Прејди на содржината

Продавницата на главната улица

Од Википедија — слободната енциклопедија

Продавницата на главната улица (чешки/словачки: Obchod na korze) — чехословачки филм од 1965 година за aријанизациската програма за време на Втората светска војна во Словачката Република.

Филмот бил напишан од Ладислав Гросман, а режиран од Јан Кадар и Елмар Клос. Овој филм бил финансиран од чехословачката централна власт, продукцијата на филмот е во филмското студио „Барандов“ во Прага, снимањето било со словачка екипа во градот Сабинов во североисточна Словачка и на звучната сцена „Барандов“. Главни актери се Јозеф Кронер во улога на словачкиот столар Тоно Бртко и полската глумица Ида Каминска во улога на еврејската вдовица Розалија Лаутманова.

Овој филм ја освоил наградата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 1965 година,[1] а глумицата Ида Каминска била номинирана една година подоцна за најдобра глумица во главна улога. Филмот бил пријавен на Канскиот филмски фестивал во 1965 година.[2]

За време на Втората Светска Војна во мало гратче во Првата Словачка Република (клиентска држава на Нацистичка Германија), добриот словачки столар Антонин „Тоно“ Бртко бил избран од неговиот зет, кој има влијателна позиција во локалната фашистичка влада, за да ја земе продавницата за шиење (т.е. продавница за галантерии) во сопственост на постарата еврејска вдовица Розалија Лаутманова, како дел од напорите за аријанизација во земјата. Бртко непрестајно се бори да ѝ објасни на Лаутманова, која е речиси глува, несвесна за надворешниот свет и генерално збунета, дека сега тој е нејзин надзорник. Во моментот влегува Имрих Кучар, пријател на Бртко и Словак кој се спротивставува на аријанизацијата, и го информира Бртко дека бизнисот кој го има земено е непрофитабилен и дека Лаутманова зема донации за да може да преживее. Кучар ѝ кажува на Лаутманова дека Бртко дошол да ѝ помогне и го поврзува со раководството на еврејската заедница во градот, кои се согласуваат да му плаќаат редовна плата за да остане официјален ариевски контролор на продавницата, бидејќи, ако даде отказ, може да биде заменет со некој помилитантно фашист или антисемит.

Бртко омекнува и ѝ дозволува на Лаутманова да продолжи да ги води работите во нејзината продавница.Тој поголемиот дел од времето го поминува поправајќи го нејзиниот мебел или несоодветно обидувајќи се да ѝ помогне со муштериите, а притоа и двајцата почнуваат да развиваат близок однос. Бртко разбира дека властите ќе ги соберат еврејските граѓани од градот и ќе ги пренесат масовно на друго место, тој тоа го крие од Лаутманова и на почетокот размислува да ја скрие, но почнува да го доведува во прашање овој тек на дејствување кога всушност започнува апсењето. Започнува да пие постојано, за на крајот ја изгуби храброста и се обидува да ја принуди Лаутманова да им се придружи на нејзините пријатели на улицата. Таа конечно сфаќа дека се случува погром и паничи. Бртко ја брка низ продавницата, но застанува и се засрамува од себе откако ги гледа другите негови еврејски соседи како всушност се одведени. Гледајќи некои војници како се упатуваат кон продавницата, ја фрла Лаутманова, која е во бес, во плакар за да ја скрие. Војниците само погледнуваат низ прозорецот и продолжуваат да одат. Кога сето ова завршува Бртко ја отвора вратата од плакарот, и го открива мртвото тело на Лаутманова. Тој е скршен, и се беси. Филмот завршува со фантастична сцена во која сега починатата Лаутманова и Бртко трчаат и танцуваат заедно низ градскиот плоштад.

