Проблем со тролејбус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Проблем со тролејбус: дали треба да ја повлечете рачката и да го пренасочите тролејбусот на спореден пат со едно лице?

Проблемот на тролејбусот е мисловен експеримент во етиката . Во принцип, проблемот е:

Има тролејбус кој нема контрола над функциите и се движи кон пет лица кои се врзани за шините. Стоите покрај лост што може да го пренасочи тролејбусот на друга лента. Ако ја повлечете рачката, тролејбусот ќе ја смени лентата и петте луѓе на главната лента ќе бидат спасени. Сепак, едно лице лежи на страничната лента. Имате две опции:

  1. Не прави ништо и дозволи тролејбусот да убие пет луѓе на главната лента.
  2. Повлечете ја рачката и пренасочете го тролејбусот на страничната лента и убијте еден човек.

Која опција е етички поточна?

Модерната форма на проблемот првпат ја вовел Филип Фут во 1967 година, [1] но подетално бил анализиран од Џудит Томпсон, [2] [3] Френсис Кам, [4] и Питер Унгер. [5] Меѓутоа, претходната верзија, во која лицето кое се жртвува на патеката било дете на оној што одлучува дали да ја повлече рачката или не, било дел од моралниот прашалник доделен на студентите на Универзитетот во Висконсин во 1905 година. [6] [7] и еден германски правен научник разговарал за сличен проблем во 1951 година [8] Дополнително, сличен проблем во врска со тоа дали е етичко да се пренасочи проектил од поголема маса на помала, дискутирал и Аврохом Јешаја Карелиќ во неговиот коментар за Талмудот, напишан и објавен во 1953 година. [9]

Од 2001 година, проблемот на тролејбусот и неговите варијанти се широко користени во емпириските истражувања за моралната психологија. Проблемот со тролејбусот била тема и на популарни книги. [10] Проблемот често се јавува во дискусијата за етиката на дизајнот на автономните возила .

Емпириско истражување[уреди | уреди извор]

Во 2001 година, Јошуа Грин и неговите колеги ги објавиле резултатите на првото значајно емпириско истражување однесувајќи се на одговорите на луѓето на кој им бил представен проблемот со тролејбусот. [11] Користејќи фукционална магнетна резонанца, тие покажае дека "лични" дилеми (како што е буткање човек од мост со свој раце) повластено вклучуваат региони на мозокот кои се поврзани со емоциите, додека пак "безлични" дилеми (како што е пренасочување на тролејбусот преку рачката) вклучува преференцијално ангажирање на области кој се поврзани со контролните расудувања. Врз основа на тоа, тие се залагаат за процес на дуално морално одлучување. Од тогаш бројни други студии го користеле проблемот со тролејбусот за да проучуваат морално пресудување, истражувајќи теми кои што се улога и влијание на стрес, [12] емоционална состојба, [13] управување со влијание, [14] нивоа на анонимност, [15] различни типови на оштетување на мозокот, [16] физиолошко возбудување и генетски фактори [17] на одговори на проблемот со тролејбус.

Истражување на податоци[уреди | уреди извор]

Проблемот со тролејбусот е предмет на многу студии во кои приближно 90% од испитаниците избрале да убијат еден и да спасат пет. [18] Ако ситуацијата се промени така што жртвата за петмината била член на семејството или романтичен партнер, испитаниците се многу помалку подготвени да ги жртвуваат своите животи. [19]

Студијата од 2009 година објавена во документ од 2013 година од Дејвид Бурге и Дејвид Чалмерс покажува дека 69,9% од професионалните филозофи би замениле (жртвувале еден поединец за да спасат пет животи) во случај на проблем со тролејбус. 8% не би ја повлекле рачката, а останатите 24% имале поинаков став или не сакале да одговорат. [20]

Импликации за автономните возила[уреди | уреди извор]

Аналогни проблеми со проблемот на тролејбус настануваат при дизајнирањето на автономни автомобили, во ситуацији каде софтверот на автомобилот при можно сценарио на судар, е принуден да избере помеѓу повеќе правци на дејство (понекогаш вкључувајки опции на смрт за патниците на возилото), а сите опции би довеле до повредување. [21] [22] [23] [24] [25] Платформа со име Морална машина е создадена од страна на МИТ Медиа Лаб за да се овозможи јавноста да го изрази своето мислење за тоа која одлука автономно возило би требало да донесе во сценарио коешто користи парадигми на проблемот на тролејбус. Анализа на податоци собрани со помош на Моралната машина покажале голема разлика во релативни претпочитувања помеѓу различните држави[26] . Други пристапи користат виртуална реалност за проценување на човечкото однесување во експериментални ситуации. [27] [28] [29] [30]

Во 2016 година, германската влада формирала етичка комисија која се занимава со импликациите на автономното возење. [31] Како резултат на тоа, комисијата дефинирала 20 правила за автономно и поврзано возење, кои ќе бидат задолжителни за претстојните закони за производство на автономни автомобили.

