Пролетна еребија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пролетна еребија
Woodland Ringlet (14598413335).jpg
Горна страна
Долна страна
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Шаренци
Род: Erebia
Вид: E. medusa
Биномен назив
Erebia medusa
(Denis & Schiffermüller, 1775)
Синоними[2]

Пролетната еребија (Erebia medusa) е пеперуга од видот на шарени пеперуги.

Подвидови[уреди | уреди извор]

Подвидови на пролетната еребија се:[3]

  • Erebia medusa brigobanna Fruhstorfer, 1917
  • Erebia medusa euphrasia Fruhstorfer, 1917 (од Бугарија до Босна)
  • Erebia medusa hippomedusa (Alps) [4]
  • Erebia medusa medusa
  • Erebia medusa psodea Hübner, 1804 (Источна Европа, Кавказ)
  • Erebia medusa schansiana Goltz, 1937
  • Erebia medusa transiens Heyne, 1895
  • Erebia medusa turkestana Eisner, 1946
  • Erebia medusa uralensis Staudinger, 1871

Животна средина[уреди | уреди извор]

Овој вид на пеперутки живее во скоро цела Европа, вклучително и Македонија, па сè до западна Азија.[5] Овие пеперуги сакаат чисти и тревни површини, најчесто влажни средини. Претпочитаат сончеви средини на надморска висина од 300 до 2300 метри.[6][7]

Опис[уреди | уреди извор]

Пролетната еребија има распон на крилја од 44 до 52 мм.[8] Антените се малку заоблени. Крилјата на горната страна се темнокафени. Покрај краевите има портокалови шари со црни дамки и бели зеници. Бројот на дамките варира. Женките се најчесто посветли.[6] T Јајцата се бели. Гасениците достигнуваат 20 мм должина и се зеленкасти.

Биологија[уреди | уреди извор]

Женките ги полагаат јајцата единечно или во мали групи. Гасениците се хранат со Gramineae, Digitaria, Milium effusum, Panicum, Setaria, Brachypodium, Festuca и Bromus .[3] Возрасните единки летаат од мај до август.[7] Овој вид на пеперуги презимува како гасеница една или две години, завиди од надморската висина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. INPN taxonie
  2. Lepiforum.de
  3. 3,0 3,1 "Erebia Dalman, 1816" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
  4. Tom Tolman, Richard Lewington, Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord, Delachaux et Niestlé, 1998 - ISBN 2603011146
  5. Fauna europaea
  6. 6,0 6,1 Papillon du Poitou-Charentes
  7. 7,0 7,1 „Butterfly Guide“. Архивирано од изворникот на 2019-07-22. Посетено на 2021-01-25.
  8. David Hastings' Butterfly Photos

Литература[уреди | уреди извор]

  • M. Chinery et P. Leraut, Photoguide des papillons d'Europe, Delachaux et Niestlé (ISBN 2-603-01114-6)
  • Stuhldrehrer, G. & T. Fartmann (2015): Oviposition-site preferences of a declining butterfly Erebia medusa (Lepidoptera: Satyrinae) in nutrient-poor grasslands. — European Journal for Entomology 112(3): 493–499
  • Tom Tolman, Richard Lewington, Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord, Delachaux et Niestlé, 1998 - (ISBN 2603011146)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]