Пролетен гороцвет
Пролетен гороцвет | |
---|---|
![]() | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Лутиковидни |
Семејство: | Лутичиња |
Род: | Гороцвет |
Вид: | Пролетен гороцвет |
Биномен назив | |
Adonis vernalis L. |
Пролетниот гороцвет (науч. Adonis vernalis) — повеќегодишно цветно растение од семејството лутичиња (Ranunculaceae) што вирее на суви ливади и степи во Евроазија. Се среќава и во помали изолирани подрачја во Шпанија на запад до средна и јужна Европа и до Шведска на север. Главните области на распространетост се Панонската Низина и Западносибирската Низина.[1]
За разлика од највеќето други европски видови на гороцвет, цветовите на ова растение се појавуваат на пролет, имаат пречник од 80 мм и по 20 светложолти ливчиња.
Растението е отровно бидејќи содржи соединенија погубни за срцето како адонидин и аконитна киселина,[2] но се употребува како украсно растение.[3]
Во Македонија[уреди | уреди извор]
Во Република Македонија растението е присутно само во околината на Куманово.[4]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Den virtuella floran: Adonis vernalis“. Посетено на 17 април 2006.
- ↑ „King's American Dispensatory: Adonis“. Посетено на 17 април 2006.
- ↑ Bailey, L. H. (2005). Manual of Gardening (II изд.). Проект Гутенберг.
- ↑ Гороцвет, пролетен“, „Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 382.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Пролетен гороцвет на Ризницата ?
Adonis vernalis на Викивидовите ?
- Пролетен гороцвет (Adonis vernalis) — Енциклопедија на живиот свет (македонски)
- Пролетен гороцвет (Adonis vernalis) Архивирано на 3 март 2016 г. - TopWalks (англиски)