Принцезата на зрно грашок

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Принцезата на зрно грашок“
од Ханс Кристијан Андерсен
Илустрација на Едмунд Дилак (1911)
Изворен насловPrinsessen paa Ærten
ДржаваДанска
Јазикдански
Жанр(ови)книжевна сказна
Издавачка куќаК. А. Рајцел
Вид на медиумпечат
Датум на издавање8 мај 1835

„Принцезата на зрно грашок“ (дански: Prinsessen paa Ærten) — сказна на Ханс Кристијан Андерсен од 1835 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Еден принц сакал да се ожени, но барал вистинска принцеза. Тој го обиколил целито свет, но никако не можел да најде соодветна невеста, зашто на сите принцези им недостасувало по нешто. Една вечер, додека надвор беснеел пороен дожд, некој почнал да тропа на портата на дворецот. Кралот отворил и здогледал девојка која побарала преноќиште, но тврдела дека е вистинска принцеза. Тогаш, умната кралица ја наместила постелата со 20 душеци и 20 перници, а најдолу ставила едно зрно грашок. Утредента, кога ја прашале принцезата како спиела, таа се пожалила дека не ѝ било удобно, зашто под постелата имало нешто. Така, сите се убедиле дека таа е вистинска принцеза и принцот се оженил со неа, а зрното грашок го однеле во музејот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ханс Кристијан Андерсен, Бајки. Скопје: Македонска книга и Детска радост, 1967, стр. 26-27.