Пристаниште (расказ на Мопасан)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Пристаниште“ (француски: Le Port) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 15 март 1889 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

По неколку годишна пловидба по светот, во Марсеј пристигнува бродот „Богородица на ветровите“. Морнарите, предводени од Селестен Дикло, излегуваат во градот во потрага по забава. Тие влегуваат во еден бордел каде се забавуваат со проститутките. Во разговорот со девојката со која штотуку водел љубов, Селестен дознава дека членовите на неговото семејство се мртви. Запрепастен, тој сфаќа дека проститутката е неговата сестра Франсоаз, која по смртта на родителите останала на улица и почнала да се занимава со проституција. Поразен од сознанието дека извршил инцест, Селестен паѓа на подот, а неговите другари мислат дека е пијан и го носат во собата на Франсиаз. Таму, двајцата ја минуваат ноќта плачејќи.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пристаниште“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 308-320.