Прејди на содржината

Прженици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прженици
Прженици со овчо сирење
Дел од оброкотглавен (појадок)
Место на потеклоМакедонија
Температура на послужувањетопло
Главни состојкилеб, јајца
Варијантисолени и слатки

Прженици или пржени лепчиња — популарно јадење што се прави од леб и јајца. Најчесто се служи за појадок. Името на ова јадење варира низ целиот свет.[1]

Во многу земји во светот е познат под различни имиња. Во Англија, пржениците се познати како eggy bread (леб со јајца), во Шпанија torrijas, во Франција се јавува како pain perdu (стар леб), и во Северна Америка како french toast (француски тост).

Во европските земји пржениците најчесто се прават од бајат леб, јајца, малку млеко и сол. Во зависност од вкусот, може да се послужат благи, со шеќер или џем, или солени, со сирење или павлака.

Потеклото на рецептот е непознато, иако одредена верзија се појавува во римски готвач од 1 век, честопати му се припишува на Апикиј. Во него пишува да се натопи бајат леб во млеко и да се пржи за да се реши проблемот со вкусот на бајатост. Друг рецепт се појавува во средниот век под името . Во него лебот се натопува во млеко, се пржи на масло, се мака во мед и се служи. Слични варијанти на ова јадење се појавуваат во различни средновековни држави.

Лебот (обично се користи постар леб) се сечка на кришки, се матат јајцата во сад, се посолуваат и се додава малку млеко. Парчињата леб се потопуваат во смесата од јајца и млеко, а потоа се пржат во врело масло или путер додека не поруменат од двете страни.

Со додавање на ситно сечкан лук или кромид во маслото се подобрува вкусот на солените прженици, додека за благите прженици се препорачува додавање на цимет или шеќер во прав во млекото.

Во Македонија пржениците најчесто се служат солени: со сирење, со путер, со павлака, со кајмак, со јогурт.... Исто така се служат слатки со џем, шеќер во прав, чоколадо или сладок сируп.

Прженици во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Кинематографија

[уреди | уреди извор]

Во филмот од 1979 година Крамер против Крамер. Во 1990 година, пржениците биле користени како симбол на складен семеен живот, кој бил разбиен од стварноста на разводот на бракот. Во една од сцените во филмот, веднаш по ненадејното заминување на неговата сопруга, Тед Крамер за првпат се соочува со целосната одговорност да подигне мало дете, во неговиот конкретен случај неговиот седумгодишен син Били. Имено, првото утро во отсуство на мајка му и сопругата, на Тед му го претставува првиот предизвик, во кој Тед драматично не успева да ја исполни едноставната желба на синот – прженици за појадок.

  1. „Gypsy Toast Recipe - Thanksgiving.Food.com“. web.archive.org. 2014-11-29. Архивирано од изворникот на 29. 11. 2014. Посетено на 2022-02-13. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)