Проект Ризе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Complex Książ The air raid shelter in Głuszyca Complex Jugowice Complex Włodarz Complex Soboń Complex Rzeczka Complex Osówka Complex Sokolec
Проект Ризе. Кликни на локација за да го видиш дијаграмот на подземните тунели.

Ризе (германски Riese, „гигант“) е име на градежниот проект на Нацистичка Германија во 1943–1945 година, што се состои од седум подземни структури лоцирани во Був планините и во замокот Ксенж во Долна Шлезија, некогаш во состав на Германија, сега на територија на Полска.

Ниеден не е завршен, и сите се оставени во различни фази со мал процент на тунели обложени со бетон.

Целта на проектот останува нејасна, поради недостиг на документи. Некои извори сугерираат дека сите градби биле дел од главниот штаб на фирерот;[1][2][3] според други, комбинација на штаб и индустријата за оружје[4][5] но споредбата со слични објекти, укажува дека само замокот бил претворен во штаб или друг вид на официјален простор, а дека тунелите во планината Був се планирани како дел од мрежа на подземни фабрики.[6][7][8]

При изградбата биле користени принудни работници, воени заробеници, како и затвореници од концентрационите логори, од кои многумина ги загубиле своите животи најмногу поради болести и недоволна исхрана.

Историјат[уреди | уреди извор]

Комплекс Рзецка

Како што се зголемувале воздушните напади на Сојузниците, Нацистичка Германија преместила огромен дел од стратешкото вооружување на посигурни места, вклучувајќи ја Судетската област.[9][10][11] Плановите за заштита на важната инфраструктура вклучувале исто така и преместување на фабриките за оружје во подземни бункери[12][13][14] како и изградба на скривници од воздушен напад за службениците на владата.[15]

Во септември 1943 година, Министерот за вооружување и воено производство Алберт Шпер и постариот менаџер на организацијата Тод започнале преговори за проектот Ризе.[16] Била основана Шлеска индустриска компанија (Schlesische Industriegemeinschaft AG) која ќе раководи со работите.[17][18][19] Во ноември биле оформени колективни кампови (Gemeinschaftslager) за принудните работници,[20] главно донесени од Советскиот сојуз и Полска, воени заробеници од Италија,[21][22] Советскиот Сојуз,[23][24] и подоцна од Полска, како резултат на Варшавското востание[25][26].

Изградена е мрежа од патишта, мостови и пруги со тесен колосек, со што се поврзувале градилиштата со околните железнички станици. Затворениците ги надополнувале градежните материјали, сечеле дрва, копале резервоари и ги сушеле рововите. Биле градени мали брани на потоците кои служеле за системите за вода и отпад.[20] Подоцна, биле бушени и уривани со експлозив камењата од планините, а тунелите кои се создавале биле обложени со бетон и челик.[27] За оваа цел биле вработувани минери, најчесто Германци, Италијанци, Украинци и Чеси, но најопасната и најисцрпувачкатаработа ја вршеле затворениците.[28]

Замок Ксенж

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Speer 1970, стр. 217.
  2. Below 1990, стр. 352.
  3. Short 2010, стр. 14, 23.
  4. Seidler & Zeigert 2004, стр. 218–219.
  5. Kosmaty 2006, стр. 146.
  6. Aniszewski & Zagórski 2006, стр. 143.
  7. Gutterman 1982, стр. 122–124.
  8. Kalarus 1997a, стр. 5.
  9. Complex Riese 2006, стр. 6.
  10. Aniszewski & Zagórski 2006, стр. 5.
  11. Kalarus 1997b, стр. 4.
  12. Gutterman 1982, стр. 121–122.
  13. Underground Factories in Germany, стр. 1.
  14. Kalarus 1997c, стр. 3.
  15. Aniszewski & Zagórski 2006, стр. 6.
  16. Seidler & Zeigert 2004, стр. 218.
  17. Gutterman 1982, стр. 120.
  18. Kalarus 1997c, стр. 4.
  19. Kajzer 2013, стр. 14–15.
  20. 20,0 20,1 History of AL Riese.
  21. Aniszewski & Zagórski 2006, стр. 24.
  22. Kajzer 2013, стр. 16.
  23. Kalarus 1997b, стр. 5.
  24. Maszkowski 2007, стр. 10.
  25. Seidler & Zeigert 2004, стр. 223.
  26. Short 2010, стр. 14.
  27. Aniszewski & Zagórski 2006, стр. 26–28.
  28. Kosmaty 2006, стр. 151–152.