Пристоен предлог и други песни
Изглед
Автор | Тихомир Јанчовски |
---|---|
Изработувач на корицата | Сивејан |
Земја | ![]() |
Јазик | македонски |
Жанр | Поезија |
Издавач | Сивејан |
Издадена | 2024 |
Медиум | печатено издание |
Страници | 67 |
„Пристоен предлог и други песни“ е збирка на поезија на современиот поет и писател Тихомир Јанчовски издадена во 2024 година, издание на „Сивејан“.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Поетската книга авторот ја поделил во четири циклуси: Жив човек, Природа и етика, Води и времиња и Ничија земја. Во секој од овие циклуси тематски се покрива специфичен дел од живеењето, за заеднички да се подредат под еден именител, а тоа е необично обичниот јазик, кој изненадува со својата поетичност и музикалност. Песните на Јанчовски може лесно да ги замислиме и во проза, исто како што неговата проза подеднакво личи на стихувана творба, како што е на пример од првиот циклус Жив човек, „Што знам за животот?“. Во секоја од овие творби длабоко прозвучува етичноста и длабоката резигнација.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Тихомир Јанчовски,Пристоен предлог и други песни, Скопје: Сивејан, 2024