било каков поттик за промена

Исак Њутн и Готфрид Лајбниц ги искористиле математичките концепти во калкулус|калкулусот за да добијат математички модели на промената. Ова претставувало голем чекор во разбирањето на текот и варијацијата.

Со појавата на индустријализацијата и капитализмот, важноста на иновацијата растела, и социјалните и политичките пресврти и притисоци често предизвикувале промена со насилна револуција (како во Северна Америка и во Франција на крајот од 18 век). На крајот од 20 век, бизнис и Њу Ејџ размислувањата ентузијастички се фокусирале на трансформација во менаџментот, во функцијата и во менталните ставови, игнорирајќи или омаложувајќи ја промената во општеството или во геополитиката.

Културните ставови кон промената, сама по себе, може да припаѓаат на следниве две категории:

Промената може да бара организмите и организациите да се адаптираат (видете: Еволуција).