Пробсцела
| Пробсцела | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Тирингија |
| Округ | Залфелд-Рудолштат |
| Општ. заед. | Шифергебирге |
| Месни единици | 20 |
| Градоначалник | Свен Мехтолд (СДП) |
| Основни податоци | |
| Површина | 74,34 км2 |
| Надм. височина | 340 м |
| Население | 2.721 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 37 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | SLF |
| Пошт. бр. | 07330 |
| Повик. бр. | 036735 (Пробсцела, Марткгелиц), 036734 (Лихтентане), 036731 (Унтерлоквиц) |
| Портал | www.einheitsgemeinde-probstzella.de |
| Местоположба на Пробсцела во рамките на округот Залфелд-Рудолштат | |
![]() | |
| Координати | 50°31′57″N 11°22′43″E / 50.53250°N 11.37861°E |
Пробсцела (германски: Probstzella) — општина во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија.
Општината претставува административно седиште на општинската заедница Шифергебирге.
Географија
[уреди | уреди извор]Пробсцела се наоѓа на Тириншките Шкрилни Планини. Околните ридови се извишуваат на над 200 метри во височина. Низ местото тече реката Локвиц, притока на Зале долга 35 километри.
Пробсцела е втора најголема општина во округот Залфелд-Рудолштат по Улштет-Кирххазел.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Општината се граничи со следниве места (почнувајќи од север, надесно): Залфелд, Каулсдорф, Лојтенберг, Вурцбах, Леестен, Лудвигсштат (Баварија) и Грефентал.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината е поделена на вкупно 20 единици:
| Место | Жители | Површина (км²) |
|---|---|---|
| Арнсбах | 177 | 1,30 |
| Делен | 66 | 1,94 |
| Габе Готес | 59 | 1) |
| Гросгешвенда | 155 | 6,25 |
| Клајннојндорф | 70 | 2,43 |
| Кенигстал | 77 | 1,10 |
| Лазен | 57 | 4,31 |
| Лихтентане | 274 | 8,61 |
| Лимбах | 70 | 3,63 |
| Марктгелиц | 370 | 7,18 |
| Оберлоквиц | 200 | 6,05 |
| Пипелсдорф | 68 | 2,60 |
| Пробсцела | 1316 | 8,20 |
| Рајхенбах | 87 | 3,44 |
| Рода/Викендорф | 46 | 2,25 |
| Шадертал | 92 | 2,55 |
| Шлага | 49 | 1,23 |
| Унтерлоквиц | 239 | 5,81 |
| Цоптен | 174 | 4,08 |
1) – содржана во Марктгелиц
Историја
[уреди | уреди извор]Помеѓу 1945 и 1990 година, железничката станица Пробсцела служела како граничен премин на границата помеѓу Источна и Западна Германија за железничкиот сообраќај. Преминот бил отворен за возови, кои патувале помеѓу советската окупациска зона (до 1949 г., потоа Источна Германија) или Западен Берлин и американската окупациска зона (до 1949 г. и потоа Западна Германија). Сообраќајот бил предмет на договор за меѓузонските врски помеѓу двете земји.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Куќа на народот
- Железничката станица
- Црквата во Пробсцела
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||
|