Актер Улога
Јозеф Кронер (1924–1998) Антонин „Тоно“ Бртко, столар
Ида Каминска (1899–1980) Розалија Лаутманова, сопственик на продавница за копчиња
Хана Сливкова (1923–1984) Евелина Брткова, сопругата на Тоно
Мартин Холи постариот (1904–1965) Имрих Кучар, пријател на Тоно и Розалија и член на отпорот
Франтишек Зварик (1921–2008) Маркуш Колкотски, шурата на Тоно и градскиот командант
Елена Папова-Зварикова (1935–1974) Ружена „Рожика“ Колкотска, сопругата на Маркуш и сестрата на Евелина
Адам Матејка (1905–1988) Пити-бачи (чичко Пити), градскиот гласник
Мартин Грегор (1906–1982) Г-дин Кац, бербер
Франтишек Пап (1930–1983) Г-дин Андориќ, сосед на Розалија и вработен во железницата
Гита Мишурова (р. 1929) Г-ѓа Андоричова, сопругата на г. Андорич
Еуген Сенај (1901–1981) Г-дин Блау, издавач и благајник на еврејската заедница
Лујза Гросова (1917–1981) Госпоѓа Елијашова, сосетката на Розалија
Ј. Мителман Даниел „Данко“ Елијаш, син на г-ѓа Елијашова
Микулаш Лаџински (1923–1987) Маријан Питер, офицер од паравоената гарда
Алојз Крамар (1916–1985) Балко-бачи (чичко Балко), диригент на дувачки оркестар
Тибор Вадаш (1908–1987) Тутунар

„Продавницата на главната улица“ е снимен на локација во градот Сабинов во североисточна Словачка во присуство на бројни статисти од градот, чии гласови внесуваат навестувања од источната регионална варијанта на словачкиот јазик . Полскиот акцент на Ида Камињска е употребен за истиот ефект.

Сценарио

[уреди | уреди извор]

Сценариото имало двојазична чешко/словачка историја. Сценаристот Ладислав Гросман (1921–1981) кој бил роден и израснат во Словачка, во тој период од својата кариера пишувал на чешки јазик. Тој ја објавил кратката приказна „Стапицата“ („Минато“), претходник на сценариото кое содржело три теми кои влегле во финалниот филм, на чешки јазик во 1962 година. Тој ја преработил и проширил оваа приказна, сè уште на чешки јазик, како книжевно-наративно сценарио кое било објавено во 1964 година под наслов „Продавницата на главната улица“ (Obchod na korze). Оваа верзија го содржела она што ќе стане приказната на филмот, но не била во типичен (американски) формат на сценарио. Гросман ја преработил во сценарио за снимање со словачки дијалог во соработка со назначените режисери на филмот, Јан Кадар и Елмар Клос.

Единствениот друг јазик во филмот, освен словачкиот, е јидиш (кој понекогаш погрешно се идентификува како германски), иако ова е ограничено на неколку реплики што г-ѓа Лаутманова си ги мрмори. Нејзиното хебрејско читање од сидурот е нејасно.

Продукција

[уреди | уреди извор]

Филмот всушност претставува заеднички напор помеѓу Чехословачката Социјалистичка Република и Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Соработката помеѓу овие земји се должела на тешкотиите со кои режисерите се соочувале во обезбедувањето финансии и логистика во Чехословачка. Југославија понудила и финансиска поддршка и пристап до локации кои многу личеле на воената словачка сцена од приказната. Главната локација за снимање било живописното село Сабинов во Словачка, што претставувало идеална сцена за измислениот град прикажан во филмот.

Музиката за филмот била компонирана од Зденек Лиска. Оваа музика вклучува ноти од традиционална музика во стилот на дувачки оркестар што била вообичаена во Чехословачка во текот на 1940-тите. Саундтракот е издаден на плоча во САД - првиот чехословачки филмски саундтрак што доживеал такво издание.[3]

Критичарите во својата рецензија во тоа време го пофалиле филмот за неговото исцрпно истражување на човечката психа во услови на тешки околности. На Rotten Tomatoes, филмот има рејтинг на одобрување од 100%, врз основа на 15 рецензии, со просечна оценка од 9,0/10.[4] „Продавницата на главната улица“ како филм бил пофален заради неговата способност да се движи помеѓу хуморот и трагедијата, честопати користејќи црн хумор за да истакне колку е апсурдна ситуацијата.

  1. „The 38th Academy Awards (1966) Nominees and Winners“. oscars.org. Посетено на 2011-11-06.
  2. „Festival de Cannes: The Shop on Main Street“. festival-cannes.com. Посетено на 2009-03-05.
  3. „Music by Zdeněk Liška“.
  4. „The Shop on Main Street - Rotten Tomatoes“. www.rottentomatoes.com (англиски). 1966-01-24. Посетено на 2023-09-06.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]