Продажна промоција

Од Википедија — слободната енциклопедија

Продажна промоција претставува промотивен метод кој користи крaткотрајни техники за да ги убеди членовите на таргет групата да одговорат на соодветен начин или да преземат некоја акција. Како награда, маркетарите им нудат нешто од вредност на оние кои одговараат, обично, во вид на пониски трошоци на сопственост за купениот производ (пр. Пониска куповна цена, враќање на пари) или пак додаток на одредени материјали од вредност (пр. Нешто повеќе за истата цена).[1] Продажната промоција има за цел да им понуди на потрошувачите дополнителна вредност, како вид на потик да се генерира моментална продажба. Овие потикнувања може да им бидат упатени на потрошувачите, на дистибутерите, агентите и членовите на продажниот тим. Ваквиот вид на промоција, за разлика од рекламата, не вклучува плаќање на надоместок на медиумите. Трошоците на промоција се генерирани директно од организацијата која ја иницира ваквата активност. Техники кои се користат при продажна промоција можат да бидат поделени на:

Постојат повеќе причини за употреба nа продажна промоција:[2]

  • Придобивање на нови потрошувачи- Ваквите промоции се корисни за потикнување на нови производи и за одбрана на местото на полиците од идни и сегашни потрошувачи.
  • Намалување на ризикот на дистрибутерите- Паричните средства кои производителите им ги посветуваат на нив со цел да го намалат нивниот ризик за чување на залиха на нови производи.
  • Наградување на однесување- Тие можат да понудат награди за претходните купувања кои потрошувачите ги извршиле.
  • Задржување- Тие можат да потикнат интерест и да првлечат потенцијални купувачи, но и да ги охрабрат истите да дадат лични податоци кои би биле искористени во понатамошни промотивни активности.
  • Додавање вредност- Ваквите активносто можат да додадат дополнителна вредност која ќе охрабри повторно купување или пак причина за купување.
  • Потик за акција- Ваквите активности можат да остават впечаток на итност кај потрошувачите да купат додека производот се нуди под некој вид на продажна промоција. Тие нудат интерест и возбудување на местото на продажбата на производи кои се наоѓаат во фазата на зрелост.
  • Подобрување на ефикасноста- Продажната промоција им овозможува на производителите да го искористат својот неискористен капацитет и да се прилагодат на потрошувачката и понудата или на чувствителноста на цените на суровините или на другите трошоци на инпутите, во исто време одржувајќи ја иста продажната цена.
  • Интеграција- Обезбедува начин на поврзување на другите алатки на промоцијата.
  • Асистирање при сегментирање- Тие им овозможуваат на производителите да вршат ценовна дискриминација помеѓу потрошувачките сегменти кои се разликуваат во ценовна чувствителност.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-03-23. Посетено на 2009-03-30.
  2. Clarke. A, Promotions and incentives,2001