Претседател на Црна Гора
| Престедател на Црна Гора
Predsjednik Crne Gore Предсједник Црне Горе | |
|---|---|
Симбол на престедателот на Црна Гора | |
| Седиште | Сина палата, Цетиње |
| Мандат | Пет години, без право на реизбор |
| Основачки документ | Устав на Црна Гора (2007) |
| Прв функционер | Филип Вујановиќ[1] |
| Создадена | 15 ноември 1943 3 јуни 2006 (тековна форма) |
| Плата | 33,440 $ годишно[2] |
| Мреж. место | predsjednik.me |
Претседател на Црна Гора (црногорски: Predsjednik Crne Gore/Предсједник Црне Горе) — шеф на државата Црна Гора. Актуелен претседател е Јаков Милатовиќ од 20 мај 2023 година. Официјалната резиденција на претседателот е Сината палата во Цетиње.
Претседателот е уставно ограничен на единствен мандат од пет години откако ќе биде избран, и апсолутно му е забрането да се кандидира за реизбор, дури и за непоследователен мандат. Кандидатот мора да биде државјанин на Црна Гора и да живеел таму најмалку десет од претходните петнаесет години.[3]
Мандат
[уреди | уреди извор]Според Уставот на Црна Гора, член 97:
- Претседателот на Црна Гора се избира за период од пет години.
- Едно лице може да биде избрано за претседател на Црна Гора само еднаш.
- Претседателот на Црна Гора ја презема должноста на денот на полагањето на заклетва пред пратениците.
- Доколку мандатот на претседателот истече за време на воена или вонредна состојба, мандатот се продолжува за најмногу 90 дена по завршувањето на околностите што ја предизвикале состојбата.
- Претседателот на Црна Гора не може да врши никаква друга јавна должност.
Должности
[уреди | уреди извор]

Според Уставот на Црна Гора, член 95, претседателот на Црна Гора:
- Ја претставува Црна Гора во земјата и во странство;
- Командува над Армијата врз основа на одлуките на Советот за одбрана и безбедност;
- Прогласува закони со уредба;
- Повикува за избори на Парламентот;
- Му предлага на Собранието: кандидат за премиер, по консултации со претставниците на политичките партии застапени во Собранието; претседател и судии на Уставниот суд; заштитник на човековите права и слободи;
- Именува и отповикува амбасадори и шефови на други дипломатски претставништва на Црна Гора во странство, по предлог на Владата и по добиено мислење од собраниската комисија надлежна за меѓународни односи;
- Прифаќа писма за акредитација и отповикување на странските дипломати;
- Наградува медали и почести на Црна Гора;
- Доделува амнестија;
- Врши и други работи утврдени со Устав или закон.
Улога
[уреди | уреди извор]Според Уставот на Црна Гора, член 99, во случај на престанок на мандатот на претседателот на Црна Гора до изборот на новиот претседател, како и во случај на привремена спреченост на претседателот да ја врши својата должност, оваа должност ја извршува претседателот на Парламентот на Црна Гора.
Прогласување закони
[уреди | уреди извор]Според Уставот на Црна Гора, член 94, претседателот на Црна Гора го прогласува законот во рок од седум дена од денот на донесувањето на законот, односно во рок од три дена ако законот е донесен по брза постапка или ќе го врати законот во Собранието на нова постапка за одлучување. Претседателот на Црна Гора го прогласува повторно усвоениот закон.
Симболи
[уреди | уреди извор]- Претседателскиот симбол на копно.
- Претседателскиот симбол во воздух.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ https://www.skupstina.me/me/predsjednici/filip-vujanovic
- ↑ „Infographic: What are the Monthly Salaries of Presidents in the Region – Sarajevo Times“. Sarajevo Times. 25 February 2018.
- ↑ „Crna Gora dobila novi Ustav“ (Montenegrin). Antena M. 2007-10-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Претседател на Црна Гора Архивирано на 11 август 2013 г.