Прнарова пеперуга
Прнарова пеперуга | |
---|---|
Долен дел на прнаровата пеперуга | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Satyrium |
Вид: | Прнарова пеперуга |
Научен назив | |
Satyrium ilicis Esper, 1779 | |
Синоними | |
|
Прнарова пеперуга (Satyrium ilicis) е пеперуга од семејството на Сивци, видот опашкари.[1] Пеперугата ја има и во Македонија.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Оваа пеперуга ја има во јужна и Средна Европа, југозападен Сибир, Мала Азија, Кавказот и Либан.[1][2] Таа живее во жуми и до 1600 метри надморска височина.[3]
Опис
[уреди | уреди извор]Распонот на крилјата е од 32 до 36 мм.[3] Основната боја на пеперугата е кафенкаста. Кај женките долната страна на крилјата има најчесто големи портокалови и црни дамки и бордури. И кај горната и кај долната има неправилни бели дамки. Има присуство на две опашки. Ларвите се зелени и со големина од 2 см.[4]
Возрасните единки летаат од мај до август. Гасениците се хранат со Quercus robur, Quercus coccifera, Quercus ilex, Quercus petraea, Quercus pubescens, Ulmus, Rhamnus cathartica и Prunus.[1][5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 "Satyrium Scudder, 1876" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- ↑ „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2017-03-20. Посетено на 2020-03-06.
- ↑ 3,0 3,1 Simon Coombes Captain's European Butterfly Guide Архивирано на 22 јули 2019 г.
- ↑ Butterflies and Moths DK – Pocket Nature
- ↑ Heiner Ziegler Schmetterlinge der Schweiz
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Прнарова пеперуга“ на Ризницата ? |
|