Прејди на содржината

Пржено пилешко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пржено пилешко
Clockwise from top left: A fried chicken breast, wing, thigh, and leg
Правецпредјадење
Земја на потеклоСАД
Регион или државаКујна на САД
Температура на послужувањетопло или ладно
Главни состојкиПилешко, тесто или брашно
Слични јадењаШницла
Cookbook: Пржено пилешко на Викикниги 

Прженото пилешко, исто така наречено јужно пржено пилешко, е јадење кое се состои од парчиња пилешко премачкани со зачинето брашно или тесто и пржени во тава, пoхувани или пржени на воздух. Поховањето додава крцкава кора на надворешноста на пилешкото, додека ги задржува соковите во месото.

Првото јадење за кое се знае дека било пржено во масло биле пржените лепчиња, кои биле популарни во Европa, во среден век. Сепак, Шкотланѓаните биле првите за кои е забележано дека го пржеле пилешкото во масло со презла и зачини, што било потврдено од рецепт во готварска книга од 1747 година од Хана Глас и запис во дневник од 1773 година во кој се опишувало прженото пилешко на островот Скај. Првиот познат рецепт во САД не ги содржел зачините што биле во претходниот шкотски рецепт. Постоела англиска готварска книга од 1736 година во која се споменувало прженото пилешко, „Dictionarium Domesticum“ од Нејтан Бејли, каде што се нарекува „маринада од кокошки“. Во меѓувреме, во доцните години, многу западноафрикански народи имале традиции на зачинето пржено пилешко.

Здравствени ефекти

[уреди | уреди извор]

Перспективна кохортна студија од 2019 година на жени во постменопауза покажала дека консумирањето на најмалку една порција пржено пилешко неделно во споредба со воопшто не консумирање е поврзано со зголемување од 13% на ризикот од смртност како и со зголемување од 12% на ризикот од кардиоваскуларна смртност. [1]

  1. „Association of fried food consumption with all cause, cardiovascular, and cancer mortality: prospective cohort study“. BMJ. 364. January 2019. doi:10.1136/bmj.k5420. PMC 6342269. PMID 30674467.