Приватизација во Русија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Приватизација на Русија)

Руската приватизација претставува период од современата историја на Русија која се случила во 1990-тите години, веднаш по распадот на Советскиот Сојуз и за време на претседателството на Борис Елцин, кога најголем дел од државните институции биле приватизирани. Во текот на приватизацијата дошло до процес на создавање на нова пазарна економија во земјата, но како резултат од истата голем дел од националното богатство паднало во рацете на релативно мала група на т.н. бизнис олигарси или магнати чие богатство за многу мал период се зголемило во голема мера[1].

Ваучер за приватизација од 1992 година

Овој период бил проследен со големо ниво на насилство, корупција и неконтролиран криминал и овој период од економската историја на Русија според многумина бил наречен Катастројка[2], бидејќи земјата се соочила со катаклизмичен економски колапс[3]. Голем дел од неиндустриските средства, особено во секторот на социјалната заштита и телекомуникациите, како и стратешките индустриски имоти и поголемиот дел од руската воена индустрија, во текот на 1990-тите години не бил приватизиран. Денеска, приватизацијата во земјата сè уште води до силни реакции од страна на населението, вклучувајќи го и негативниот став кон Анатолиј Чубајс, кој бил на чело на приватизацијата во тоа време. Дел од населението смета дека е потребно да се направи ревизија на приватизацијата.

Според Владимир Мау, главната економска цел на приватизацијата била да се подобри ефикасноста на економијата преку создавање на приватната сопственост на средствата за производство. Додека во одредени сектори на економијата (услуги, трговија), овој проблем бил брзо решен, во индустријата и земјоделството, саканиот ефект се постигнал многу побавно, и тоа во голема мера се должело на фактот што приватизираните претпријатија преминале во сопственост на организационите колективи за да на крајот тие станал во сопственост на нивните директори. Според подоцнешните изјави на Анатолиј Чубајс, приватизацијата се спровела со единствена цел да се спречи комунистите повторно да дојдат на власт[4].

Регулативна мерка на приватизацијата[уреди | уреди извор]

Приватизацијата во Русија започнала со Закон за јавни претпријатија уште во 1988 година. Во таа фаза истата не била спроведувана. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, до 1992 година, односно на почетокот од приватизацијата, повеќе од 2,000 претпријатија биле приватизирани спонтано[5].

До средината на 1992 година Врховниот совет на Руската Федерација донел голем број на закони и прописи со кои се регулирале процесот на приватизација и стечајните постапки на економските субјекти, вклучувајќи го и федералниот закон "за приватизација на регистрирани сметки и депозити во РСФСР"[6]. Законот за приватизацијата и неговата методолошка поддршка биле поставени од страна на Федералната комисија за менаџмент на државниот имот. Регулаторната комисија ја спровела првата фаза од приватизацијата која траела три години. Врз основа на пропишаните закони, Државната комисија за државна сопственост издала прописи, како и дала објаснување за процесот на приватизација. Во оваа фаза, надвор од надлежноста на овие закони останала приватизација на земјиштето и домовите, социјалните и културните институции и културното и природното наследство.

Периодот од ноември 1991 година влегол во фаза на т.н. брза приватизација. Тоа било спроведено врз основа на Уредба No.341 на претседателот на Руската Федерација на 1991/12/29, и каде биле изложени главните одредби на програмата за приватизација на државните и општествените претпријатија во 1992 година. Државната програма за приватизација за 1992 година била усвоена од страна на Врховниот Совет на Руската Федерација во јуни 1992 година. Тоа прогласи следниве цели:

  • подобрување на ефикасноста на претпријатијата преку приватизација;
  • создавање на конкурентна средина и промоција на демонополизација на економијата;
  • привлекување на странски инвестиции, социјалната заштита и развој на социјалната инфраструктура на сметка на средствата добиени од приватизацијата;
  • олеснување на процесот на финансиско стабилизирање на Руската Федерација;
  • создавање на услови и организациски структури во 1993-1994.

Во руската програма за приватизација биле предвидени ваучери. Според законот усвоен од страна на програмата, организациите морале да бидат продадени на аукција или би можеле да се продаваат директно на поединци кои работат во овие претпријатија. Големите компании, исто така, морале да биде сигурни во приватизационите договори. Програмата за приватизација поставила ограничувања на приватизација, Овие ограничувања важеле за сите органи на државната власт и владата и локалните власти, а се забранило наметнување на дополнителни ограничувања на овие органи и продолжување на ограничувањата. Кога се разгледувала приватизацијата на претпријатијата, СПЦ и нејзините органи имале право да забранат приватизација на одредена компанијата. Најголемиот дел од претпријатија морале да бидат трансформирани во Акционерско друштво (АД).

Ваучерна приватизација[уреди | уреди извор]

Ваучерската приватизација подразбира бесплатна поделба на специјални приватизациски пари (ваучери) на граѓаните, кои со нив купуваат акции во претпријатијата. Ваучерите обично се доделуваат според работниот стаж, возраста и друго. Ваучерната приватизација била извршена во периодот од 1992 до 1994 година. Тоа му претходело на актите на Врховниот Совет на РСФСР, кои биле усвоени во текот на летото 1991 година, во која во проектот биле вклучени државните претпријатија и нивна трансформација во акционерски друштва. За пренамена на приватизација бил донесен закон "за приватизација на регистрирани сметки и депозити во РСФСР", според која секој руски државјанин добил номинална приватизациона сметка. Овој закон не бил спроведена, и наместо тоа се вовела ваучерна приватизација.

