Прејди на содржината

Пролетна песна

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Пролетна песна“ (српскохрватски: Пролећна песма) – филм на режисерката Наталија Аврамовиќ од 2021 година. Главните улоги ги играат: Михаела Стаменковиќ, Иван Ѓорѓевиќ Џуди, Светозар Цветковиќ и Милан Колак.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Петра е млада режисерка, самохрана мајка, која по разводот се труди да го доведе својот живот во ред. Таа го реновира станот и подготвува документарен филм за Десанка Максимовиќ. Смртта на татко ѝ предизвикува во неа некои процеси за кои во почетокот воопшто не е свесна. Нејзините пријатели ја повикуваат во родниот град на прославата на 15-годишнината од матурата, а најдобрата пријателка се мажи на Ада Бојана. Таа се зближува со Вук, кој во неа буди романтични чувства. Со старото друштв, Петра доживува емотивно возбудување, кога доаѓа во допир со сопствената отуѓеност, што уште повеќе ја врзува за Вук. По лудата свадба на морето, додека гола лежи на пескот, Петра доживува катарза и ја ослободува својата болка додека пеперутката, која ја следи во текот на целиот филм, одлетува од неа. Ослободена од совеста, таа е коначно подготвена да ги рашири крилата.