Критика[уреди | уреди извор]

Во 2014 година во една статија објавена на Social and Personality Psychology Compass, [32] критикувана е употребата на проблемот со тролејбусот, тврдејќи, меѓу другото, дека сценариото што е претставено е премногу екстремно и не е поврзано со вистински морални ситуации за да биде корисно или едукативно. [33]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Philippa Foot, The Problem of Abortion and the Doctrine of the Double Effect Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) in Virtues and Vices (Oxford: Basil Blackwell, 1978) (originally appeared in the Oxford Review, Number 5, 1967.)
  2. Judith Jarvis Thomson, Killing, Letting Die, and the Trolley Problem, 59 The Monist 204-17 (1976)
  3. Judith Jarvis Thomson, The Trolley Problem Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) , 94 Yale Law Journal 1395–1415 (1985)
  4. Francis Myrna Kamm, Harming Some to Save Others, 57 Philosophical Studies 227-60 (1989)
  5. Peter Unger, Living High and Letting Die (Oxford: Oxford University Press, 1996)
  6. Frank Chapman Sharp, A Study of the Influence of Custom on the Moral Judgment Bulletin of the University of Wisconsin no.236 (Madison, June 1908), 138.
  7. Frank Chapman Sharp, Ethics (New York: The Century Co, 1928), 42-44, 122.
  8. Hans Welzel, ZStW Zeitschrift für die gesamte Strafrechtswissenschaft 63 [1951], 47ff.
  9. Hazon Ish, HM, Sanhedrin #25, s.v. "veyesh leayen". Available online, http://hebrewbooks.org/14332, page 404
  10. Bakewell, Sarah (22. 11. 2013). „Clang Went the Trolley“. The New York Times. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  11. Greene, Joshua D.; Sommerville, R. Brian; Nystrom, Leigh E.; Darley, John M.; Cohen, Jonathan D. (14. 9. 2001). „An fMRI Investigation of Emotional Engagement in Moral Judgment“. Science (англиски). 293 (5537): 2105–2108. Bibcode:2001Sci...293.2105G. doi:10.1126/science.1062872. ISSN 0036-8075. PMID 11557895. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. Youssef, Farid F.; Dookeeram, Karine; Basdeo, Vasant; Francis, Emmanuel; Doman, Mekaeel; Mamed, Danielle; Maloo, Stefan; Degannes, Joel; Dobo, Linda (2012). „Stress alters personal moral decision making“. Psychoneuroendocrinology. 37 (4): 491–498. doi:10.1016/j.psyneuen.2011.07.017. PMID 21899956.
  13. Valdesolo, Piercarlo; DeSteno, David (1. 6. 2006). „Manipulations of Emotional Context Shape Moral Judgment“. Psychological Science (англиски). 17 (6): 476–477. doi:10.1111/j.1467-9280.2006.01731.x. ISSN 0956-7976. PMID 16771796. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  14. Rom, Sarah C., Paul, Conway (30. 8. 2017). „The strategic moral self:self-presentation shapes moral dilemma judgments“. Journal of Experimental Social Psychology (англиски). 74: 24–37. doi:10.1016/j.jesp.2017.08.003. ISSN 0022-1031. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  15. Lee, Minwoo; Sul, Sunhae; Kim, Hackjin (18. 6. 2018). „Social observation increases deontological judgments in moral dilemmas“. Evolution and Human Behavior. 39 (6): 611–621. doi:10.1016/j.evolhumbehav.2018.06.004. ISSN 1090-5138. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  16. Ciaramelli, Elisa; Muccioli, Michela; Làdavas, Elisabetta; Pellegrino, Giuseppe di (1. 6. 2007). „Selective deficit in personal moral judgment following damage to ventromedial prefrontal cortex“. Social Cognitive and Affective Neuroscience (English). 2 (2): 84–92. doi:10.1093/scan/nsm001. ISSN 1749-5024. PMC 2555449. PMID 18985127. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  17. Bernhard, Regan M.; Chaponis, Jonathan; Siburian, Richie; Gallagher, Patience; Ransohoff, Katherine; Wikler, Daniel; Perlis, Roy H.; Greene, Joshua D. (1. 12. 2016). „Variation in the oxytocin receptor gene (OXTR) is associated with differences in moral judgment“. Social Cognitive and Affective Neuroscience (англиски). 11 (12): 1872–1881. doi:10.1093/scan/nsw103. ISSN 1749-5016. PMC 5141955. PMID 27497314. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  18. http://healthland.time.com/2011/12/05/would-you-kill-one-person-to-save-five-new-research-on-a-classic-debate/. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  19. Journal of Social, Evolutionary, and Cultural Psychology Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) Error in webarchive template: Check |url= value. Empty.
