Продром (Мегленско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Продром
Πρόδρομος
Црквата во селото Продром
Црквата во селото Продром
Продром is located in Грција
Продром
Продром
Координати: 41°02′N 22°12′E / 41.033° СГШ; 22.200° ИГД / 41.033; 22.200Координати: 41°02′N 22°12′E / 41.033° СГШ; 22.200° ИГД / 41.033; 22.200
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаМеглен
Општ. единицаКапињани
Надм. вис.&10000000000000240000000240 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно88
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Продром (грчки: Πρόδρομος, Продромос) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на североисточните падини на планината Пајак, на надморска височина од 240 метри.[2]

Низ селото тече реката Мегленица, која наводнува добар дел од обработливите површини.[2]

Сместено е во областа Меглен, мала котлина помеѓу планините Кожуф на исток, Пајак на југоисток и Ниџе на северозапад, на околу 7 километри североисточно од селото Капињани.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото до 1924 година било населено исклучително со македонско население, кое во немирните години заради поголема семејна и имотна сигурност ја сменило верата и се исламизирало.[2]

Селото си го задржало христијанското име и по исламизацијата.[3]

Во 1924 година, муслиманското население од селото Продром, во согласност со Лозанскиот договор, принудено да се исели во Турција, а на негово место грчките власти населиле бегалски семејства од Источна Тракија.[2] Според пребројувањето од 1928 година, селото било чисто бегалско со 53 бегалски семејства со вкупно 202 жители.[4]

За време на Граѓанската војна, во зимата 1947 година неговите жители принудно биле преселени од грчките монархистички власти во селата Фуштани и С’ботско, а по нормализирањето на ситуацијата, повеќето од нив не се вратиле во селото.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Продром е мошне богато село, кое произведува овошје, тутун, жито и други земјоделски производи.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Продром живееле 430 Македонци-муслимани.[2][5]

Во 1920 година, Продром е посочено со 71 муслиманска куќа.[2][6]

Селото во пописот од 1913 година било забележано со 375, а во 1920 година со 335 жители. По 1924 година се случила размена на населението, па така муслиманското население принудно било иселено во Турција, а на негово место биле доселени грчки бегалци од Источна Тракија. Според пописот од 1928 година, селото како чисто бегалско имало 202 жители, а во 1940 година 310 жители. Продром настрадало во Граѓанската војна, така што во зимата 1947 година неговите жители принудно биле преселени од грчките монархистички власти во селата Фуштани и С’ботско, а по нормализирањето на ситуацијата, повеќето од нив не се вратиле во селото. Во 1951 година било забелажано со 178 жители. Во 1961 година имало 205, во 1971 година 165, во 1981 година 127, а во 1991 година 157 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 186 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 88 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 310 178 205 165 127 157 186 88
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Новоселци, во кој покрај селото Продром, влегува и селото Новоселци.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на населението од 2011 г. Трајно население". Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 97. 
  3. 3,0 3,1 "Ο Πρόδρομος" (грчки јазик). Δήμος Εξαπλατάνου. конс. 21 март 2016. 
  4. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  5. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 148.
  6. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонја - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927 (διοικητικά όρια 1911)

Белешки[уреди | уреди извор]