Ваучерната приватизација денеска е доста контроверзна. Текот на приватизацијата во голема мера станал резултат на постојани компромиси меѓу Владата и Врховниот совет, земајќи ги предвид интересите на различни групи на луѓе. Така, Јегор Гајдар и Анатолиј Чубајс првично не биле поддржувачи на ваучерната приватизација, туку нуделе постепена приватизацијата, но во парични средства. Во недостаток на решение, на вработените им биле давани таков вид на ваучери, кои пак или од немање на финансиска поддршка за опстанок или главно под притисок на раководителите, биле принудени да ги продаваат своите ваучери главно на своите директори, и на тој начин старо-новите директори ја стекнувале сопственоста на институцијата.

Во летото 1992 година биле воведени ваучери кои не биле бесплатни за јавноста. За секој ваучер морало да се плати 25 рубљи. Номиналната вредност на ваучерот била 10,000 рубли. Имотт во земјата се проценил на 1400 милијарди рубли, а за таа сума биле издадени ваучери. Реалната пазарна вредност на акциите што можеле да се добијат во замена за ваучер, зависело од самата компанијата. На пример, во Нижни Новгород за еден ваучер можеле да се разменат 2.000 акции на "Гаспром" во 1994 година (нивната пазарна вредност во 2008 година изнесувала 700.000), во регионот Москва - 700 акции на Газпром (во 2008 година - За 245.000 рубли) итн.

Според тогашниот министер за економија, Андреј Нечаев:

Вистинската вредност на самиот ваучер зависи од конкретната ситуација односно од приватизацијата во одредено претпријатие. Некаде за ваучерот може да се добијат 3 акции, но некаде - 300.

Најмногу придобивки од ваквиот вид на приватизација дала на т.н. црвени директори, односно старите директори на компаниите од советската ера. Во најголем број од случаите, со користење на административен притисок, директорите станувале сопственици на реорганизираните компании.

Во многу случаи, најголемиот дел од акциите во рацете на трудот колективи, со користење на административните притисок, директорот може да се постигне саканиот резултатите од гласањето на акционерите средби, а потоа откупи често и споделување на работниците од претпријатија, да стане полноправна членка на сопствениците. Идеолозите на овој вид на приватизавија постојано изјавувале во подоцнешните години декаref name="Mau"></ref>[4][7] испораката на ваучери во почетокот имала за цел да ги ограничи т.н. црвени директори, но сепак ова не се случило главно поради корумпираноста на властите.

Најголемиот дел од населението не знаеле што да направат со своите ваучери, па тие започнале да ги продаваат. Цената на ваучерите започнала да опаѓа, паѓајќи на 3-4000 рубли од мај 1993 година. во тој период биле создадени и инвестициски фондови кој нудиле размена на ваучери за акции на различни компании.

Заеми за акции[уреди | уреди извор]

Заемот за акции бил спроведен во 1995 година за надополнување на државната благајна. Преку овој вид на приватизација, владата планирала добивање на заеми. Според повеќето експерти, овој вид на заеми за акции предизвикала депресивни цени на самите акции. Во многу случаи, конкуренцијата на аукцијата се состоела од една иста личност кој учествува со повеќе компании.

Во овој период најмногу се збогатиле т.н. руски олигарси: Борис Березовски, Михаил Ходорковски и Роман Абрамович.

Дата Претпријатие Доля, % Средства,
добиено
во износ од ,
млн. долл.
победник на аукција
17 ноември 1995 Нориљски никел 51 170,1 ОНЕКСИМ Банк
8 декември 1995 Јукос 45 159 ЗАО «Лагуна» (де факто банка МЕНАТЕП)
7 декември 1995 ЛУКОИЛ 5 141 Лукоил Империјал
7 декември 1995 Сиданко (ТНК-BP) 51 130 Банка МФК (де факто групацијаи «Алфа-груп»)
28 декември 1995 Сибнефт 51 100,3 ЗАО «Нафтена финансова компанија»
28 декември 1995 Сургутнефтегаз 40,12 88,9 НПФ «Сургутнефтегаз» (гарант — ОНЭКСИМбанк)
7 декември 1995 Новолипески металуршки комбинат 14,87 31 Банка МФК (де факто — «Ренесанс Капитал»)
11 декември 1995 Новосибирска морска (Новошип) 20 22,65 Новороссийское морское пароходство (Новошип)
28 декември 1995 АО «Нафта-Москва» 15 20,01 ЗАО «НафтаФин»
17 декември 1995 АО «Мечел» 15 13 ТОО «Рабиком»
17 ноември 1995 Северозападное речное пароходство 25,5 6,05 Банка МФК
7 декември 1995 Мурманское морское пароходство 23,5 4,125 ЗАО «Стратег» (банка МЕНАТЕП)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Holmstrom, Nancy; Richard Smith (February 2000). „The Necessity of Gangster Capitalism: Primitive Accumulation in Russia and China“. Monthly Review (англиски). Monthly Review Foundation. 51 (09).
  2. "katastroika" definition from Double-Tongued Dictionary
  3. Milne, Seumas (16 August 2001). „Catastroika has not only been a disaster for Russia“ (англиски). The Guardian. Посетено на 17 September 2011.
  4. 4,0 4,1 Arkady Ostrovsky. Father to the Oligarchs Архивирано на 5 јули 2012 г. // The Financial Times, November 13 2004 (перевод inopressa.ru: Отец олигархов) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „ft2004“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. Экономические обзоры Организации экономического сотрудничества и развития (ОЭСР). «Российская Федерация». М. 1995. С. 54.
  6. «О собственности в РСФСР» от 24/12/1990
  7. Е. Т. Гайдар, Дни поражений и побед