Принц

Принц (латински: princeps) — монарх или машки член на кралско семејство.[1][2] Принцезата е ќерка на крал или на висок владетел што му е потчинет на кралот, сопруга на принц или друг женски член на кралското семејство или самата таа монарх. Во словенските земји, овие монархиски титули одговараат на титулите кнез и кнегиња, соодветно.
Како дел од хиерархијата на титули во германските и латинските држави на Западна Европа, принцот стои веднаш по кралот и над војводата. За време на најславниот период на Светото Римско Царство, владетелите на малите германски држави ја носеле титулата принц (fürst) како почесна титула. Денес, владетелите на Монако се исто така принцови.
Опис
[уреди | уреди извор]Принц е кралска титула доделена на син на крал или кралица, или на машки владетел на мала или независна држава. Во монархиите, принцот може да биде и наследник на престолот — што значи дека е следен по ред да стане крал.
Постојат различни видови принцови во зависност од културата или земјата:
- Престолонаследник — оној што е прв во редот за крал.
- Кралски принц — син на владејачкиот монарх.
- Странски принц — принц од друго кралство или империја.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Princely States in British India and talaqdars in Oudh
Phillips, Walter Alison (1911). . Encyclopædia Britannica. 22 (11. изд.). стр. 343–344.