Прејди на содржината

Прилепско класно училиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прилепско класно училиште
Училиштето и црквата „Св. Благовештение“
Местоположба

Информации
Основано1865 или 1866
Затворено1913
КласовиI–III
Запишани ученици175 (1895/96)

Прилепското класно училиште е поранешно училиште во град Прилеп, кое функционирало од 1865 (или 1866) година, па до крајот на османлиското владееење во Македонија.

Основањето на класното училиште се поврзува со периодот 1866 гoд. кога вo основното училиште (кое во тој период траело четири години), бил отворен горен курс со што cе поставени основите на мaшкoтo класно училиштe. Подоцна училиштето прераснало во двокласно, а во периодот 1882—1886 било подигнато на трикласно, а во учебната 1886/87 бил отворен и четврти клас, но трае само една година. Потоа, училиштето останало трикласно до крајот на османлиското владеење.

Историја

[уреди | уреди извор]

Основање

[уреди | уреди извор]
Првото основно народно училиште во Прилеп “Св. Кирил и Методиј“ отворено во 1843 година

Во 1843 год. основано е првото народно основно училиште. Класното училиште во Прилеп веројатно било отворено во 1865 г. Во таа година, по покана на прилепската општина, за главен учител дошол бугарскиот учител Георги Икономов, кој претходно го отворил класното училиште во западниот дел на Велес. Но тој во Прилеп останал кратко време, само една година. Потоа него го заменил еден друг бугарски учител — Никола Ганчев Еничерев, за кого со сигурност се смета дека во 1866 г. основал класно училиште во овој град.[1] Тој го одвоил главното од заемното училиште и вовел нови науки. Во своите спомени за прилепското главно училиште Еничерев меѓу другото вели дека во текот на првата година на своето учителствување во Прилеп можел да сфати дека прилепските луѓе „не бараат високи науки, туку нешто практично — реално, што ќе може веднаш да им помогне во трговијата и занаетите, затоа и училишната програма ја наредив во тој дух.“

Никола Ганчев Еничерев, учител во Прилеп во периодот од 1866 — 1877 година

Во идната, 1868 г., предметите во двокласното училиште во Прилеп биле распределени по клупи, т.е. во секоја клупа се учеле одделни предмета и тоа:

  • I клупа: начала од физика, физиология, всеобща история, алгебра, турский и грьцкий язик;
  • II клупа: катихизис, гражд, землеописание, числителница, граматика, турский и грьцкий язик;
  • III клупа·. бълг. граматика;
  • IV клупа: кратка бълг. граматика, кратко землеописание, битописание.

Всушност III и IV клупа го сочинувале I клас, а I и II клупа II клас во ова училиште. Во 1872/73 учебна година во четирикласното училиште во Прилеп имало два учитела. Едниот (Н. Г. Еничерев) предавал граматика, земјопис, числителница, физика и турски јазик, а другиот (Кузман Шапкарев) бугарска и општа историја, црковните науки и грчки јазик.[1]

Во 1865 гoд. вo Прилеп отворено е и првото женско училиште, кое подоцна и тоа станува класно.

Реформирање и развој на училиштето

[уреди | уреди извор]
Јосиф Ковачев, учителствувал во Прилеп од 1874 — 1877 година

Успехот што го постигнало штипското класно училиште ѝ дал повод на прилепската училишна општина да го покани Јосиф Ковачев да дојде за главен учител во Прилеп, за да ги реформира и модернизира училиштата во нејзиниот град. Ковачев ја прифатил поканата и во почетокот на 1874/75 учебна година дошол во Прилеп. Како учител и директор, Ковачев многу придонесол за квалитативно издигнување на училиштата во Прилеп. По негово настојување големите училишни простории на општинското училиште биле преградени на помали — за секое одделение и клас по една. Направиле нови клупи и табли и вовеле учебни помагала (географски карти, глобуси и др.). Биле составени и нови наставни планови. Тој прв тука ја вовел новата гласовна метода. Училиштата биле од основа реформирани и добиле современа физиономија. Ковачев го реорганизирал и класното училиште и го приспособил на барањата на општината — да подготвува учители за кои се чувствувала голема потреба во прилепските села како и во селата на западна и југозападна Македонија. Во него се предавале следниве предмета: 1. българска граматика и славянски превод; 2. аритметика и бугхалтерия; 3. чертание и практаческа геометрия; 4. география в врзка с естёствена история; 5. популярна физика; 6. българска история с опщ преглед и воебща история; 7. опща цъковна история с предисловие (богослужение) ; 8. пространен катихизис с въведение в светото писание; 9. методика за първоначално обучение; 10. турски език; 11. гръцки език и 12. псалтики.[1]

