Прилог за работни текови

Од Википедија — слободната енциклопедија

Workflow апликација е софтверска апликација која што врши автоматизација, барем во одреден степен на еден или повеќе процеси. Обично се работи за бизнис процеси но може да биде било кој процес кој се состои од последователни чекори кои можат да се автоматизираат. Во некои чекори од процесите може да е потребна човечка интервенција, како на пример одобрување или додавање на одреден текст, но функциите кои можат да се автоматизираат се извршуваат од страна на апликацијата. Некои понапредни апликации им овозможуваат на корисниците да воведуваат нови компоненти во операциите.

Како пример ќе земеме една обична нарачка на производи. Оваа нарачка треба да помине низ неколку оддели за да добие одобрение и тоа може да се изврши автоматски. Кога сите одобренија ќе бидат добиени нарачателот се известува дека неговата нарачка е успешна. Овој вид на процеси можат да вклучуваат постојана измена и ажурирање. На пример доколку во претходниот пример некој од вообичаените вработени задолжен за одобрување на нарачки не е достапен апликацијата треба да побара одобрение од алтернативен извор. Овие апликации може да се конфигурираат да обработуваат податоци во позадина овозможувајќи му на корисникот да се концентрира на поважни работи. На тој начин се овозможува внесените податоци да одат на вистинско место со што се избегнува човечка грешка.

Развој на Workflow апликации[уреди | уреди извор]

За развој на вакви апликации може да се користи било кој програмски јазик за општа намена но постојат и специјализирани јазици како на пример:

  • XPDL (XML Process Definition Language)
  • YAWL (Yet Another Workflow Language)

Овие јазици се засноваат на XML синтакса и се погодни за софтверските програми но најчесто неразбирливи за луѓето кои ги познаваат бизнис процесите кои треба да се автоматизираат. Затоа нивната употреба е надополнета со употреба на графички нотации кои овозможуваат создавање на дијаграм кои се полесни за развој и интерпретација. Создавањето на такви дијаграми, всушност е форма на "графичко" програмирање. Софтверот кој му овозможува на корисникот да се развие workflow дијаграм потоа ќе го претвори дијаграмот во свој XML еквивалент.