Приказната на Стрејт (филм)
Приказната на Стрејт (The Straight Story) е филм од 1999 година во режија на Дејвид Линч (David Lynch). Заснован е на вистинската приказна за Алвин Стрејт и неговото патување низ Ајова и Висконсин на машина за сечење трева. Филмот е продуциран и монтиран од Мери Свини (Mary Sweeney), долгогодишната партнерка и соработничка на Линч. Таа го има напишано сценариото заедно со Џон Роч (John E. Roach).
Насловот на филмот е двосмислен. Тој се однесува на презимето на Алвин, но исто така се однесува на навидум праволиниската приказна на филмот, во споредба со комплексните и мистериозни заплети на другите филмови на Дејвид Линч.
Синопсис[уреди | уреди извор]
Алвин Стрејт (го игра Ричард Фарнсворт (Richard Farnsworth)) е ветеран од Втората светска војна кој живее со својата ќерка Роуз (Сиси Спејсек (Sissy Spacek)), мила жена со ментално пореметување. Кога Алвин ќе чуе дека неговиот отуѓен брат ќе Лајл (Хари Дин Стентон (Harry Dean Stanton)) ќе доживее мозочен удар, тој одлучува да го посети со надеж дека ќе се помират пред да умре. Но, поради неговите слаби нозе и очи за тој не може да добие дозвола, тој закачува приколка на скоро купениот трактор за косење трева и тргнува на патувањето од Лоренс, Ајова до Маун Зион, Висконсин, долго 240 милји.
Така филмот ја следи приказната на шестнеделното патување на Алвин низ руралната Америка, луѓето кои тој ги среќава, неговото влијание на нивните животи, и нивното на неговиот. Филмот е наречен модерна одисеја на човек кој се соочува со својот морал и грешки и вечните врски на семејството.
![]() | Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |