Претседател на Непал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Претседател на Сојузна Демократска Република Непал
Функционер
Бидја Деви Бандари

од 29 октомври 2015 г.
ЗвањеУважениот/Уважената
СедиштеШитал Нивас
Назначувачпосреден избор
Мандат5 години
Прв функционерРам Баран Јадав
Создадена28 мај 2008; пред 15 години (2008-05-28)
ЗаменикПотпретседател на Непал
Плата1.09.410 рупии месечно[1]
Мреж. местоpresidentofnepal.gov.np

Претседател на Сојузна Демократска Република Непал (непалски: राष्ट्रपति, растрапати) — шеф на државата Непал. Функцијата е создадена по укинувеањето на кралството и прогласување на република во 2008 г. Тековен претседател на државата е Бидја Деви Бандари, избрана во октомври 2015 г. и прва жена на чело на државата. Звањето на претседателот е „Уважениот“ или „Уважената“ (सम्माननीय, самананија).

Историја[уреди | уреди извор]

Со усвојувањето на привремениот устав во јануари 2007 г., одземени се сите права и надлежности на кралот, по што Уставотворното собрание се состанало да реши дали да ја задржи монархијата или да прогласи република. Во текот на овој меѓупериод, тогашниот премиер Гириџа Прасад Коирала бил вршител на должноста шеф на државата. На 28 мај 2008 г. собранието го усвоило предлогот за укинување на монархијата, па во јули 2008 г. е изгласан првиот официјален претседател — Рам Баран Јадав.

Претседатели на Непал (2008–)[уреди | уреди извор]

Бр. Слика Име и презиме Мандат Партија
Стапил Напуштил Денови
Гириџа Прасад Коирала
вршител на должноста
(1925–2010)
15 јануари 2007 23 јули 2008 740 Непалски конгрес
1 Рам Баран Јадав
(1948–)
23 јули 2008 29 октомври 2015 2654 Непалски конгрес
2 Бидја Деби Бандари
(1961–)
29 октомври 2015 3096 КПН-ОМЛ

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Salary of President“. Naya Patrika. 17 July 2013. Архивирано од изворникот на 2013-07-17. Посетено на 17 July 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]