Прејди на содржината

Пролетен граор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пролетен граор
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Бобовидни
Семејство: Бобови
Род: Граор
Вид: Пролетен граор
Научен назив
Lathyrus vernus
(L.) Bernh.
Синоними[1]
  • Orobus vernus L.

Пролетен граор (латински: Lathyrus vernus) — вид цветно тревесто повеќегодишно растение од родот Lathyrus, по потекло од шумите во Европа и Сибир. Напролет образува густа туфа од зашилени листови со виолетови цветови, кои со стареењето преминуваат во зеленикаво-сина боја.[2]

Овој вид,[3] како и неговата сорта „Alboroseus“,[4] ја имаат добиено Наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.

Lathyrus vernus е повеќегодишно растение со исправено, некрилесто стебло, кое расте од 20 до 40 см и е речиси без влакна. Листовите се наизменично распоредени, со кратки дршки и големи, широки прилисници. Листовите се парно-перјести, со два до четири пара овални и заострени ливчиња со тапи врвови, цели рабови и без мустачиња за качување. Соцветието има долго стебло со три до десет виолетово-црвени цветови; секој цвет е долг од 13 до 20 мм и добива посина нијанса како што старее. Цветовите се неправилни, составени од пет чашкини и пет венечни ливчиња. Најгорното венечно ливче е познато како „знаменце“, страничните две како „крилца“, а најниските две се споени и ја образуваат „лаѓичката“. Цветот има десет прашници и една карпела. Плодот е долга, кафеава мешунка со должина до 60 мм, која содржи од осум до четиринаесет отровни семиња. Ова растение цвета рано во годината, во мај и јуни. Може да се разликува од горчливиот граор (L. linifolius) и црниот граор (L. niger) по ширината на неговите овални ливчиња. Растението не венее по цветањето, туку продолжува да расте сè до есен.[5]

Распространетост и живеалиште

[уреди | уреди извор]

Пролетниот граор е природно распространет во Европа и делови од Северна Азија. Негово типично живеалиште се широколисни шуми, шумски рабови, шумски насади и чистини.[5]

Во Македонија расте по пасишта и камењари на надморска височина до 2000 метри. Се посочува за неколку места, но до денес се семта дека некои податоци треба да бидат прифатени со резерва.[6]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ The Plant List: A Working List of All Plant Species, Посетено на 17 јули 2016
  2. ↑ RHS A-Z encyclopedia of garden plants. United Kingdom: Dorling Kindersley. 2008. стр. 1136. ISBN 978-1405332965.
  3. ↑ „RHS Plant Selector - Lathyrus vernus“. Royal Horticultural Society. Посетено на 30 September 2020.
  4. ↑ „RHS Plant Selector - Lathyrus vernus 'Alboroseus'“. Royal Horticultural Society. Посетено на 30 September 2020.
  5. 1 2 „Spring vetch: Lathyrus vernus“. NatureGate. Посетено на 2013-12-31.
  6. ↑ Мицевски, Кирил (2001). Флора на Република Македонија Том I, св. 5. Скопје: МАНУ. стр. 1235–1236.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]