Прејди на содржината

Пристапување на Црна Гора кон Европската Унија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пристапувањето на Црна Гора кон Европската Унија во овој момент е на агендата за идно проширување на Европската Унија.

Во ноември 2005 Државната заедница на Србија и Црна Гора, во периодот кога започнаа преговорите околу Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА), го започна процесот на пристапување кон Европската Унија. Во мај 2006 Црна Гора изгласа независност на референдум и државната заедница на Србија и Црна Гора се распадна. Србија продолжи со постоечките преговори, а во септември 2006 започнаа одделни преговори со Црна Гора.[1][2] На 15 март 2007 Договорот беше одобрен, а на 15 октомври 2007 бил официјално потпишан.

На 15 декември 2008 г. Црна Гора официјално поднесе барање за членство во ЕУ. На 23 април 2009 г. Советот ја покани Европската комисија да го подржи мислењето во врска со поднесеното барање. На 22 јули 2009 г. Европската комисија ѝ предаде прашалник на Црна Гора за да го оцени нејзиното поднесено барање. На 9 декември 2009 г. Црна Гора ги изнесе нејзините одговори на прашалникот од Европската Комисија. Откако сите 27 земји-членки на ЕУ го ратификуваа ДСА, на 1 мај 2010 г. стапи на сила Договорот за стабилизација и асоцијација помеѓу Црна Гора и ЕУ. На 9 ноември 2010 г. Европската комисија ја предложи Црна Гора како земја-кандидат. На 17 декември 2010 г. официјално ѝ беше доделен кандидатскиот статус.

Црна Гора се соочува со еколошки, правни и проблеми поврзани со криминалот коишто можат да го попречат нејзиниот обид за влез.[3] Во декември 2007 г. Црна Гора потпиша Договор со бугарската влада со којшто Бугарија ќе ѝ помага на Црна Гора во врска со евроатланската и интеграцијата во ЕУ наредните три години.

На 27 јули 2010 Парламентот на Црна Гора усвои закон против дискриминација којшто вклучува сексуална ориентација и родова еднаквост како забранети теми за дискриминација. Ова беше едно од барањата коишто земјата треба да ги исполни за членство во ЕУ.[4]

Во ноември 1999 Црна Гора еднострано ја усвои германската марка како државна валута и еднострано ја замени за еврото, кога беше промовирано во 2002.

Големо мнозинство од населението на Црна Гора е за влез во ЕУ. Според анкетите 76,2% се за влез во Европската Унија, а само 9,8% се против.[5]

Хронолошки ред на настаните

[уреди | уреди извор]
ДатаНастан
15 октомври 2007 г.Црна Гора го потпишува Договорот за стабилизација и асоцијација
15 декември 2008 г.Формално е потврдено поднесеното барање за членство
12 април 2010 г.Црна Гора изнесува одговори на прашалникот на Европската комисија
9 ноември 2010 г.Европската комисија дава позитивно мислење за одговорите на прашањата од прашалникот на Европската комисија
17 декември 2010 г.Црна Гора добива официјален кандидатски статус.

Процес на преговори

[уреди | уреди извор]
Поглавје на законодавството на ЕУОценка на ЕК на почетокотПочеток на процесот на набљудувањеЗавршување на процесот на набљудувањеОтворено поглавјеЗатворено поглавје
1. Слободно движење на добраПотребни се повеќе напори.--20–06–2017-
2. Слобода на движење на работницитеПотребни се значителни напори--11–12–2017-
3. Право на работа и давање на услугиПотребни се повеќе напори--11–12–2017-
4. Слободно движење на капиталотПотребни се повеќе напори--24–06–2014-
5. Јавни набавкиПотребни се повеќе напори--18–12–2013-
6. Закон за трговски друштваНе се очекуваат поголеми тешкотии--18–12–2013-
7. Право на интелектуална сопственостНе се очекуваат поголеми тешкотии--31–03–2014-
8.Политика на конкурентностПотребни се повеќе напори--30-06-2020-
9. Финансиски услугиПотребни се повеќе напори--22–06–2015-
10. Информатичко друштво и меиумиПотребни се повеќе напори--31–03–2014-
11.Земјоделство и рурален развојПотребни се повеќе напори--13–12–2016-
12. Безбедност на храна,ветеринарна и фикосанитарна контролаПотребни се повеќе напори--30–06–2016-
13. РибарствоПотребни се значителни напори--30–06–2016-
14. Транспортна политикаНе се очекуваат поголеми тешкотии--21–12–2015-
15. ЕнергетикаНе се очекуваат поголеми тешкотии--21–12–2015-
16.ОданочувањеПотребни се повеќе напори--30–03–2015-
17. Економска и монетарна политикаПотребни се повеќе напори--25–06–2018-
18. СтатистикаПотребни се повеќе напори--16–12–2014-
19. Социјална политика и вработувањеПотребни се значителни напори--13–12–2016-
20. Претпријатија и индустриска политикаПотребни се повеќе напори --18–12–2013-
21. Транс-европска мрежаПотребни се повеќе напори--22–06–2015-
22. Регионална политика и координација на структурни инструментиПотребни се повеќе напори--20–06–2017-
23. Правосудство и основни човекови праваПотребни се повеќе напори--18–12–2013-
24. Правда,слобода и безбедностПотребни се повеќе напори--18–12–2013-
25. Наука и истражувањеНе се очекуваат поголеми тешкотии--18–12–201318–12–2012
26.Култура и образованиеНе се очекуваат поголеми тешкотии--15–04–201315–04–2013
27. Животна срединаПотребни се значителни напори --10–12–2018-
28. Здравје и заштита на потрошувачитеПотребни се повеќе напори--16–12–2014-
29. Царинска УнијаПотребни се повеќе напори--16–12–2014-
30. Надворешни односиНе се очекуваат поголеми тешкотии--30–03–201520–06–2017
31. Надворешна,безбедносна и одбранбена политикаНе се очекуваат поголеми тешкотии--24–06–2014-
32. Финансиска контролаПотребни се повеќе напори--24–06–2014-
33. Финансиски и буџетски одредбиПотребни се значителни напори--16–12–2014-
34. ИнституцииНема што да се усвои----
35. Останати прашањаНема што да се усвои----
Напредок33 од 33 33 од 33 33 од 333 од 33
  1. Enlargement Process – Montenegro Key Events Архивирано на 22 мај 2007 г., European Commission, accessed on 10 January 2007
  2. Germany prepares to take over EU presidency, Southeast European Times, 19 December 2006, accessed on 10 January 2007
  3. „Ren: Kriminal prepreka Crnoj Gori“. Посетено на 5 September 2017.
  4. ILGA Europe:Montenegro fulfils EU membership requirement and protects LGBT people from discrimination. 19 August 2010.
  5. Političko javno mnjenje Crne Gore Архивирано на 22 јули 2011 г. Centar Za Demokratiju i Ljudska Prava, October 2009