  20. Bourget, David; Chalmers, David J. (2013). „What do Philosophers believe?“. Посетено на 11. 5. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  21. Patrick Lin (8. 10. 2013). „The Ethics of Autonomous Cars“. The Atlantic. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  22. Tim Worstall (18. 6. 2014). „When Should Your Driverless Car From Google Be Allowed To Kill You?“. Forbes. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  23. Jean-François Bonnefon; Azim Shariff; Iyad Rahwan (13. 10. 2015). „Autonomous Vehicles Need Experimental Ethics: Are We Ready for Utilitarian Cars?“. Science. 352 (6293): 1573–1576. arXiv:1510.03346. Bibcode:2016Sci...352.1573B. doi:10.1126/science.aaf2654. PMID 27339987. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  24. Emerging Technology From the arXiv (22. 10. 2015). „Why Self-Driving Cars Must Be Programmed to Kill“. MIT Technology review. Архивирано од изворникот на 26. 01. 2016. Посетено на 16. 02. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  25. Bonnefon, Jean-François; Shariff, Azim; Rahwan, Iyad (2016). „The social dilemma of autonomous vehicles“. Science. 352 (6293): 1573–1576. arXiv:1510.03346. Bibcode:2016Sci...352.1573B. doi:10.1126/science.aaf2654. PMID 27339987.
  26. Awad, Edmond; Dsouza, Sohan; Kim, Richard; Schulz, Jonathan; Henrich, Joseph; Shariff, Azim; Bonnefon, Jean-François; Rahwan, Iyad (24. 10. 2018). „The Moral Machine experiment“. Nature. 563 (7729): 59–64. doi:10.1038/s41586-018-0637-6. PMID 30356211. Посетено на 8. 11. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  27. Sütfeld, Leon R.; Gast, Richard; König, Peter; Pipa, Gordon (2017). „Using Virtual Reality to Assess Ethical Decisions in Road Traffic Scenarios: Applicability of Value-of-Life-Based Models and Influences of Time Pressure“. Frontiers in Behavioral Neuroscience. 11: 122. doi:10.3389/fnbeh.2017.00122. PMC 5496958. PMID 28725188.
  28. Skulmowski, Alexander; Bunge, Andreas; Kaspar, Kai; Pipa, Gordon (16. 12. 2014). „Forced-choice decision-making in modified trolley dilemma situations: a virtual reality and eye tracking study“. Frontiers in Behavioral Neuroscience. 8: 426. doi:10.3389/fnbeh.2014.00426. PMC 4267265. PMID 25565997. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  29. Francis, Kathryn B.; Howard, Charles; Howard, Ian S.; Gummerum, Michaela; Ganis, Giorgio; Anderson, Grace; Terbeck, Sylvia (10. 10. 2016). „Virtual Morality: Transitioning from Moral Judgment to Moral Action?“. PLOS ONE. 11 (10): e0164374. Bibcode:2016PLoSO..1164374F. doi:10.1371/journal.pone.0164374. ISSN 1932-6203. PMID 27723826. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  30. Patil, Indrajeet; Cogoni, Carlotta; Zangrando, Nicola; Chittaro, Luca; Silani, Giorgia (2. 1. 2014). „Affective basis of judgment-behavior discrepancy in virtual experiences of moral dilemmas“. Social Neuroscience. 9 (1): 94–107. doi:10.1080/17470919.2013.870091. ISSN 1747-0919. PMID 24359489. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  31. BMVI Commission (20. 6. 2016). „Bericht der Ethik-Kommission Automatisiertes und vernetztes Fahren“. Federal Ministry of Transport and Digital Infrastructure (German: Bundesministerium für Verkehr und digitale Infrastruktur). Архивирано од изворникот на 15. 11. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date=, |archive-date= (help)
  32. Bauman, Christopher W.; McGraw, A. Peter; Bartels, Daniel M.; Warren, Caleb (4. 9. 2014). „Revisiting External Validity: Concerns about Trolley Problems and Other Sacrificial Dilemmas in Moral Psychology“. Social and Personality Psychology Compass. 8 (9): 536–554. doi:10.1111/spc3.12131. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  33. Khazan, Olga (24. 7. 2014). „Is One of the Most Popular Psychology Experiments Worthless?“. The Atlantic. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)