Јосиф Ковачев учителствувал во Прилеп три години, од 1874 — 1877 г., и за тоа време во неговото училиште се подготвиле голем број модерни учители, кои се распрснале по селата на западна и југозападна Македонија, ширејќи го духот на новото училиште и новите педагошки идеи. Учителската дејност на Ковачев, како и на Еничерев (1866/67 — 1877/78) во Прилеп, ја прекинале Турците. Пред започнувањето на Руско-турска војна, кога го засилиле теророт над населението, тие го затвориле Ковачев и го спровеле во солунскиот затвор.[1]

По силните залагања на Прилепската општина, во учебната 1882/83г. машкото двокласно училиште во Прилеп, подигнато е на трикласно, a во учебната 1883/84 година решено е да се отвори четврти клac, односно да стане полнокласно.

Истовремено Прилепската општина донесува решение класното училиште да се преименува во Гимназиjа, a женското да се вика средно училиште. Отпечатени се и празни свидетелства co натпис “Прилепска Гимназиjа”. Четвртиот клас отворен е во учебната 1886/87 гoдина нo трае само една година. Прилепската Гимназиjа останува со три класа до краjот нa турската власт вo Македониjа – 1912 гoдина.

Извесно осовременување во наставата на прилепското училиште внесуваат некои завршени македонски ученици од американскиот Роберт-колеџ вo Цариград, кои стануваат учители вo Прилеп.

Учителите во Централното машко училиште во Прилеп во 1892/93 година.
Прв ред: Антон Поп Стоилов, Јордан Јанчулев, Спиро Мирчев, Козма Ѓоргиев, Јордан Бомболов, Пере Тошев, Даме Груев, Георги Трајчев, Никола Смичков
Втор ред: Јордан Поп Костадинов, Неделко Дамјанов, Илија Тошев, Илија Иванов, Никола Радославов, Константин Трифунов, Стојче Димев, Ангеле Воденичаров

Училишните потреби наложуваат да ce подигне зграда за Гимназиjа вo Прилеп. Во дворот на црквата “Св. Благовештение” ставени се темелите на големата и убава зграда на Гимназиjата вo 1893 година, којa е доградена е во 1894 година. Таа е градена од страна на граѓаните нa Прилеп, со нивна материjална и парична помош. За изградбата на гимназиската зграда, Аџи Мирче Бомбол дал 500 турски златни лири, Ице Фукара дал 300 турски златни лири, а околу 500 турски златни лири собрани се од прилепските еснафи и граѓани.

Иако оваа прва прилепска Гимназија функционира како егзархиска црковно – училишна општина, Егзархијата не успева да наметне свои луѓе за директори и учители. Целокупнота управа и материјалното работење на Гимназијата се самостојни, односно независни од Егзархијата.

Во Првата светска војна во периодот од 1915 до 1918 години згаснува работата на прилепската Гимназија, а училишната зграда пренаменета е во болничка амбуланта.

По војната во 1918 година продолжува работата на Гимназијата со истиот директор од пред војната, именувана како “Српска краљевинска гимназија”. Поради недостаток на наставен кадар, во своите училишта српските власти носат кадар од надвор, пред се од Русија, па така во во учебната 1924/25 година во прилепската Гимназија предаваат 5 наставници – Руски емигранти кои предаваат вештини и француски јазик.

Директори

[уреди | уреди извор]
I клас II клас III клас IV клас Вкупно
машки женски машки женски машки женски машки женски машки женски вкупно
1893/94[2] 70 9 32 13 17 119 22 141
1894/95[3] 54 27 44 10 16 114 37 151
1895/96[4] 58 36 37 20 24 119 56 175
  1. 1 2 3 4 Кантарџиев, Ристо (1971). „Класните училишта во Македонија“ (PDF). Годишен зборник на Филозофскиот факултет. 23: 81–106.
  2. Статистика на българските училища в Турция (Македония и Одринско) за учебната 1893-1894 година. Пловдив, 1895, с. 60.
  3. Статистика на българските училища в Европейска Турция, Македония и Одринско за 1894-1895 учебна година. Пловдив, 1896, с. 62.
  4. Статистика на българските училища в Турция (Македония и Одринско) за учебната 1895-1896 година. Шумен, 1897, с. 74.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]