Проект Лингва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Проект Лингва
200px-Linguabadge-general-445.gif
Основанајануари 2007
ЦелОвозможува комуникација помеѓу блогерите со преведување написи од Глобал војсис онлајн
Службени јазициалбански, арапски јазикарапски, бенгалски, германски, италијански, јапонски, кинески (упростен и традиционален), македонски, малгашки, персиски, португалски, француски, хинди, шпански
Матична организацијаGlobal Voices Online
Доброволци50
Мреж. местоmk.globalvoicesonline.org/lingua

Проектот Лингва е онлајн заедница за преведување, формирана во 2007 година, со цел да ги преведува написите од глобалниот проект за граѓански медиуми Глобал војсис онлајн, од англиски на други јазици, овозможувајќи комуникација помеѓу блогерите од целиот свет. Проектот моментално преведува на 15 различни јазици и неговиот тим е составен од приближно 50 влонтери преведувачи и уредници. Проектот Лингва е голема заедници за преведување, базирани на волонтерство, која постојано се проширува. [1][2]

Почеток на проектот[уреди | уреди извор]

Проектот Лингва започна како иницијатива од тајванскиот блогер Портноѕ Зенг, кој започна со преведување на написите на Глобал војсис на кинески во септември 2005. [3]Иницијалната идеја стана проект на самитот на Глобал војсис во декември 2006, каде му беше дадено името „Лингва“. Од тогаш, овој проект се има драстично проширено.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Chris Salzberg, "Translation and Participatory Media: Experiences from Global Voices," Translation Journal, July 2008.
  2. Ethan Zuckerman, "Language and translation on Global Voices," My heart's in Accra, 16 декември, 2006.
  3. Paula Góes, "Portnoy Zheng: The blogger who inspired the world to talk together," Global Voices Online, February 10th, 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]