Проблемите на филозофијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Насловна страница на првото издание од 1912 г.

Проблемите на филозофијата“ (англ. The Problems of Philosophy, изд. 1912) од англискиот филозоф Бертранд Расел претставува негов обид за создавање на кус и пристапен водич кон проблемите во филозофијата. Задржувајќи се на проблемите кои смета дека ќе поттикнат позитивна и контруктивна дискусија, Расел дава особен нагласок на сознанието за сметка на метафизиката.

Расел го води читателот низ неговата идеја за одвојување на „познание со запознавање и познание со опис“ (1910). Потоа тој ги изнесува најважните теории на Платон, Аристотел, Рене Декарт, Дејвид Хјум, Џон Лок, Имануел Кант, Г.В.Ф. Хегел и други, и со тоа на општото и на стручното читателство му поставува основа за филозофска истрага.

На странициве што следат се ограничив главно на оние проблеми за кои сметам дека е можно да се каже нешто позитивно и конструктивно, оти голото негативно критикување ми се чинеше неумесно. Затоа, теоријата на познанието зафаќа повеќе простор од метафизиката во оваа книга, додека некои прашања за кои филозофите дискутираат надолго и нашироко, ги третирам сосема кратко или воопшто [ги изоставам].

— Бертранд Расел, Предговор на „Проблемите на филозофијата“[1]

Книгата се состои од 15 глави:

I. Појава и стварност
II. Постоењето на материјата
III. Природата на материјата
IV. Идеализам
V. Познание со запознавање и познание со опис
VI. За индукцијата
VII. од нашето познавање на општите начела
VIII. Како е можно априорното познание
IX. Светот на универзалиите
X. За нашето познание на универзалиите
XI. За интуитивното познание
XII. Вистина и невистина
XIII. Познание, грешка и веројатното мислење
XIV. Границите на филозофското знаење
XV. Вредноста на филозофијата

Македонски изданија[уреди | уреди извор]

  • Проблемите на филозофијата / Бертрантд Расел ; превод од англиски Александар Ускоков. - Скопје: Аз-Буки, 2008. - 135 стр. ISBN 978-9989-151-64-4

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Расел, Бертранд (2008). Александар Ускоков (преведувач) (уред.). Проблемите на филозофијата. Скопје: Аз-Буки. стр. 137. ISBN 978-9989-15-64-4 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
Викицитат има збирка цитати поврзани со: