Програма (филм од 2015)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Програма (англиски: The Program) - британско-француски филм од 2015 година, во режија на Стивен Фрирс. Главните улоги ги играат: Ли Пејс, Џеси Племонс, Бен Фостер, Дастин Хофман, Брајан Гринберг, Гијом Кане, Лора Донели итн. Филмот е снимен според романот „Седумте смртни грева“ на Дејвид Волш.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Филмот е документарна драма за допингот на велосипедистот Ленс Армстронг. Еден ирски спортски новинар е убеден дека Армстронг користи допинг и така победува на „Тур де Франс“. Тој тргнува во потрага по докази за допингот, иако се соочува со судски процес во кој неговиот весник треба да плати отштета. Цело време, Армстронг ги негира обвинувањата, но еден негов колега, кој паѓа на тестот за допинг, конечно ја открива вистината.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Програма“, Hotel Cinedays. Скопје: Младински културен центар, 2015, стр. 48.
  2. „Програма“, Hotel Cinedays. Скопје: Младински културен центар, 2015, стр. 48.